Анџелина Џоли низ солзи се прости од синот , кој замина на колеџ (ВИДЕО)

Актерката Анџелина Џоли вчера го испрати на колеџ својот најстар син Медокс на Универзитетот во Сеул , Јужна Кореја.

Доаѓањето на славната актерка во кампусот на факултетот предизвика голем интерес на студентите , кои од културна дистанца ја снимаа, но немаа храброст да и пристапат неа или на Медокс.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by jowonnn🦄☂️ (@xx_efu) on

Анџелина призна дека се воздржува да не заплаче , а со колку емоции го испраќа синот на факултет , се гледа на видеото , објавено од еден од студентите.

Во видеото се слуша дека Медокс одбрал да студира биоинженерство и дека ќе живее во студентскиот дом. Анџелина ги разочара фановите во Кореја , кога им кажа дека истиот ден се враќа во САД.

притисни ентер