Проштална средба на министерот Никола Димитров со амбасадорот на Кралството Шведска, Матс Стафансон

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, денеска го прими во проштална средба амбасадорот на Кралството Шведска, Матс Стафансон, пред завршување на неговиот мандат и заминување од земјата.

Министерот Димитров се заблагодари за исклучителниот придонес на амбасадорот Стафансон во развивањето на македонско-шведското пријателство, за што министерот Димитров му врачи и благодарница за неговиот плоден ангажман и искрена, отворена и конструктивна поддршка кон демократската трансформација и европските аспирации на нашата земја.

„Вашата мудрост, добронамерни и пријателски совети, како и професионалниот пристап во работата, оставија силен печат во нашето општество, а воедно и меѓу дипломатскиот кор како доајен. Особено ми претставува задоволство што меѓу другото, за време на Вашиот мандат беше интензивирана и размената на посети на високо ниво, а притоа беше усвоена и Декларација за соработка меѓу нашите две земји во 2017 година. Кралството Шведска продолжува да служи како наш модел и инспирација при преземање на реформските чекори во духот на европските вредности, а притоа уверен сум дека и Вашиот наследник ќе продолжи со иста динамика да го негува позитивниот тренд на билатерални односи.", рече Димитров на прошталната средба со амбасадорот.

Недостаток на заштитни маски во Хрватска поради коронавирусот

Во апотеките ширум Хрватска владее недостаток на заштитни маски, поради голема побарувачка заради можноста од ширење на новиот коронавирус, пишува „Индекс“.

Во Хрватска се уште нема потврда за заразени лица, но во 14 дневен карантин се ученици од школи од Пула, Сплит и Омиш, кои престојувале во Италија.

Дистрибутерите на заштитни маски првенствени ги снабдуваат болниците, а меѓу граѓаните има голема побарувачка.

Од градската аптека во Загреб за „Индекс“ рекле дека побарувачката за маски е зголемена во последните неколку недели и дека маски во аптеките моментално нема.

Ана Солдо, претседателка на Хрватската аптекарска комора, меѓутоа, вели дека немаат официјални информации за недостаток на маски, но дека се зборува дека навистина има недостаток.

Реафирмирана потребата од договор за заштита на правата на македонското и на црногорското малцинство во двете држави

Министерот задолжен за дијаспора Едмонд Адеми денеска во рамките на работната посета на Црна Гора, имаше средба со директоротот на црногорската Управа за дијаспора, Предраг Митровиќ.

Адеми на средбата се заблагодари за севкупниот позитивен однос на државата Црна Гора кон македонската дијаспора, како и за соработката на надлежните црногорски институции со здруженијата кои ги обединуваат нашите граѓани. Го пренесе задоволството од степенот на интеграција на црногорската заедница во Македонија, соопшти кабинетот на Адеми.

Тој го реафирмира интересот за склучување договор за заштита на правата на македонското национално малцинство во Црна Гора и црногорското малцинство во Македонија, за што постои начелна позитивна подготвеност од двете страни.

Министерот Адеми се сретна и со претставници на македонските здруженија во Црна Гора, на која беше запознаен со нивните напори за формирање на Македонски национален совет, како и за можноста за институционална поддршка на тој процес. /МИА

Црн чад во кавадаречко Возарци ги вознемири кавадарчани

Црн чад во кавадаречко Возарци, денеска ги вознемири кавадарчани. Од Државниот инспекторат за животна средина за МИА велат дека проблемот бил краткотраен и бил надминат.

– Инспектор доби известување за соодветно случување во „Еуроникел" и веднаш доби налог да излезе на терен и да ја утврди фактичката состојба. Имало поголемо вбризгување на мазут од парниот котел, од страна на бренерот на котелот, па се појавил црн чад. Но, тоа траело само пет минути, изјави за МИА Хусни Тачи, раководител на сектор за инспекциски надзор при Државниот инспекторат за животна средина./МИА

притисни ентер