Неделен хороскоп од 2. до 9. септември 2019 година

Неделен хороскоп за периодот од понеделник , 2. септември до 9. септември 2019 година. 

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Деновиве ќе имате добри можности кога станува збор за љубовта . Многу врати ќе ви се отворат полесно од вообичаено , ќе бидете повикувани на интересни дружби и на уште поинтересни места. Доколку сте сами , прифатете ги поканите и измешајте се со луѓето.

Кариера

Новата енергија што интензивно ја чувствувате , ќе ве поттикне и на нови деловни потфати. Ќе бидете вешти , контруктивни, отворени и жедни за предизвици. Лесно ќе се поврзувате со другите , а особено со оние кои не работат во исто место со вас.

Здравје и совет

Уживајте во животот.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Првите неколку дена од оваа недела ќе мора да издржите понекоја нервоза , а потоа веќе состојбата ќе се реши. Ќе станете посилни и имуни , па така и полесно ќе влегувате во партнерства. Некои ваши љубовни очекувања би можела делумно да бидат исполнети.

Кариера

Нема да занемарите ниту еден детал . Вашата прецизнот ќе биде пофалена. Деновиве ќе имате можност да покажете колку сте оригинални. Инвентивноста нема да ве разбуди само кај вас , туку и кај вашите колеги. Ќе размислувате за нов стил на работење.

Здравје и совет

Бидете подруштвени.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Комуникативноста и отвореноста ќе бидат ваши адути за заведување на лица од спротивниот пол. Понекогаш ќе бидете недостижни за другите. Сепак , предадете му се на оној кого го сакате , а најмногу затоа подоцна да не зажалите.

Кариера

Се повеќе ќе се интересирате за новините во вашата професија . Некои ќе се поврзат со луѓето , кои се на чекор до интересни откритија , со кои може да се сменат работите. Ова ќе биде вашата мотивациска фаза , на која тешко ѓе и одолеете. Ги впивате информациите.

Здравје и совет

Повеќе време престојувајте на воздух.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Добар развој на љубовните случувања што не сте ги очекувале ,ќе ве охрабри за да организирате на некое интереснио место за себе и за саканата личност. Тоа ќе биде уживање како за вас , така и за другата страна. Оние кои сеуште се сами, ќе сретнат љубов на патување.

Кариера

Вашите надредени деновиве би можеле да одиграт важна улога во вашето напредување. Веројатно ќе решаваат за нешто што ќе има влијание токму на вас. Можно е да добиете шанса за напредување. Потрудете се и бидете професионални.

Здравје и совет

Игнорирајте ги ситниците и приговорите.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Доколку и натаму сте сами , ќе бидете активни во барање на вашата сродна душа. Нема да вибиде тешко да заминете и на крајот на светот за да го најдете она што го барате. Оние кои веќе се во врска, ќе ја изненадуваат саканата личност со предлози полни со активност и динамика.

Кариера

Како што ќе минува неделата , ќе станува се појасно дека вие имате способности и стручност што се бара од вас. Многумина ќе покажат кон вас и ќе кажат дека вие сте токму личноста што треба да се ангажира. Но , до тој ангажман нема да дојде лесно , зашто ќе треба да соработувате.

Здравје и совет

Бидете тактични.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе ви се чини дека не е вистинско време за љубов . Ќе бидете во право, но овие денови може да ви донесат нешто повеќе доколку ги дефинирате вашите љубовни очекувања. Затоа фокусирајте се на себеси и направете една внатрешна анализа. Преиспитајте се малку подлабоко.

Кариера

Како што ќе минува неделата, се повеќе ќе сакате одмор , па дури и ќе заминете на годишен одмор. Оние кои нема да можат да заминат, веројартно ќе мора да се ангажираат околу некои заостанати должности , за кои мислеле дека одамна се завршени. Тоа малку ќе ги изнервира.

Здравје и совет

Вежбајте концентрација.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Веројатнио малку ќе заборавите на љубовта или на барањата на другата страна. Таа нема добро да ве разбере , но не се обидувајте да објасните како се чувствувате. Најмногу затоа што ова е само преодна фаза. Бидете мирни и најдете начин да се прилагодите.

Кариера

Пред вас е добра шанса за развој на кариерата или за усовршување во професијата. Без оглед на надворешните околности , прифатете го она што ви се нуди и тргнете во освојување на нови искуства. Ќе си ги пропширите хоризантите , а и нешто ќе заработите.

Здравје и совет

Малку намалете со спортувањето.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Ќе ви изгледа како љубовта да е се подалеку , наместо обратно. Тоа ќе ве изнервира и ќе ве растажи. Треба да разберете дека не е се во вашите раце , туку и дека и другата страна има свои права. Никој не сака да биде искористуван , па така ни вашиот љубовен партнер.

Кариера

Некои ќе се свртат кон непознатото и тајното. Други ќе настојуваат што повеќе да им помогнат на оние кои учат или сега почнуваат да работат. Трети ќе бараат место за работа некаде сосема далеку , па дури и на друг континент.

Здравје и совет

На крајот , секогаш подобро поминуваат оние кои се искрени.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ослободете се од преголемите љубовни очекувања , зашто сега е подобро да се биде реалист отколку идеалист. надминете го искушението за надмудрување. Бидете што е можно повеќе толерантни и духовити. Доколку партнерот ве испровоцира, не го земајте тоа толку при срце. Тоа е минливо.

Кариера

Брзината со која ќе делувате на работното место ќе биде преголема за да може да ве следат. Тоа е последица на вашиот талент однапред да видите каде треба да се интервенира , па не губите време. Сепак, нешто треба да им објасните и на соработниците.

