Музичката ѕвезда Рајко Дујмиќ се соочува со затворска казна од 9 месеци – ја претепал сопругата

Рајко Дујмиќ (63) , кого повозрасните од регинот го паметат како основач на групата ,,Нови фосили” , од 1. јули е во затвор поради закани по живот во пијана состојба кон неговата сопруга Снежана.

На Дујмиќ му е продолжен притиворот до 1. октомври поради опасност дека ќе го повтори делото. Обвинителството бара 9 месеци безусловен затвор и девет месеци условно со четиригодишен рок да не го повтори делото , како и мерка за задолжително лекување од зависност. Тој на 1. јули се скарал со сопругата во нивниот дом.

Дујмиќ бил под дејство на алкохол и тоа два промили. Во еден момент , Дујмиќ почнал да ја тепа сопругата и и се заканил дека ќе ја убие. Соседите повикале полиција , што не било прв пат во домот на Дујмиќ , по што тој бил приведен.

Тој не се сеќава на инцидентот , поради тоа што бил пијан, додека Снежана остана на исказот дека ја тепал и и се заканувал по живот.

,,Ќе поднесам одговор на обвинението следната недела. Што се однесува до продолжувањето на притворот, веќе е поднесена жалба и решението на окружниот суд во Загреб е во очекување. Мојот клиент е добро во затворот, тој е многу цврст човек, свесен е за ситуацијата и проблемите во кои се наоѓа. Нема оправдување за агресијата, но не е сè црно-бело како што е претставено во јавноста - изјави адвокатот на Дујмиќ, Сандра Ханчиќ, за „Јутарњи лист“.

И покрај претходните апсења, Дујмиќ е неосудуван човек. Неговиот последен „грев“ на сличен и извршен на истото место и потекнува од 2015 година, но тој беше пуштен на слобода после три години судење затоа што неговата сопруга ја искористи можноста да не сведочи.

Велигденска честитка на Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх

„Не е овде! Воскресна! Еве го местото каде што го положија“ (Марко 16,6)

Со овие едноставни зборови, евангелистот Марко опишува како жените, во раните утрински часови, на првиот ден од седмицата, го откриле празниот гроб. Жените со страв го напуштаат местото, иако требало да знаат дека одамна пророците го објавиле настанот на Исусовото воскресение.

Но, како се случи тоа? Само три дена пред Исусовото воскресение, Петар се одрекол од Него. Три пати рекол дека не го познава човекот кој тврди дека е Месија, Спасител. Петар уште немаше сила да посведочи за Христа. А учениците кои после Исусовата смрт на крстот отидоа од Ерусалим во Емаус, го препознале дури кога го прекршил лебот за да јаде заедно со нив.

Учениците кои речиси три години го следеле Исуса, го слушале и ги гледале чудата што ги правел, не можеле веднаш да поверуваат. Уште еднаш требало да поминат низ школата на верата за да ја примат на крајот силата на Светиот Дух, со што ќе се ослободат од својата плашливост и ќе излезат од своето скривалиште и јавно ќе зборуваат за големите Божји дела. На крајот, ги положија своите животи за верата, а во служба на Радосната вест. Силата што ја примија ги одржуваше и ги поддржуваше, да не се плашат повеќе, туку да можат смело да сведочат за Христос, Спасителот на луѓето, кој умре со страшна смрт на крстот и кој воскресна. По воскресението, прво им се јави на учениците свои, а по четириесет дена се вознесе на небото и седна оддесно на Отецот, од каде пак ќе дојде во слава и ќе им суди на живите и мртвите. Оваа велигденска порака ни е предадена во Евангелијата и оттогаш таа се објавува, пренесува, објаснува и постојано се толкува веќе две илјади години.

Денес веќе не гледаме празен гроб на чија порака би можеле да и веруваме. Разните привлечни туристички аранжмани за велигденските празници ја одредуваат сликата за Велигден. Затоа не е лесно да ги откриеме трагите на воскресението во секојдневниот живот. Но, да се потсетиме дека ни учениците од Емаус не можеа да го препознаат Исуса додека беа со него на пат, затоа што очите им беа замрежила и го сметаа за туѓинец, но нивните срца гореа додека тој им го толкуваше Писмото. Го препознале во кршењето на лебот. Господ нека го разгори и нашето срце кога го читаме и слушаме словото Божјо за да можеме да го препознаеме воскреснатиот Христос на секое евхаристиско славење кога молиме: „Господи, Твојата смрт ја навестуваме, Твоето воскресение го славиме, Твоето славно доаѓање го очекуваме!“

На сите Ви посакувам Честит празник Воскресение Христово - Велигден!

Христос воскресе! Навистина воскресе!

Рашфорд може да го пропушти ЕП 2024

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд би можел да го пропушти Европското првенство во 2024 година, пишува „Телеграф“.

Според изворот на изданието, на селекторот на Англија, Герет Саутгеј не му се допаднал настапот на играчот.

За да добие место во формацијата на „трите лава“, фудбалерот мора да покаже подогри игри на претстојните натпревари.

Оваа сезона 26-годишниот Рашфорд одигра 35 натпревари, постигна 8 голови и 6 асистенции.

Словенија, Данска и Србија ќе играат против Англија во групната фаза на ЕП 2024. /МИА

„Гответе со Дракче“ - Кумановска салата

Во четврток (28.03.2024) во емисијата гостин ни беше Нино Величковски.

Состојки за денешниот рецепт:

3 црвени домати

1 свежа краставица

1 главица кромид

1 морков

2 лажици лупен сончоглед

100 гр. сирење

балсамико, масло за јадење, сол по вкус

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

притисни ентер