НАСА објави снимки на јаглеродниот моноксид во атмосферата по пожарите во Амазонија (ВИДЕО)

Додека илјадници пожари беснеат низ Амазонија , НАСА објави загрижувачки податоци.

Сателитите на Американската агернција за истражување на вселената забележале страшни снимнки од испуштање на јаглероден моноксид во земјината атмосфера , како последица на пожарите во Амазонија.

Од 8 до 22 август, НАСА ја мерела концентрацијата на јаглерод моноксид на 5500 метри и објави анимација на податоците собрани со помош на инструментот AIRS, со кој се мерат температурата, влажноста, волуменот и височината на облаците, концентрациите на стакленички гасови и многу други атмосферски феномени.

Анимацијата објавена од НАСА покажува дека јаглеродниот моноксид се издига во атмосферата, а различните бои - зелена, жолта и темноцрвена - покажуваат концентрација на овој загадувач на воздухот. Концентрацијата на јаглерод моноксид главно се изразува во делови на милион.

„Зелената означува концентрација од околу 100 делови на милијарда, жолтата е концентрација од околу 120 делови на милијарда и темно црвена концентрација од околу 160 делови на милијарда.

Инаку, јаглеродниот моноксид, кој може да се шири далеку и да остане во атмосферата околу еден месец, игра значајна улога во климатските промени.

Иако AIRS го бележи јаглерод моноксидот на релативно високи нивоа и има мал ефект врз воздухот што моментално го дишеме, НАСА предупредува дека силните ветрови можат да го повлечат на пониско ниво каде што може значително да влијае на квалитетот на воздухот.

Кривична пријава за дебранец за изнуда на пари

 Жител на Дебар заработи кривична пријава поради изнуда на пари од свој сограѓанин.

– Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против Р.Т.(51) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „изнуда". Тој, на деветти август годинава од својот сограѓанин А.С. побарал пари, но не ги добил истите, изјави Стефан Димоски портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Тој додава дека откако Р.Т. не ја добил бараната сума пари, физички го нападнал сограѓанинот А.С. нанесувајќи му повреди во пределот на главата.

Димоски информираше дека во изминатите два дена на подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа, кои со својата активност ги покрива ОВР-Дебар, издадени се седумдесеттина прекршочни платни налози за неносење заштитна маска.

ВМРО-ДПМНЕ: Заев противправно го узурпира мандатот, а соучесник во кршење на Уставот е и Пендаровски

Зоран Заев во негова корист продолжува со кршење на  Уставот.

СДСМ и Заев продолжуваат на неславната пракса на кршење на Уставот, при што сега активен учесник е и Пендаровски.

Ваквото узурпирање на мандатот е со цел да се добие дополнително време во кое претседателот на СДСМ, кој инаку самиот признава дека нема мнозинство ќе ги искористи овие 20 дена да прави непринципиелен и нехуман притисок и уцени врз пратеници за да обезбеди мнозинство во парламентот.

Уставот е јасен, потребен е доказ за поседување на мнозинство врз основа на кој се доделува мандатот. Се друго е кршење на Уставот.

Сега после изборите народот ја гледа сметката од неспособното владеење на Заев. Сега граѓаните плаќаат 7,5% повисоки сметки за струја, пропаѓа банка, цената за откуп на грозје е катастрофална, излезе на виделина дека долгот пораснал за 1 милијарда евра за три месеци. Македонија е меѓународна опасност за ширење на корона вирусот, се нема конечен план како ќе се спроведува образовниот процес и редица други неуспеси кои ги донесе власта на Заев.

Македонија со Заев продолжува да пропаѓа и тоа мора да престане.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Копач: Да не се политизираат одлуките на Регулаторот, Владата да го амортизира ударот од поскапувањето на струјата

Покачувањето на цената на електричната енергија нема да се одрази на цените на другите продукти, туку единствено на сметките на граѓаните.

На енергетскиот сектор му е потребна визија, а не политизирање на одлуките донесени од независниот регулатор кој работи транспарентно и професионално и кој беше прогласен две години по ред за најдобар меѓу земјите кои ги мониторира Енергетската заедница. Задача на Регулаторот е да ги балансира различните и понекогаш спротивставени интереси во енергетскиот сектор, истовремено дејствувајќи независно од Владата и од енергетскиот сектор, додека интерес и обврска на Владата е да обезбеди заштита на потрошувачите и да ги разгледа можностите за да се намали ударот од зголемената цена на електрична енергија за граѓаните кои се директно погодени од корона кризата, смета директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница со седиште во Виена, Јанез Копач.

Тој ова му го кажал на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), Марко Бислимоски во телефонски разговор и додал дека единствено РКЕ како независна институција која детално го познава секторот, може, според Копач, да ги пресмета трошоците на системот согласно перформансите, имајќи предвид дека производството и голем дел од пазарот се либерализирани.

Како што соопшти РКЕ, Копач во разговорот со Бислимоски порачал и дека државата не треба да ги субвенционира сметките за електрична енергија на највисоко платените менаџери и другите граѓани со високи примања кои, како што оценил, се субвенционирани со нереално ниски цени во моментов.

-Треба да се разгледа можност да се воведе привремена мерка која ќе значи проширување на опфатот на лица кои ќе влезат во групата за субвенционирање сметки со вклучување граѓани кои се директно економски погодени од здравствената криза на пример оние граѓани кои се останати без примања. Но, тоа не значи дека секој треба да добие помош, истакнал Копач.

Бислимоски и Копач се согласиле дека сигурноста и стабилноста во испораката на електрична енергија е предизвик што пандемијата го наметна за сите економии, посебно за оние кои се енергетски зависни од увоз на електрична енергија, каква што е македонската економија.

-Времето во кое што живееме во 2020 година е посебно предизвикувачко, затоа што ефектите од Ковид 19 на севкупната економија и особено на енергетскиот сектор се големи, така што треба сите ние да се адаптираме на новите услови. Владите мора да ја гарантираат достапноста до струја, вода и гас за секого и да ги разгледаат можностите да им помогнат на граѓаните кои се со ниски примања. Македонија ја имплементираше целокупната потребана легислатива и го реформираше електро-енергетскиот сектор во согласност со третиот енергетски пакет. Националната легислатива опфаќа и правила кои се однесуваат на енергетска сиромаштија во која се дава можност на државата да субвенционира дел од сметките за струја за најранливите категории, подвлекол Копач.

Бислимоски го информирал за состојбата во енергетскиот сектор и предизвиците во време на КОВИД-19 со цел да се обезбеди непречено снабдување со електрична енергија.

-Енергетскиот сектор покажа отпорност во време на пандемија и кога во државата беше прогласена вонредна состојба испораката на енергенси остана гарантирана. Граѓаните не беа исклучувани поради неплатени сметки за електрична енергија, а токму овие режиски трошоци во време на вонредната состојба најранливите категории на потрошувачи можеа да ги плаќаат на рати без камати. Сето ова беше возможно поради стабилната финансиска состојба и здравите инвестициски политики на сите енергетски компании, рекол Бислимоски во телефонскиот разговор со Копач./МИА.

притисни ентер