СОНК и МОН на иста страна за наставниците, на различна за штрајкот

Стартот на новата учебна 2019/2020 година за 260 илјади средношколци и основци, меѓу кои 20 000 првачиња, е доведен во прашање од СОНК.

Ако почетокот на второто полугодие во јануари беше неизвесен поради ширењето на малите сипаници или загадениот воздух во големите градови, стартот на новата учебна 2019/2020 година за 260 илјади средношколци и основци, меѓу кои 20 000 првачиња, е доведен во прашање од СОНК.

Синдикатот за образование, наука и култура вчера соопшти дека ја активира одлуката донесена на 23 август да организира предупредувачки штрајк на првиот училишен ден (2 септември) и наставата да почне наредниот ден (вторник) зашто во изминатата недела со МОН не постигнале заемно прифатливо решение околу платите на наставниците.

СОНК: Платите на наставниците да се усогласат со минималната плата

СОНК не се согласува со 5 отсто покачување на платите, кои наставниците ќе ги добијат со платата за септември, и бара да бидат повисоки за онолку проценти за колку што е зголемена минималната плата во државата, односно до 25 отсто. СОНК очекува преговори со МОН до крајот на месецов за да се усогласат, а ако нема напредок можно е да организира генерален штрајк.

-Нашиот синдикат ќе штрајкува. Нашите членови и сите други кои не се наши членови, а сакаат да се приклучат кон штрајкот, ќе бидат во штрајк. Тоа значи дека ќе одат на работа, ќе бидат во просторија одредена за штрајк, но нема да ги извршуваат воспитно-образовните обврски и нема да ги прифаќаат учениците дојдени на училиште, рече Неделков, додавајќи дека не е нивна надлежност да укажуваат или апелираат до родителите дали да ги пуштат децата на училиште. Но која е причината, рече, да ги пратат на училиште кога ќе нема кој да ги прифати. Додаде и дека СОНК нема да биде одговорен за евентуални последици по здравјето и безбедноста на учениците што ќе дојдат на настава.

Ресорниот министер Арбер Адеми, пак, ги повика директорите и наставниците да се подготват за денешниот прв училишен ден, затоа што, како што рече, едукацијата на учениците не треба да има застој, а особено не треба да се дозволи разочарување на првачињата кои првпат ќе седнат во училишните клупи.

На прес-конференција тој порача дека ќе продолжи дијалогот со СОНК за заедно да ги дефинираат сите идни системски мерки за подобар квалитет на наставата и материјалниот статус на наставниците. Притоа нагласи дека МОН е на страна на образовната дејност и на наставниците, а доказ за тоа, рече, е што за 10,8 отсто е повисока нивната плата во септември 2019 во однос на август 2018 година, со двете покачувања од по 5 отсто лани и оваа година во септември.

-Со СОНК сме на иста страна кога се рабиоти за материјалниот статус на наставниците за кои предвидовме и кариерен развој и унапредувања со новиот Закон за наставници и стручни соработници. Но нема причина за организирање штрајк. Го почитуваме правото на штрајк, но наше е да апелираме дека нема потреба. Штрајк се организира во услови кога нема решение. Ние нудиме и имаме решение и одлука за повисока плата, рече Адеми, додавајќи дека откако ќе се разгледаат сите параметри во Буџетот ќе се знае и за можностите за идно покачување на платите.

Заев: Не разочарувајте ги учениците на првиот училишен ден

Најавата на СОНК за штрајк беше и во дискусиите на опозициските пратеници на собраниската седница на која викендов беа избрани нови членови на Владата. Тие обвинија за ниски плати во образованието, а премиерот им одговори дека тие се зголемуваат и би биле поголеми доколку владата не морала да враќа долгови. Заев ги повика наставниците да не ги разочаруваат учениците со штрајк на првиот училишен ден кога ќе ги добијат и новите 5 проценти повисока плата.

-Тие се учители на нашите деца и треба да се на настава. Секако, правото на штрајк ќе го почитуваме. Верувам дека овие денови синдикатот ќе продолжи да разговара со министерот за образование, стојам и јас на располагање. Желбата кај нас постои. Сè што можеме ќе направивме. Можевме наместо да плаќаме огромни долгови што ги наследивме, да делиме повисоки плати, истакна Заев.

Во образованието во 2018 година, рече, платите се зголемени за 5 отсто, а од 1 септември 2019 за нови 5 отсто, што, рече, кумулативно е 11 отсто.

-За 11 години немате толку зголемување на платите. Во 2017 затекнавме 20.500 денари плата. Потоа таа стигна 21.600 со покачување и сега со ова зголемување ќе биде 22.800 денари. Продолжуваме и натаму да изнаоѓаме ресурси за зголемување на платите, истакна претседателот на Владата завчера од собраниската говорница.

Новата учебна година со нов Закон за основното образование

Новата 2019/2020 почнува со нов закон за основното образование кој се подготвуваше уште од почетокот на 2018 година, а беше изгласан на 30 јули.

Според предлагачот – Министерството за образование и наука, новиот закон ќе го подобри квалитетот на наставата и воопшто на воспитно-образовниот процес, зашто им дава повеќе можности на учениците особено на тие што се со посебни образовни потреби. Новини во законот има во организирањето на учениците во Заедница на паралелка и Ученички парламент, исхраната на учениците, воведувањето стручни наставници за предметот спорт, елиминација на политичко влијание во училишните одбори, намалување на бројот на ученици во паралелки (од 20 до 30), саботи слободни од обврската да се одработуваат пропуштени наставни денови, кариерен развој на наставниците...

