Рускоска: Во исказот на Камчев, Заев е споменат само еднаш

Екс извршниот директор на Т-мобиле, Жарко Луковски, чие име се спомена на ауди снимките на „Ла Верита“ денеска дал исказ во Обвинителството.

Зоран Заев во записникот е споменат само еднаш – кога Камчев кажа дека рекетот го пријавил кај премиерот, открива главната обвинителка за случајот „Рекет“, Вилма Рускоска, прашана за содржината на исказот, кој Орце Камчев го дал во Обвинителството за организиран криминал. Првата страница од исказот пред четири дена протече во јавноста, а дел од медиумите пренесоа дека во останатиот дел од записникот се споменува дека и Заев бил инволвиран во случајот. Сепак, Рускоска ваквите пишувања ги оцени како дезинформации.

Таа претходно нагласи дека првата страница која протече во јавноста е веродостојна, а денеска потврди дека продолжува да се трага по лицето кое го лиферувало документот. Исклучена е можноста тоа да е токму Камчев.

За медиумите и новинарите кои го пренесоа нецелосниот дел од исказот на Камчев, а во текстот споменуваа имиња на политичари, тужби најавија премиерот Зоран Заев, министрите Радмила Шекеринска и Никола Димитров, како и пратеничката Фросина Ременски. Сепак, досега тужби не се поднесени. Новинарските здруженија побараа медиумите да ги почитуваат професионалните стандарди, а политичарите да се воздржат од тужби.

,,Согласно законските прописи, од порталите и лицата кои ширеа дезинформации ќе биде побарано да се извинат. Доколку согласно закон не го сторат тоа, следуваат правни дејства против овие лица и портали за клевета и навреда.

Рускоска откри и дека активно се работи на истрагата за „Рекет“. Според нејзината проценка не е вистински момент за првоосомничениот, Боки 13, да биде повикан на распит, а откри и дека Обвинителството веќе има одговори и за најголемата енигма – каде завршил дел од парите од торбата Луј Витон.

Токму од причина да се придобијат дополнителни сознанија, вчера одново бил сослушан Орце Камчев, а денеска, во својство на сведок, тоа го стори и екс-директорот на Телеком, Жарко Луковски. Неговото име беше споменато во аудио-разговорите што ги објави „Ла Верита“, а воедно е меѓу осомничените во случајот на СЈО – „Базни станици“, кој го води обвинителката Лиле Стефанова.

Фото: Порно актерката Рене му се враќа на спортот,но не го заборава ниту филмот!!

Порно актерката Рене Грејси во минатото се откажала од својата спортска кариера од материјални причини ии , и се посветила на индустријата за филмови за возрасни.

Но, сега кај Рене најверојатно се враќа спортскиот дух и откако веќе е метеријално обезбедено, благодарејќи и на „работата“ пред камерата атрактивната актерка повторно му се посевтува на спортот.

Провокативната Австралијка некогаш била перспективна натпреварувачка во В8 натпреварувањето на суперавтомобили. Но, од спортот се откажала поради преголемите трошкови и неможноста да си обезбеди егзистенција.

-Сега кога сум финансиски обезбедена можам да им се вратам на трките. Без грижа може да се тркам без да зависам од спонзорите ако нешто му се случи на мојот автомобил. Имам свој буџет, изјавила Рене.

На прашањето дали ќе остане во порноиндустријата ако му се врати на спортот атрактивната рене истакнала:

Секако дека нема да престанам со снимање, тоа ми носи одлична заработка.

Според некој наводи Грејс неделно од снимање на филмови за возрасни заработува по околу 20 000 долари.

Видео: Карлеуша во ленти!!

Српската пејачка Јелена Карлеуша повторно ги воодушеви фановите на социјалните мрежи.

Популарната Карли на радост на фановите одлучила да се снима полугола, а во преден план да ги истекне бујните гради и задникот, и видеото да го објави на Инстаграм.

Карлеуша на себе има интересен костим за капење , ленти преку градите и интимните делови од телото.

Pretty in @prettylittlething ✌🏻

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar) on

Откако атрактивната пејачка ја среди линијата скоро до совршенство сега нема проблеми во секоја објава да го истакнува своето тело.

Инцидент кај старата градска болница во Скопје, интервенирала и полицијата

Инцидентот настанал поради претходно настаната сообраќајна незгода во која било прегазено дете.

Во близина на болницата за хируршки болести Св. Наум Охридски во Скопје вечерва дошло до нарушување на јавниот ред и мир од страна на членови на семејства при претходно случена сообраќајна незгода во која според првичните сознанија било удрено дете, изјавија за МИА од Министерството за внатрешни работи.

Екипи на МВР се излезени на лице место на увид со цел утврдување детали за настанот./МИА

притисни ентер