Трамп погледна во небо и извика: Јас сум избраниот (Видео)

Американскиот претседател Доналд Трамп, повторно предизвика бројни реакции од јавноста по разговорот со новинари пред Белата куќа.

„Јас сум избраниот“ рече Трамп погледнувајќи во небото, додека објаснуваше зошто води трговска војна со Кина.

Тој вака го појасни својот став.

-Во текот на последните пет или шест години, Кина заработила 500 милијарди долари. 500 милијарди долари се извлечени од САД. И не само тоа. Погледнете ја кражбата на интелектуалната сопственост. Додајте го тоа и уште многу други работи. Некој тоа мора да го среди, јас сум избраниот. Некој тоа мораше да го направи и затоа јас ќе се борам против Кина. Ќе се борам против Кина во економија, рече Трамп.

Оваа изјава покрена лавина од реакции во јавноста и на социјалните мрежи, а многумина се запрашаа дали тој се шегува или навистина се умислил дека е Бог.

„CNN“ коментира дека Трамп досега тврдел дека направил повеќе од сите претходни претседатели, но сега почнал да се однесува како месија.

Лукаревска од Штип: СДСМ не е создаден за поделби, за кавги, за лаги и навреди

Пред нас се исклучително важни избори, можеби и најважни досега, важен е континуитетот. 

Зашто се покажа дека иднината на Македонија не ја разбираат сите исто. Некои ја разбираат како заробена држава, изолирана и без перспектива. Затоа е важно СДСМ и после овие избори да продолжи да ја води Македонија, после НАТО, во Европската Унија, како Македонци со македонски јазик по исправниот пат, рече во Штип Сања Лукаревска, носителка во третата ИЕ на СДСМ и Коалицијата за европска иднина.

Ние не бегаме, ниту од одговорноста, ниту од народот, ниту од државата.

-СДСМ е силна, голема, одговорна партија која секогаш, без двоумење и калкулирање за сопствениот рејтинг, носела тешки одлуки во уште потешки околности. СДСМ не е создаден за поделби, за кавги, за лаги и навреди, за ниски удари. СДСМ е од граѓаните за граѓаните. СДСМ е избор на секој далековид човек, на секој кој ги почитува другите и разговара со сите. СДСМ, докажано, е партија која е тука кога е најтешко, и за земјата и за граѓаните, рече Лукаревска.

И овде, во Штип ќе повторам, драго ми е што успеавме граѓаните дури и да не насетат со колкава економска и енергетска криза се соочивме. Знам дека нашиот политички опонент тие кризи би ги спакувал во телевизиско шоу, наместо да ги решава. Има разлика.

Внимававме на сите граѓани, од тоа да задржат работните места, да добијат помош оние кои работат во приватниот сектор, непречено да тече исплатата на пензиите, социјалната помош, помошта за најранливите, ги зголемивме платите и пензиите.

И затоа ќе победиме. Штип на 24 април и на 8 мај ќе го направи најдобриот избор, за Стево Пендаровски и Социјал демократскиот сојуз на Македонија.

Слободата и демократијата мора да останат да живеат во Македонија. Нема откажување од иднината, рече Лукаревска вечерва пред граѓаните на Штип, се наведува во партиското соопштение.

Бразилка ќе оди во затвор, зашто на познат пејач за еден месец му испратила 8.000 писма

Бразилката Мира Карваљо (35) е толку опседната со британскиот пејач, Хари Стајлс (поранешен член на групата „One Direction“) што го оставила партнерот дома и го пропатувала целиот пат до Лондон.

Но, тоа не е сѐ, Мира му испраќала на Хари писма, свадбени честитки, а бидејќи за само еден месец испратила дури повеќе од 8.000 писма, Бразилката завршила во затвор, пишува „The Sun“.

Таа е осудена на 14 недели затвор и се изјаснила за виновна за следење.

- Хари беше навистина потресен. Тој само сака да продолжи нормално, но секако дека е загрижувачки за него, неговото семејство и неговиот тим“, изјави извор близок до Стајлс.

Нејзе ѝ е забрането да се приближува до Стајлс дури 10 години и да присуствува на кој било настан, односно концерт, каде што е тој.

Да потсетиме, фановите на споменатата група некогаш беа познати по претерувањето кое се граничело со демнење, па еднаш ги хакираа и безбедносните камери на лондонскиот аеродром за да ги видат своите идоли.

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вечерва од Бутел рече дека е легитимно и дека е демократски избор секој да коалицира со кого сака. 

Но, понудата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за коалицирање со неговата партија, уште на првиот ден од кампањата за парламентарни избори, покажува дека тој бара помош.

„Ние среде кампања не бараме помош од пријател. Мене ми се чини дека тоа е јасен знак на слабост, затоа што господинот Мицкоски знае што го очекува на 24 април и на 8 мај. Инаку зошто би барал помош од страна?“, рече Пендаровски, соопштуваат од неговиот тим.

притисни ентер