Бројот на часови не се намалува зашто МОН ги слушало препораките на ОЕЦД и УНИЦЕФ чии анализи покажале дека македонските ученици имаат 900 часови помалку или една и пол година помалку образование од нивните врсници во европските земји. Покрај тоа, покажуваат и слаби резултати на меѓународни тестирања.

Меѓу најзначајните новини е инклузијата на учениците со посебни потреби во редовното образование. Законот предвидува нивно целосно вклучување од учебната 2022-2023 година кога посебните училишта повеќе нема да запишуваат ученици и тие установи ќе прераснат во основни училишта со ресурсни центри кои ќе помагаат за спроведување целосна инклузија во редовните училишта./МИА

Напад со нож во автобус во Турција- патниците шокирано го гледаат крвавиот масакр (ВИДЕО)

Страшна сцена е снимена во градски автобус во областа Карамурсел, Турција, а едно лице го загубило животот во напад со нож.

Енес Јигит Тораман (29) починал како последица на убоди со нож додека се возел во јавен превоз, а безбедносните камери од возилото ја снимиле драматичната ситуација.

На 4 јули бил нападнат со нож од Б.А.(39), кој влегол во автобусот на станицата и веднаш го започнал нападот.

Сега се појави видео кое ја прикажува страшниот крвав масакр. Исто така, во моментот на нападот, во автобусот имало десетина патници кои побрзо се упатиле кон излезот кога почувствувале што ќе се случи.

Несреќниот Енес итно бил префрлен во болница, но за жал, немало помош за него и тој починал, пишува ntv.com.

Осомничениот за убиството побегнал во друг автобус, но набрзо бил фатен.

Џорџ и Амал Клуни ги понижија Хари и Меган, а беа на нивната свадба

Кралската венчавка во 2018 година, кога Меган Маркл и принцот Хари го кажаа судбоносното „I do“, беше настан што го следеше целиот свет.

Сепак, се чини дека драмите не се одвивале само во кралското семејство.

Меѓу познатите личности кои дојдоа како гости на нивната прослава беа познатиот актер Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал Клуни. Сите тогаш добија впечаток дека нивното пријателство е, барем, трајно, со оглед на тоа дека се запознале на официјални настани. А тоа некако го „потврдија“ подоцна, на настаните на кои присуствуваа заедно. Но, со текот на времето почнаа да се шират приказни дека во моментот на венчавката овие парови не се ни познавале и дека тоа е нивната прва средба, што е малку чудно.

Месеци подоцна се чинеше дека се во добри односи, но како што минуваа годините се забележуваше и дека нивната врска се лади.

Неодамна, семејството Клуни организираше „The Albis“, забава посветена на филантропската работа што ја работат долги години. На листата на гости се најдоа најпознатите светски фаци, од актери до пејачи и водители, но се чини дека изостанаа некои имиња. Во исто време, принцот Хари го посети Њујорк на своето соло патување, каде што се одржа забавата.

Сепак, Клуни, кои го знаеле ова, не го поканиле принцот да дојде. Ова е втор настан по ред што Клуни го организираат без да ја поканат кралската двојка. Минатата година, Хари и Меган изјавија дека биле прилично изненадени во тоа време што биле изоставени, рекоа тогашните извори.

Но, што се однесува до овогодинешната забава, Хари, кој лесно можеше да дојде бидејќи беше на истото место каде се одржуваше забавата, се чувствувал понижен поради тоа, како што објавиле упатени блиски до кралската двојка.

„Од сите критики со кои мораа да се соочат откако се преселиле во Холивуд, ова е веројатно најголемото понижување за Хари и Меган“, изјавил инсајдер за Radar Online.

Со оглед на тоа што е познато дека Хари има желба да си ја врати репутацијата, со или без Меган, овој настан можеше да му го обезбеди токму тоа.

Позната е причината за смртта на фудбалерот на Панатенаикос, чие тело било во домот во Атина

Грчката полиција официјално ја потврди причината за смртта на фудбалерот на Панатинаикос Џорџ Балдок, кој вчера вечерта бил пронајден мртов во својот дом во Атина.

Како што се сомневаат, причина за смртта на грчкиот репрезентативец е давење. Според извори на „Њуз247“, обдукцијата била завршена околу пладне на Одделот за судска медицина на Универзитетот во Атина, додека за неколку дена се очекуваат токсиколошки наоди.

Обдукцијата во целост ја потврдила сликата што ја направил лекарскиот вештак. Кога полицајците го пронашле Болдок и го превртеле неговото тело, од устата му излегувала вода - честа појава при давење. Тој голтал вода додека бил жив и таа вода му влегла во белите дробови.

Неговото тело немало траги, рани или модринки кои би укажувале на какво било кривично дело. До базенот било пронајдено полуполно шише вотка и чаши, кои се испратени во форензички лаборатории.

Да потсетиме, Болдок бил пронајден мртов вчера вечерта во 22 часот и 30 минути, додека истрагата покажала дека тој починал меѓу 19 и 20 часот.

притисни ентер