Путин смета дека САД може лесно да распореди нуклеарни проектили во Европа

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека САД би можеле да ги распоредат новите крстаречки ракети на копно во Романија и во Полска , што е закана и на што Москва ќе мора да одговори.

Пентагон во понеделникот соопшти дека успешно тестирале конвенционални крстаречки ракети со дострел од 500 километри, што е прво такво тестирање по пшропаста на договорот постигнат меѓу САД и Русија во 1987 година.  Тестирањето следуваше по повлекувањето на САД од договорот за ограничување на нуклеранотот вооружување од среден и краток дострел (од 500 до 5 500 километри).

Путин, зборувајќи за време на посетата на Хелсинки, рече дека Вашингтон би можел да ги користи постојните системи во Романија и Полска за да лансираат нови проектили, што значи дека може да ги распореди лесно , доколку сака.

„Лансирањето на оваа ракета може да се направи од постојните системи кои се веќе воспоставени во Романија и Полска. Сè што треба да направите е да го смените софтверот. Мислам дека нашите американски партнери нема да не информираат, дури ни Европската унија. Ова подразбира нови закани за нас, на кои ќе треба да одговориме “, рече Путин.

притисни ентер