Здравје и совет

Отворете си ги добро очите.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Ве очекува добар ветар во грбот , кога станува збор за љубовта. Ќе ви се чини како сите погледи да се свртени кон вас. Ќе излегувате со задоволство и ќе се покажувате пред другите. Оние во врска , ќе бидат многу расположени за нежности. Некои заедно ќе патуваат или ќе настапуваат во јавност.

Кариера

Вашите деловни интереси полека се пренасочуваат кон истражувања. Она што сте го постигнале , се гледа , но сега на дневен ред доаѓаат некои неиспитани и скриени работи. Некои ќе се обидат да ги достигнат своите сништа преку сосема необичен пат.

Здравје и совет

Поврзете се подобро со луѓето.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Повремено ќе почувствувате мали незадоволства или преодни препреки во љубовта. Издржете ,а најмногу затоа што со трепението ќе увидите колкава сила имате и колкава ви е љубовта.Се ќе се стопи со време самото од себе, а ќе останат само добрините.

Кариера

Кога ви се чини дека сите ги губат илузиите , вие ќе бидете доволно луди да не подлегнете. Тоа овие денови ќе го покажете и докажете. Држете се до она што сте го замислиле и спроведете го во дело без скршнување од патот. Вашите идеи се одлични и ќе донесат резултати.

Здравје и совет

Можете добро да се забавувате.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Поголемиот дел од неделата ќе го минете во интересни друштва , што навистина ќе ве освежи. Грижите и нервозите од другите подрачја на животот , лесно ќе ги надминувате заедно преку хумор и шеги. Оние кои и натаму се сами , ќе бидат отворени за нови луѓе што ќе бидат со задоволство прифатени.

Кариера

Ќе се покаже дека вашите потези довеле до нови деловни можности. Тоа ќе ви ја зголеми самодовербата , па ќе работите посветено и ќе правите похрабри потези. Некои во дејностите поврзани со недвижности ќе просперираат над очекувањата.

Здравје и совет

Поработете на кондицијата , теретаната не е далеку.

„Најубава станбена зграда во светот“ се наоѓа во Хрватска

На наградите за архитектура „Биг си“ (Big See), зграда во Кутина, Хрватска, го доби престижното признание „Најубава станбена зграда во светот“ - од сите регистрирани во 2024 година.

Објектот е изграден во 2021 година, а вкупната негова квадратура е 1.969 квадратни метри. Главен белег на поголемите апартмани се кујните на предната страна, коишто може да се користат како трпезарии. Становите се прилично светли и имаат нетипично богат просторен стандард за современото домување, се наведува во описот.

Приземјето е малку повисоко од станбените катови и е целосно застаклено, поделено со врати, што му дава достоинство на јавен простор. На истото приземје, има и пекара и кафуле споени едно до друго.

Фото: БИГ СИ

Во Баварија уапсени двајца руски шпиони

Федералните обвинители уапсија вчера двајца осомничени руски шпиони во Баварија под сомнение дека шпионирале и планирале напади врз воени цели за да ја поткопаат поддршката за Украина, пишува денеска „Еурактив“.

Двајцата мажи се осомничени дека работеле за странска разузнавачка служба во „особено тежок случај“, соопшти обвинителството. Едниот е обвинет и за планирање на напади, пред се против воена инфраструктура и индустриски капацитети во Германија.

- Нашите безбедносни власти спречија можни експлозивни напади за да ја поткопаат нашата воена помош за Украина. Ова е сериозен случај на сомнителна активност на агент на криминалниот режим на Путин, изјави за новинарите министерката за внатрешни работи Ненси Фезер.

Според обвинителството, главниот обвинет бил во контакт со лице поврзано со руската тајна служба од октомври 2023 година.

Двајцата мажи, исто така, се вели дека извидувале неколку потенцијални цели, вклучително и американски бази, каде што собирале информации поврзани со нападот. /МИА

Словенија: Покрај изборите за ЕП на 9 јуни, можно е да се одржат и три референдум

Надлежните комисии на Државниот збор (Парламентот) на Словенија треба да одлучат дали на денот на изборите за Европскиот парламент во Словенија, 9 јуни, ќе се одржат истовремено три референдуми.

Но, не постои единство во владејачката коалиција за ваквиот предлог. Претставниците на Движењето за слобода се „за“, Левицата е рамнодушна, а Социјалдемократите (СД), Словенечката демократска партија (СДС) и Нова Словенија (НСи) се против.

В петок матичните комисии на Државниот збор ќе подготват уредби за распишување три советодавни референдуми, иако коалицијата се уште не се договорила за датумот на нивното спроведување. Во Движењето за слобода бараат референдуми да се одржат на денот на европските избори.

По процедуралните компликации на вонредната седница на Парламентот во средата, претставниците сепак ги прифатија предлозите за распишување три советодавни референдуми.

Така, гласачите ќе го кажат својот збор на референдумите за регулирање на правото на помош при доброволно завршување на животот, за воведување преференцијално гласање на изборите за Државниот збор и за одгледување, преработка и употреба на канабис.

Датумот на нивното спроведување сè уште не е целосно дефиниран, кој се носи заедно со уредбата за распишување референдум. Иако датумот се уште не е договорен ниту во коалицијата, претставниците веќе в петок во матичните работни тела ќе почнат да ги подготвуваат одлуките за распишување на сите три референдуми.

Во работните материјали за состаноците на матичните комисии на 6 мај се посочува на предлозите за одлуки за распишување на советодавнен референдум и датумот на распишување на референдумот, од кој почнуваат да течат роковите за негово спроведување, а недела, 9 јуни, како ден на гласање./МИА

притисни ентер