Полицаец ја лажел јавноста дека е два пати погоден од снајпер

Властите на Лос Анџелес соопштија дека заменикот шериф , кој тврдел дека два пати е погоден со снајпер , лажел .

Заменикот шериф Ангел Реиноса , кој тврдел дека е погоден , си исекол две дупки во униформата за да изгледаат како да се од куршум , а потоа лажел дека е погоден.Тој учествувал во полициската акција во средата и се јавил за да им каже на колегите дека е погоден.

,,Погоден сум од северната страна на Ланкастер, ме погоди во десното рамо“, рече избезумено Реиноса на радиоврската.

„Кошулата ми е искината на десното рамо. Мислам дека пука со снајпер од прозорецот на станот“, зборувал полицаецот со испаничен глас.

Риноса денеска е ослободен од своите должности и се соочува со кривична пријава.

Ким Кардашијан објави дека има кожна болест на лицето , социјалните мрежи експлодираа (ФОТО)

Старлертата Ким Кардашијан ги запали социјалните мрежи кога на нејзиниот Фејсбук профил објави дека има кожна болест .

Ким покажа како изгледа нејзиното лице без шминка заболено од псоријаза . Веднаш по објавата , на Фејсбук доби 12 000 лајкови , а нејзините фанови и честитаат на искреноста и храброска да се покажа кава што е , без шминка .

Старлетата и бизнисменка откри дека со псоријазата почнала да се бори кога имала 25 години , и дека имала и подобри и полоши моменти во борбата со оваа тешка болест.

Старлетата објави и фотографии , кои се непријатни , но искрени. напиша дека сака со нив да им помогнењ на сите кои имаат псоријаза , да не си го кријат телото и да го прифатат какво што е.

Слеп и аутистичен пејач победи на американскиот ,,Суперталент” , публиката во солзи (ВИДЕО)

Младиот музичар Коди Ли , кој е слеп и има аутизам , победи на американското шоу "America's Got Talent" , а неговито емотивен настап расплака милиони гледачи.

Коди Ли на пијано ја изведе „You Are the Reason“ со пејачката номинирана за Греми, Леона Луис. Вештото свирење на пијано на Ли и силниот вокал ги воодушеви публиката и судиите, вклучително и дури и остриот Симон Кауел.

За време на изведбата на дуото, публиката се занесе, а нивната изведба ги разбуди емоциите и кај бројните корисници на социјалните мрежи откако снимката беше објавена на Интернет.

Младиот пејач го привлече вниманието уште од мајскиот настап ,кога ги крена на нозе сите членови на жирито и доби златно копче, кое му го обезбеди финалето.

Како мексиканскиот милионер си го уби со глисер сопствениот 11 годишен син (ВИДЕО)

Хавиер Бурило е 57- годишен мексикански милионер , член на едно од најбогатите семејства, а во неделата е уапсен за убиство на својот 11- годишен син.

Малото момче настрадало од последиците на несреќата , додека било на глисер со семејството со кое се возеле во заливот на Сан Франциско. Американаската полиција соопшти дека милионерот бил уапсен во својата вила во Белведере, но бил пуштен од притвор сдо кауција од милион долари.

Бурило е осомничен од американската полиција за нанесување штета или повреда на дете и за управување со возило под дејство на алкохол, но не и за убиство. Несреќата се случила додека пијаниот Бурило ги возел со глисер 11 годишниот син , кој подоцна починал и постариот 27- годишен син.

Според медиумите, глисерот го удрил бран и го превртел ,а синовите паднале во морето и се нашле под бродот. Бурило од морето го извадил прво постариот син , кој му помогнал да го извадат помалиот и потоа по немирното море стигнале до јахтинг клубот.

Од таму повикале итна помош и полиција , но кога тие дошле , 11 годишното момче починало. Полицијата утврдила и дека милионерот има зголемено количество алкохол во крвта , иако веќе биле поминати неколку часа од несреќата.  

Постариот син на Бурило бил однесен во локалната болница. Во несреќата, тој, наводно, се здобил со сериозни исекотини на ногата. Истражителите исто така го испрашувале, но не се открило што им кажал.

Според медиумите, повеќе детали за смртта на неговиот помлад брат треба да бидат откриени кон крајот на неделава, по обдукцијата и наодите од токсикологија. Не е познато дали синовите на Бурило носеле елеци за спасување кога паднале од бродот.

Инаку Хавиер Бурило постојано живее во Калифорнија , каде има неколку луксузни хотели и 18 врвни ресторани .

притисни ентер