Внатрешноста на новиот електричен Порше изгледа совршено (ФОТО)

Пред закажаната премиера на салонот за автомобили во Франкфурт , Порше ги објави првите фотографии на својот долго најавуван и држен во целосна тајност модел на електричниот Тајкан.

Внатрешноста е сосема достојна за новата ера , сепак со печат и детали на Порше. Целосно дигитализираниот кокпит го задржува традиционалниот распоред на хоризонталната табла во комбинација со централен тунел , каде кај класичниот модел е сместен менувачот.

Главниот елемент на кабината во Тајканот е огромниот закривен 16,8-инчен дисплеј на местото на инструментите. Неговиот дизајн е, благо речено, впечатлив, и јасно е дека слично решение досега не било применето на ниту еден произведен автомобил. Околу овој дисплеј има прекинувачи на допир што ги контролираат фаровите, контрола на стабилноста, висината на автомобилот.

Овој огромен екран исто така треба да биде доста функционален, обезбедувајќи им на возачите четири одделни и претходно поставени режими кои се лесни за „преминување“ преку контролите на воланот.

Централното „избирање“ содржи дигитален брзинометар со мерач на моќност што го опкружува, наместо централниот брзиномер кај бензинските моделите . Две одделни покажувачи ротираат кон центарот, а информациите стануваат помалку важни додека гледате подалеку од центарот.

Режимот на целосна мапа го зазема целиот екран од 16,8 инчи. И на крај, се нуди режимот Pure, на кој се покажува само брзина, сообраќајни знаци и едноставна стрелка за навигација.

Се разбира, ова не е крај на екраните. Десно е поставен и 10,9-инчен екран на допир. И десно пред совозачот има уште еден екран. Кога ќе се исклучат сите овие екрани, се формира елегантна и долга црна површина, со што Porsche покажа дека жне се држи до дизајн на таблетите што во последно време целосно ја прифати автомобилската индустрија.

Во центарот на тунелот има уште еден 8,4-инчен екран. Овие се првенствено за контрола за климатизацијата. Долниот екран исто така може да го покаже нивото на батеријата додека автомобилот е паркиран и вклучен.

Конечно, изборниот 5,9-инчен екран ја контролира климатизацијата на задното седиште и е една од опциите при избор на клима уред со четири зони.

Покрај новиот дизајн и широката употреба на екрани на допир, ентериерот на Тајкан се истакнува со употреба на специјални нови материјали. Интересни се и опциите за постава на Race-Tex направени од рециклирано полиестерско влакно, кои произведуваат значително помалку јаглерод диоксид за време на производството.Во подниците исто така се користат рециклирани материјали.

Илјадници луѓе се собраа во салата во Лос Анџелес за да му оддадат почит на Коби Брајант

Фановите на Коби  Брајант се собраа во Стејплс центарот.

Простувањето од Коби Брајат, неговата ќерка Џијана и уште седуммината настрадани во падот на хеликоптерот на 26 јануари се одржа денес на 24 февруари во Лос Анџечес.

Во Стејплс центарот не се одржала класична комеморација туку таканаречена „прослава на животот“.

Откако Бијонсе ја отвори церемонијата, свое обраќање имаше и сопругата на починатиот Брајант, Ванеса.

Таа се заблагодари за поддршката која нејзиното семејство ја добива од целиот свет и со емотивен говор се поздрави од Коби и нејзината ќерка Џијана.

„Ве сакаме и ни недостигате, Коби и Џиџи. Почивајте во мир, забавувајте се во рајот додека еден ден не се сретнеме. Ве сакаме и двајцата и засекогаш ќе ни недостасувате, додаде таа.

Ванеса беше во брак со Коби цели 19 години.

Седумте други луѓе кои исто така ги изгубија животите во несреќата на 26 јануари се: кошаркарскиот тренер Џон Алтобели, неговата жена Кери и нивната ќерка Алиса, Пајтон Честер и неговата мајка Сара, Крисина Маусен и пилотот Ара Зобајан.

Фото: Ирина Шајк се појави фатена за рака со непознат маж

На настан од брендот „Furla“ таа пристигна држејќи се за рака со висок маж со црна коса.

Руската манекенка Ирина Шајк, каде и да се појави, предизвикува огромно внимание од фановите и медиумите, но овој имаше е дополнителна причина.

На настан од брендот „Furla“ познатата Русинка пристигна држејќи се за рака со висок маж со црна коса.

Таа неодамна изјави дека ја завршила љубовната врска со актерот Бредли Купер , но не откри дали во нејзиниот живот влегол нов маж,  па постои можност дека момчето коа се појави со Ирина можеби е токму нејзиниот нов избраник.

По прекинот на долгогодишната врска со Бредли, Ирина во целост се посвети на двегодишната ќерка, но тоа не значи дека ја запоставила кариерата. Славната манекенка работи со полна пареа, а последната ревија на која учествуваше беше ревијата на брендот „Missoni“ на актуелната модна недела во Милано.

Карма доаѓа во Европа

Претставници од Карма Аутомотив потврдија дека доаѓаат во Женева на саемот за автомобили.

Карма е стационирана во Калифорнија и сега по прв пат ќе ги изложи своите електрични модели во Европа.

Секако, Карма не доаѓа во Женева за на Европејците да им покаже што поседуваат, туку тоа е план за глобална експанзија на нивната компанија. Тие во овој момент имаат свои центри во 29 места на светот, како Франција, Шветска, Шпанија или Холандија.

Саемот за автомобили во Женева е еден од престижните настани во светот на автомобилизмот и Карма ќе ја искористи шансата да ги покаже своите луксузни модели.

„Карма е единствен автомобилски произведувач кој се работи во сопствена продукција. Имаме луѓе за дизајн, инженеринг, маркетинг, дури и луѓе кои се склопуваат и тоа се во Јужна Калифорнија“, наведуваат од Карма.

Моделот Реверо од Карма поседува 525 коњски сили и во себе има два електромотори.

притисни ентер