Ѓоковиќ свири пијано и ги полни батериите пред почетокот на УС Опен (ВИДЕО)

Љубителите на тенисот во расправите кој е најдобриот тенисер на сите времиња , секогаш ги сведуваат на три имиња , Роже Федерер , Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ .

Токму Ѓоковиќ , пред почетокот на УС Опен во Њујорк говореше на темата пријателско однесување со ривалите. Српскиот тенисер оваа година ќе ја брани титулата првак. Ѓоковиќ вели дека не е особено добар пријател со Федерер.

„Имаме добар однос, не сме пријатели и немаме вечерано заедно , но ние сме колеги и меѓусебно се почитуваме. Не е лесно да се дружиш со некој со кого се натпреваруваш на теренот“, рече Ѓоковиќ, објаснувајќи зошто е невозможно да се избере најдобриот на сите времиња:

"Не можете да го споредите тенисот пред 50 години и денес. Ловер, Мек Енро, Конорс, Лендл ... Тие играа со дрвени рекети. Тоа беше некој друг вид тенис. Кој знае колку би биле добри денес?", заклучи Ѓоковиќ.

Тој освен на прес конференции , во центарот на Њујорк ги полнеше батериите свирејќи пијано и тоа познатата победничка  песна ,,We are the champions". 

Видео - фото: Трибините полни со деца, 20 000 деца навиваа за Партизан

Српскиот фудбалски клуб Партизан поради казна од УЕФА поради расизам доби забрана од присуство на навивачи на трибините на својот стадион во  европските купови.

Раководството на црно белите од Белград по долги преговори со УЕФА доби дозвола на трибините на стадионот да може да има само деца.

Во натпреварот од Лига Европа меѓу Партизан и АЗ Алкмар од Холандија кој заврши без победник 2-2 , домашните фудбалери имаа фантастична поддршка од дури 20000 деца на трибините .

Овој натпревар токму поради децата беше забележан во целата Европа. Најпознатиот шпански спортски весник „Марка“ им посвети големо внимание на децата кои му дадоа голема поддршка на својот омилен клуб партизан.

Тиражниот весник е воодушевен од фактот што црно-белите од трибините имаа ветер во грб од 20000 навивачи на возраст до 14 години.

-Партизан,откако  УЕФА го санкционираше поради расизам на трибините на дуелот со АЗ Алкмар стадионот го наполни со деца. Бил постигнат договор децата од сите училишта во Србија да дојдат на стадионот и да навиваат за Партизан, напиша Марка.

Федерер: Плачев по загубеното финале од Ѓоковиќ на Вимблдон

Еден од најдобрите тенисери во историјата, легендарниот Швајцарец Роџер Федерер повторно проговори за антологиското финале против Новак Ѓоковиќ на годинешниот Грен слем во Вимблдон.

Во разговор за италијанската  „Газета дело Спорт“ Федерер зборувал за многу работи, но и за моментот кога доживеал емотивен колапс.

„Кога последен пат сум плачел?Пред два месеца на Вимблдон.На теренот ги сочував солзите, но кога седнав во соблекувалната тие потекоа и се расплакав, изјавил Федерер.

Освојувачот на најмногу Грен слем трофеи откри и како како ги слави победите.

-Сакам да славам со чаша шампањ. Еднаш дури и се опијанив. Тоа се случи кога го освоив Ју Ес Опен.Потоа ми беа потребни три дена да се рехабилитирам. Турнирот заврши во недела вечер, јас се опоравив дури во четвртокот.Се сеќавам на се, барот требаше да се затвори поради што порачавме повеќе пијалаци, за следните часови. Подоцна сфатив дека сме порачале премногу, дополнил Федерер.

Видео: Македонските одбојкари пречекани со трубачи и песна!!

Популарните „Спартанци“, машката одбојкарска репрезентација на Македонија по премиерниот настап на Европските првенства се врати дома.

На еврошампионатот во Словенија, нашите најдобри одбојкари остварија две историски победи над Белорусија и Словенија, но не успеаја да обезбедат место во осминафиналето.

Црвено-жолтите  со своите игри и однос кон националниот дрес оставија одличен впечаток на својот дебитански настап на едно големо натпреварување, со што  ги освоија симпатиите на цела јавноста.

При вчерашното враќање во Македонија, браќата Ѓоргиеви, Љафтов, Деспотовски, Милев и останатите беа дочекани како што им доликува на едни вистински спортисти кои со целото срце  го носат националниот дрес. Со песна и трубачи од оркестарот на Џамбо Агушеви.

притисни ентер