Соработка за унапредување на претприемничкото образование во средните училишта

Основната идеја на активностите кои ги предвидува проектот е дека претприемничкиот дух ја гради иднината, а образованието и наставниците се тие што треба да го поттикнат и овозможат развојот на претприемничките способности кај младите.

Меморандум за соработка денеска потпишаа Министерството за образование и наука со Здружението Џуниор Ачивмент Македонија, Бирото за развој на образованието и Центарот за стручно образование и обука, кои заедно со поддршка од Канцеларијата на УСАИД во Република Македонија, интензивно, преку низа активности ќе работат на развојот на претприемничките способности кај младите, кои по завршувањето на образовниот процес ќе бидат добро подготвени за понатамошна образовна надградба или за настап на пазарот на трудот со што ќе дадат свој значителен придонес кон севкупниот општествено – економски развој на земјата.

Основната идеја на активностите кои ги предвидува проектот е дека претприемничкиот дух ја гради иднината, а образованието и наставниците се тие што треба да го поттикнат и овозможат развојот на претприемничките способности кај младите.

Меморандумот предвидува вклученост на претставниците од образовните институции на меѓународни настани, панел дискусии и работилници организирани од Џуниор Ачивмент низ цела Европа, со што, соопшти денеска Министерството за образование и наука, на учесниците ќе им се овозможи да ги прошират границите на разменети знаења и запознавање со актуелните трендови во областа на претприемникото учење и пренесување на истите во нашите училишта и на нашите ученици.

Голем придонес кон креирањето нови вештини и знаења за наставниците и учениците, се посочува, ќе дадат и сертифицираните обуки, кампови на иновации и натпревари на ученици кои исто така се предвидени со меморандумот, а ќе ги реализираат неговите потписници.

Со потпишувањето на овој документ, посочуваат од Министерството за образование и наука, институциите покажуваат дека градењето претриемничка нација не е краткотраен процес, туку процес кој континуирано трае и во кој треба постојано да се вложува

– Продолжува меѓуинституционалната и меѓуорганизациска соработка за поддршка и јакнење на претприемничкото образование во средните училишта во земјата, со цел создавање мотивирана младина за иницирање и реализација на сопствени бизнис идеи, кои ќе бидат долгорочни успешни приказни благодарение на стекнатите вештини за лидерство, тимска работа, организирање, презентирање, планирање и финансиско работење за време на средното образование, се подвлекува во соопштението од Министерство за образование и наука.

МААЕ: Техеарн не дозволува снимање на иранските нуклеарни постројки

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти дека Техеран не ги исполнил во целост условите од двонеделниот договор што ќе им овозможи на инспекторите на МААЕ да снимаат и да ги следат иранските нуклеарни постројки.

– Директорот на МААЕ, Рафаел Гроси истакна дека одлуката на Техеран да не и дозволи на Агенцијата пристап до центрифугата TEСA Kaрaџ е спротивна на договорените услови објавени во заедничкото соопштение на 12 септември, соопшти МААЕ. Со Договорот од 12 септември, Иран се согласи да и дозволи на МААЕ да ги сервисира камерите што ги користат инспекторите на Агенцијата за снимање на иранските нуклеарни постројки. Беше предвидено инспекторите на МААЕ да ги заменат мемориските картички на камерите, но и тие да се чуваат во Иран.

– Иран им дозволи на инспекторите да сервисираат камери на сите локации во Иран помеѓу 20 и 22 септември, со исклучок на комплексот ТЕСА Караџ", додаваат од МААЕ. Во тој комплекс, во јуни имало „очигледна саботажа во која беа уништени четири камери на МААЕ".

МЗ:Од денеска трета доза вакцина, без закажување термин, на сите вакцинални пунктови

Во текот на минатата седмица, јавните здравствени организации беа информирани дека здравствените работници независно од возраста, може да примаат трета доза вакцина, во кој било од вакциналните пунктови во земјава.

Министерството за здравство информира дека почнувајќи од денеска, со трета доза вакцина може да се вакцинираат, здравствените работници, граѓаните над 60 години, и лицата кои имаат имунокомпромитирана здравствена сстојба, а кај кои има поминато 6 месеци од примената ревакцина. Во текот на минатата седмица, јавните здравствени организации беа информирани дека здравствените работници независно од возраста, може да примаат трета доза вакцина, во кој било од вакциналните пунктови во земјава. Трета доза вакцина може да примат и граѓаните кои се вакцинирале во странство. Тие, задолжително на вакциналните пунктови, претходно ќе мора да приложат валиден документ од примените две дози вакцина, како би биле евидентирани во националниот систем Мој Термин. Трета доза вакцина може да се прими без да се закажува термин, како што е и за првите две дози. Вакцинацијата со трета доза се спроведува на сите вакцинални пунктови во државата, каде во тек е вакцинација и ревакцинација.

Одделение за односи со јавност

Министерство за здравство

Вархеји в среда доаѓа во Скопје

Eврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, во среда ќе отпатува за Скопје, јави дописничката на МИА од Брисел.

Информацијата ја потврдија службите на Европската Комисија.

Програмата на посетата сѐ уште се финализира но извесно е дека тој ќе се сретне со премиерот Зоран Заев.

Вархеји минатата недела беше во Бугарија каде разговараше за надминување на бугарската блокада за почеток на преговорите со Македонија во ЕУ.

Ден пред Вархеји во Скопје ќе биде и претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, таа исто така ќе разговара за спорот со Бугарија и негово надминување.

притисни ентер