Шпанскиот гигант Реал Мадрид со понуда за Нејмар се обиде да направи нов хаос на фудбалската берза.
Кралевите од Мадрид во желба да го ангажираат Бразилецот Нејмар на францускиот шампион Пари Сен Жермен му понудија 100 милиони евра плус жители на градост на светлоста да станат фудбалерите Герет Бејл, Хамес Родригез и Кејлор Навас, но од Париз пристигна едно големо „НЕ“ за оваа понуда.
ПСЖ веќе одби вакви слични понуди од Барселона и Јувентус, а крајот на преодниот рок е се поблиску.
Според последните случувања незадоволниот Нејмар најверојатно и следната сезона ќе остане на Паркот на принцовите .
Тренерот на популарните светци Томас Тухел веќе изјави дека Нејмар ќе биде подготвен за дуелот со Тулуз.