Почна 33-тиот Охридски пливачки маратон

Дваесет и еден од 22 пријавени пливачи точно на пладне влегоа во водите на Охридското Езеро кај Свети Наум, на стартот на 33-тиот меѓународен Охридски пливачки маратон.

Четиринаесет пливачи и осумте пливачки од седум држави ќе треба да ги испливаат 25-те километри колку што е долга патеката „Климе Савин", од Свети Наум низ десет контролни точки до целта кај Градското пристаниште во Охрид.

Моменталните временските услови засега се идеални за добра трка, водата на езерото е мирна со температура од 24 степени. Во такви услови на пливачите за да стигнат до целта ќе им бидат потребни околу четири до четири и пол часа.

Македонската пливачка експедиција оваа година ја сочинуваат Евгениј Поп Ацев, Александар Илиевски и младиот Леонид Мишевски. Поп Ацев после три одржани маратони во рамки на серијата на ФИНА е на второто место, со само три бода заостанување зад Едуардо Стокино од Италија кој исто така денеска плива во Охрид,

Во водите на Охридското Езеро е и французинот Аксел Рејмонд, двократниот светски првак во пливање на 25 километри од Будимпешта и Гуанжу, како и рекордер на 30-километарскиот Охридски маратон (2013 г.) што до пред две години се пливаше тука.

Наградниот фонд за маратонот што се плива под покровотелство на Претседателот на Република Северна Македонија изнесува 15 илјади долари. Охридскиот маратон е четврти од серијата шест трки што се одржуваат во рамки на „Гран-при" серијата на отворени води на ФИНА. До крајот на оваа сезона после маратонот во Охрид преостануваат уште трките во Хрватска и во Италија./МИА

Во Амстердам е убиен поранешниот фудбалер на холандски и белгиски прволигаши

Фудбалерот Келвин Мајнард (32) е убиен во Амстердам , потврди холандката полиција.

Холандскиот десен бек по потеккло од Суринам играше во дресовите на холандски Волендам и на белгискиот Ројал Атверп, бил убиен кога некој пукал во него додека бил во својот автомобил. Осомничените , според полицијата , побегнале на црн скутер. Откако ги слушнале истрелите , пожарникарите од блиската станица се обиделе да му помогнат , но безуспешно.

Холанѓанецот уште играше и за Олхансенс, Кескемет, Емен, Бартон Албион и СВ Спакенбург, додека изминатите две години беше член на клубот Квик Бојс од пониската лига.

Федерер откри зошто му се восхитува на Ѓоковиќ

Рожер Федерер пред продолжетокот на тениската сезона , даде интервју за службената страница на АТП , во кое говори како е да се игра со Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.

Федерер беше член на Тимот на  Европа со Надал за време на Лавер Купот во 2017 година, додека една година подоцна настапи заедно Ѓоковиќ. Тој го опиша времето поминато на истиот тим со двата најголеми ривали како „емотивно“.

"За мене, тоа беше емотивна недела додека играв заедно со Надал и Ѓоковиќ. Кога ќе ја поминете неделата со Рафа, го гледате неговиот интензитет и се прашувате како тој ја наоѓа рамнотежата. Ако не функционираше, ќе беше лудо. Кога ќе заврши со тренинзите, тој е опуштен, што ме изненади." рече Федерер.

Оваа година тој нема да може да игра како соиграч на Новак Ѓоковиќ со парот.

"Ѓоковиќ е опуштен. Ние сме слични во тоа. За да бидете успешни мора да бидете опуштени. Играме многу натпревари, од 50 до 100. Не е како во боксот кога имате до два натпревари годишно. Треба да се опуштиме пет минути пред натпреварот", истакна Рожер.

Швајцарецот откри во што го изненадува српскиот тенисер.

„Она што ме изненади кај Ѓоковиќ е отвореноста што ја има кога сака да победи на натпревар. Тој изгледа како да мисли:„ Ќе играм на овој начин и затоа ќе бидам успешен. “Исто така, ми се допаѓа неговиот процес на избор на што и кога јаде. „Сè мора да биде по план. Затоа му се восхитувам“, рече Федерер за Ѓоковиќ.

Вчера излезе од затвор , а денеска потпиша за руски Зенит

Фудбалерот Александар Кокорин вчера излезе од затвор , а веќе денеска 28- годишникот потпиша договор за Зенит од Сант Петерсбург за до крајот на сезоната.

Кокорин и неговиот колега од репрезентацијата на Русија, Павел Мамајев беа уапсени во мај годинава поради напад врз раководител во руското Министерство за трговија , како и неговиот возач , кои ги претепале во октомври минатата година.

Мамајев беше осуден ан 17 месеци затвор , а Кокорин на 18, но по успешната жалба , биле помилувани завчера. Во времето на инцидентот , Кокорин играл за Зенит , а Мамајев за Краснодар .

Нивниот адвокат Јури Падалко претходно најави дека и двајцата ќе излезат предвреме од затвор и ќе ја почнат фудбалската сезона , без оглед на казните.

притисни ентер