Вонредна летна крводарителска акција во Куманово

Дваесет и четири крводарители од Куманово, од кои четворица повеќекратни денеска даруваа крв на вонредната, втора по ред летна крводарителска акција која се одржа во кумановскиот Центар за култура.

Крводарителската акција е во организација на Црвениот Крст – Куманово и Институтот за трансфузиона медицина – Скопје.

– И оваа акција е успешна, оцени стручниот соработник за крводарителство, Ива Младеновска.

Во првите шест месеци од годинава од јануари до јуни се одржале 25 крводарителски акции на кои крв дарувале 1.324 крводарители, од кои 1.053 мажи и 270 жени./МИА

Русија ќе спроведе анализи на заканите по националната безбедност и стабилност

Русија најбрзо што мора ќе спроведе дополнителни анализи на заканите за националната безбедност и за стратешката стабилност.

 Со оглед на американските  планови за наоружување на своите воени сили со ракети од краток и среден дострел, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Според министерството, наместо да се најде начин за спасување  на договорот за нуклеарните сили од среден дострел, САД ги блокирале сите шанси да се разговара за конструктивно барање на решение, соопшти руското МНР.

Во Париз уапсени 106 демонстранти од „Жолтите елеци“

Повеќе од 100 луѓе се уапсени за време на денешните протести на „жолтите елеци“ во Париз.

Француската полиција против демонстрантите морала да употреби и солзавец за да ги растера насобраните граѓани.

Полицијата соопштила дека уапсени се 106 лица, а завршени се 1249 безбедносни контроли и проверки. Исто така повеќе од 100 лица ќе мораат да платат парична казна од 135 евра поради протестирање во забранет реон.

Полицијата успеала да ги растера демонстрантите околу Шанзелизе, железничката станица Сен Лазар и Плоштадот Мадлен.

Според  полициски информации попладне не било забележано уништување на имот ниту е причинета материјална штета.

Островот Лезбос ја спушта рампата за мигранти

 Властите на грчкиот остров Лезбос соопштија дека веќе не се во можност да обезбедат сместување за нови мигранти кои доаѓаат на островот.

Со оглед на тоа дека во кампот за мигранти во моментов престојувале четири пати повеќе лица  отколку што било предвидено.

Две официјални лица од Лезбос за странските агенции изјавиле дека моментално во кампот имало 12 илјади мигранти и дека веќе нема можност за дополнителни сместувања.

притисни ентер