Грчките спасувачи во акција за наоѓање на двајца туристи – нуркачи (ВИДЕО)

Двајца туристи , подводни истражувачи вчера попладне отишле во подрачјето Сокастро на грчкиот остров Карпатос за да истражат пештера со длабочина од 45 метри и исчезнале.

Од утрово почнала операцијата за наоѓање на нуркачите на возраст од 60 и 35 години , едниот Чех а другиот Иранец. Со нив бил уште еден чешки турист и им кажал на спасувачите дека пред исчезнувањето на двајцата, подводната струја во близина на морското дно довела до губење на комуникацијата меѓу нуркачите.

Во потрагата освен крајбрежната стража , се вклучија и групи искусни нуркачи.

Утрово специјален тим нуркачи на крајбрежната стража стигнаа со воен хеликоптер за да се обидат да ги лоцира подводните пливачи.

Артета: Арсенал имаше многу периоди на доминација, но тоа не беше доволно да го поминеме Баерн

Тренерот на Арсенал, Микел Артета објасни зошто Арсенал не успеа да го победи Баерн во Лигата на шампионите. 

- Во одреден момент игравме подобро, имавме многу периоди на доминација. Одредена искра што треба да се појави во противничкиот шеснаесетник е она што е потребно во ваквите конфронтации за победа. Нашиот клуб седум години беше без Лигата на шампионите. Прво сакаш да стигнеш овде, па потоа да стигнеш до полуфинале, финале. Сите ние навистина го сакаме тоа, но за многу тимови потребни се шест, седум години да го направат тоа. Сепак, бевме многу блиску, изјави Артета за „ТНТ Спортс“.

Баерн Минхен во полуфиналето на елитното фудбалско натпреварување ќе игра со Реал Мадрид.

Другата полуфинална двојка ја сочинуваат Борусија Дортмунд и Пари Сен-Жермен.

Јакимовски: Османи ни пропагира политика на жирафа

Претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски за неговиот против кандидат Бујар Османи вели дека тој во кампањата пропагира политика на жирафа.

-Не можам да го слушнам Бујар Османи во кампањата да каже нешто за животот во Македонија и за подобрување на животот на граѓаните во Македонија, туку ни пропагира политика на жирафа: Жирафата млекото да дава кај комшијата, а јаде од кај вас дома, истакна Јакимовски.

„Тајмс оф Израел“:САД се согласија на израелска операција во Рафа ако Израел не го нападне Иран

 САД го прифатија израелскиот план за копнена операција во јужниот дел на Газа во градот Рафа во замена да не извршат голем напад врз Иран, објави „Тајмс оф Израел“ (Time of Israel), повикувајќи се на неименуван египетски функционер.

- Американската администрација покажа дека го прифаќа планот што претходно го претстави окупаторската влада за воената операција во Рафа, во замена за неизвршување голем напад врз Иран, изјави неименуван египетски функционер за катарскиот медиум Ал Араби ал-Џадид.

Тој додаде дека Египет се подготвува за можните последици од инвазијата на Рафа, каде, според израелските медиуми, се лоцирани четири баталјони на палестинската милитантна група Хамас и над еден милион цивили кои побегнале од другите делови на Појасот Газа, а се претпоставува дека таму се и лидерите на Хамас и израелските заложници.

притисни ентер