СДСМ: Правната држава функционира, никој не е над законите, истрагата да продолжи онаму каде што водат доказите

Градењето на независен, професионален и неселективен правосуден систем ги покажува вистинските резултати.

Правната држава функционира, законите важат за сите подеднакво.

Последните случувања, покажуваат дека никој не е над правдата и дека секој ќе одговара за своите постапки.

Како и досега, СДСМ ги охрабрува и ги повикува сите надлежни институции да продолжат со длабинска, независна истрага за случајот „Рекет", да постапуваат согласно законите.

Како одговорна партија, целосно ги поддржуваме напорите на истражните органи за целосно расветлување на овој, но и на сите досега отворени случаи.

Очекуваме истрагата да продолжи онаму каде што водат доказите, да ги покаже сите детали и никој да не биде поштеден, ниту амнестиран.

Одговорност мора да понесат сите инволвирани, без разлика на политичка или каква било друга припадност.

Нема да успеат обидите да се попречи правдата или истрагата да се насочи во друга насока.

Секој кој ги прекршил законите ќе одговара и од тоа нема отстапување.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Руското обвинителство побара Ала Пугачева да биде прогласена за странски агент

Руското обвинителство денеска побара од Министерството за правда да ја прогласи Ала Пугачева за „странски агент“, пренесуваат  агенциите.

Претходно во Русија имаше извештаи во медиумите дека властите подготвуваат ваков потег против иконата на советската поп музика, која се изјасни против војната против Украина.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков утринава изјави дека нема официјални информации во врска со ова прашање.

„Фокс њуз“: Американската влада потрошила најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина

Од „Фокс њуз“ во септември објавија дека САД потрошиле вкупно 101 милијарда долари за војната во Украина.

Американската влада потрошила најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина, но таа сума може да се смета за многу поголема поради трошоците за замена на оружјето и муницијата испратени во Киев, процени Пентагон, дознава американскиот телевизиски канал „Фокс њуз“.

Од „Фокс њуз“ во септември објавија дека САД потрошиле вкупно 101 милијарда долари за војната во Украина.

Според документите од Канцеларијата за менаџмент и буџет на Белата куќа испратени до сенаторот Џ. Д. Венс од американската сојузна држава Охајо, и до која Фокс њуз имаше пристап, САД потрошиле најмалку дополнителни 13 милијарди долари од септември за војната во Украина.

Директорката на Канцеларијата за менаџмент и буџет на Белата куќа, Шаланда Јанг, во писмо до Венс наведува дека американскиот Конгрес обезбедил 111 милијарди долари дополнителни средства како одговор на војната во Украина, вклучувајќи безбедносна, економска и хуманитарна помош.

Јанг истакна дека вкупните средства вклучуваат и средства „кои не отишле директно во Украина“, туку се користат за поддршка на таа земја, поради што понекогаш се појавуваат различни бројки за американската помош за Киев. /МИА

Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва

Почина уште едно повредено лице кое беше во критична состојба по нападот пред една недела во Москва, изјави рускиот министер за здравство Михаил Мурашко.

Така, бројот на загинатите во терористичкиот напад што се случи на 22 март во концертната сала „Крокус сити хол“ се зголеми на 141, а уште неколку повредени се во тешка здравствена состојба.

Министерот рече дека починатиот пациент имал сериозни прострелни рани, јавија руските медиуми.

притисни ентер