Роналдо :Следната година би можел да ја завршам кариерата

Ѕвездата на Јувентус зборуваше за својата иднина и спомна дека би можел да се пензионира веќе следната сезона.

Но , тој не ја исклучи ниту можноста да игра се до своите четириесетти. Роналдо , кој сега има 34 години и минатата сезона играше на јависоко ниво, откако со реал освои се што можеше да се освои. Португалецот постигна 28 гола на 43 натпревари и го однесе Јувентус до титулата првак на Италија.

„Не размислувам за тоа. Можеби ќе ја прекинам кариерата следната сезона, и можеби ќе играм на возраст од 40 или 41 година“, изјави Роналдо за ТВИ во вторникот, додавајќи:

„Не знам. Она што можам да кажам е дека сè уште уживам во фудбалот и морам да продолжам.“

Договорот на Роналдо со Јувентус трае до 2022 година, а освен многуте трофеи освоени со Манчестер Јунајтед и Реал, Роналдо сака да биде најдобар и во поединечна категорија. Натпреварувањето со другите играчи е нешто што го тера да се подобрува секоја година.

притисни ентер