Законски дилеми - кој ќе управува со СЈО по притворањето на Јанева?

Кој и кога ќе ја наследи Катица Јанева на шефовската позиција на Специјалното јавно обвинителство ? 

Овие прашања се поставуваат откако таа вчера беше приведена, а државниот јавен обвинител Јовески на прес конференција рече дека СЈО се уште има мандат и доколку јавниот обвинител е спречен да ја извршува работата, Советот на јавните обвинители треба да назначат вд обвинител, од редот на обвинителите во СЈО повикувајќи се на Законот на јавното обвинителство.

Од друга страна, претседателот на Советот на јавните обвинители Коле Штерјев смета дека не може да се назначи вд обвинител без да и истече мандатот на Јанева. Тој за Канал 5 вели дека од Обвинителството е побарано да се достават информации и списи од предметот и врз основа на тоа да се изготви извештај дали Јанева ќе биде разрешена или не. Штерјев вели дека евентуалниот предлог за разрешеување понатаму би бил испратен до Собранието на одлучување.

Изјавата на државнот обвинител Јовески наиде на реакција и на претседателот на Собраниската комисија за избори и именувања Илија Димовски. Тој вели дека и постапката за назначување и разрешување на специјалниот обвинител е регулирана во специјалниот закон. И во двете постапки, вели дека не смее да се прескокне Собранието.

Во постапката за назначување процедурата почнува во Комисијата за прашања на избори именувања преку Собранието на РМ со двотретинско и бадентереово мнозинство се утврдува предлогот и се доставува до Советот на ЈО кој што само врз основа на предлог на Собранието може да назначи човек кој што ќе ја врши функцијата СЈО. Ниту еден друг орган или лице нема законско право да предложи вршител на функцијата специјален јавен обвинител, само Собранието ја има таа надлежност.

Во процесот на разрешување на специјалниот обвинител конечната одлука исто така ја носи Собранието, по предлог на Советот на јавните обвинители, вели Димовски. Тој рече дека се додека не се разреши досегашниот специјален обвинител не може да се назначи нов, за да немаме два специјални обвинители.

Според универзитетскиот професор Гордан Калајџиев во СЈО не може да се избира вд специјален јавен обвинител, затоа што се работи за строго монократски орган. Тој вели дека доколку се разреши Јанева, во истиот момент им завршува мандатот и на другите обвинители во СЈО.

Обвинителите што му помагаат дури немаат вистински целосен мандат за разлика од сите други обивинители, аналогија не е можна бидејќи духот на овој закон дава овластувањет специјално на обвинителот кој се бира во специјална процедура а сите други се негови помошници така што нема други можности според идејата и духот на законот да има вд обвинтиел од редот на обвинителите. Според законот нивното разрешување е директно врзано со мандатот на обвинителот. Смислата на законот е меѓудругото е да се тие нејзини луѓе од доверба, тие се еден тим, еден за сите сите за еден.

Калајџиев вели дека постапките на СЈО кои не се директно загрозени од злоупотреба во моментов ќе мируваат, а потоа ќе продолжат со новиот обвинител, останатите за кои постои сомневање за злоупотреби вели мора да сопрат.

Десетици повредени, откако траект удри во пристаништето во Неапол (ВИДЕО)

Триесет лица се повредени денеска во несреќа на траект што пловел кон италијанското копно од островот Капри во Средоземното Море, соопштија спасувачите.

Се уште нема официјално објаснување за настанот, но според првите информации брзиот брод Isola di Procida по пристигнувањето во градот Неапол удрил во пристаништето.

Иако има голем број повредени, никој нема посериозни повреди, соопшти спасувачката служба.

На островот Капри во Неаполскиот залив од вчера се одржува состанок на министрите за надворешни работи на Г7.

Капри е една од најпопуларните туристички дестинации во Италија. Овој остров, кој има помалку од 15.000 постојани жители, привлекува десетици илјади посетители секој ден во текот на сезоната.

Костадиновска-Стојчевска: Како што ветив, платите се за 12% повисоки за културните работници

Вработените во култура ја добија мартовската плата покачена за 12 проценти. Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска изјави дека со тоа, таа го исполни своето ветување.

„Како што ветив, платите на културните работници од денеска се покачени за 12 проценти.

Овааа Влада предводена од СДСМ се грижи подеднакво за сите. Од 2019 година до денес, покачувањето на платите во Секторот култура се искачи на 52 отсто, со потпишувањето на Колективниот договор“, изјави министерката за култура.

Костадиновска-Стојчевска додаде дека веќе две години се бори за повисоки плати за вработените во културата и успехот не може никој да го порекне. Платите пораснаа и повторно ќе растат.

„Не постои ниту еден чинител кој е против повисоки плати, особено кога Законот за кој оваа Влада се избори е на страната на културните работници“, вели министерката.

Таа, како предизборна игранка и манипулација ги оцени реакциите и протестите на СКРМ.

Вчерашниот состанок во Министерство за финансии, вели министерката за култура, „не беше свикан со намерата која Синдикатот за култура им ја презентираше на своите членови, нути пак за некаква игра, денес тоа се докажа“.

Костадиновска-Стојчевска во својата изјава ги повтори своите ставови, дека секогаш е на страната на вработените, за повисоки плати и за поголеми работнички права, соопштија од Министерството за култура.ж

Актерот Сергеј Трифуновиќ утре ќе биде сослушан во обвинителството, го уапсиле со марихуана

Актерот Сергеј Трифуновиќ утре ќе биде сослушан во обвинителството пред да се донесе одлука за ослободување или евентуален притвор.

Трифуновиќ по апсењето доби притвор до 48 часа, а утре ќе биде изведен на распит во обвинителството. По рочиштето ќе се знае дали ќе биде ослободен или приведен, објави Индекс.

За потсетување, Трифуновиќ синоќа е приведен во Белград заедно со негов познаник од кого наводно купил марихуана. Трифуновиќ претходно беше приведен во октомври минатата година, исто така во Србија, поради навреда на полицајци. Пред тоа имаше проблеми и со полицијата во Хрватска, за време на летниот одмор во Сплит, по што му беше забранет влез во ЕУ.

притисни ентер