Уапсен американски тинејџер кој се заканувал дека ќе направи масакр на училиште (ВИДЕО)

,, Се колнам дека ќе ја донесам пушката на татко ми и ќе убијам најмалку седуммина во училиштево” , напишал тинејџер од американскито град Дејтона Бич на чет платформа за видео игри.

Овој коментар бил пријавен во ФБИ , по што 15 годишниот средношколец е уапсен. Тој рекол дека се шегува , а неговата мајка се расправа со полицијата , тврдејќи дека детето само си играло видео игри.

"Шега или не, овој вид коментар е кривично дело . По масовното убиство што го видовме во Флорида и низ целата земја, полициските службеници имаат одговорност да ги испитаат и обвинат оние што избираат да даваат ваков вид заканувачки изјави", се вели во соопштението на шерифот на округот Волусија.

И канцеларијата на шерифот, објави вознемирувачко видео кога полицајците дојдоа на домашната адреса за да го приведат 15-годишникот. Снимката не е шокантна, туку разговорот со мајката која не може да разбере и прифати дека нејзиниот син ќе заврши во малолетнички притвор за коментар додека играл видео игри.

„Тој е уапсен затоа што се заканил дека ќе изврши масакр со огнено оружје и / или терористички чин“, и рече полицаецот на мајката. "Да изведе масакр?" мајката прашува во неверување.

„Да. Тој даде изјава, закана, писмена закана, план да се изврши масакр со огнено оружје“, одговара офицерот.

„Но, тој е само мало дете што игра видео игри“, вели неговата мајка.

„И сите овие деца завршуваат уапсени. Затоа ФБИ и локалната полиција минуваат толку многу време, бидејќи како знаеме дека тој нема да биде дечкото од Паркланд?“вели полицаецот , алудирајќи на масакрот извршен во февруари 2018 година во средното училиште „Марџори Стономан Даглас“ во Паркланд, Флорида, од поранешен ученик на тоа училиште, Николас Круз, при што загинаа 17 ученици и наставници .

"Овие деца цело време велат такви работи. Тоа е шега за нив. Тоа е игра", инсистира мајката, додека момчето во лисици на рацете стои зад неа.

"И јас го губам своето време во полиција, апсејќи ги овие деца кои изјавуваат вакви изјави цело време. И ги запирам да го извршат тоа дело. Исто така, наша работа е да оствариме контакт затоа што децата мислат дека тоа е игра или шега, коментар “, објаснува полицискиот службеник, кој очигледно веќе има искуство со апсење на учениците во врска со заканите за масакр.

Лек за слабеење кој ја зголемува плодноста кај жената

Лекот за дијабетес „Оземпик“ (Ozempik), којшто многу жени го користат и за губење килограми, има уште еден „неочекуван ефект“ - бременост, објави „Пипл“ (People).

Дека сè ова не е случајност, се чини, укажува тоа што на интернет сè почесто се појавуваат приказни за жени кои забремениле поради „Оземпик“... Се покажа дека тој лек некако „ги неутрализира“ контрацептивните средства коишто корисничката ги зема во истовреме... А пак, други си се сметале за неплодни, па бременоста ги изненадила. Така, една жена раскажува дека не можела да забремени неколку години, па со партнерот им успеало откако таа два месеци редовно земала „Оземпик“ заради слабеење. И, родила здраво дете.

Се испостави дека самото губењето тежина, всушност, влијае врз плодноста и општото хормонално ниво.

- Дури и ако се работи за само неколку килограми, тоа веќе може да доведе до продолжување на овулацијата кај жената и таа ќе може да забремени. Нашите масни клетки произведуваат естроген, којшто може да има негативен ефект врз нашите јајници и овулацијата. Тоа може негативно да влијае и на слузницата на ендометриумот, вели акушер-гинекологот Иман Салех.

Покрај тоа, „Оземпик“ со својата формула го намалува и ефектот на контрацептивни лекови, што бара дополнително внимавање додека се зема овој лек.

Сепак, лекарите забрануваат земање на лекот само заради бременост - тоа е премногу опасно и за мајката, а потоа и за детето.

„Испитувањата на стаорци, зајаци и мајмуни покажуваат дека лековите за слабеење може да предизвикаат и спонтан абортус и вродени деформитети ако се земаат за време на бременоста. Сè уште нема студии за луѓе. Жената, исто така, треба да престане да зема лек за слабеење најмалку две недели пред бременоста“, препорачува компанијата-производител на лекови, „Ново Нордиск“.

Опасностите се, сепак, преголеми за да се експериментира на себе, според лекарите. /МИА

Објавен Конкурсот за запишување во јавните средни училишта за учебната 2024/2025

Министерството за образование и наука денеска го објави Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2024/2025 година.

Во Конкурсот се наведени слободни места во училиштата во Град Скопје и општините низ државава за гимназиско, стручно и уметничко образование, за Математичко-информатичката гимназија, Спортската академија и за училиштата за настава на ученици со посебни образовни потреби.

Пријавувањето на учениците ќе биде електронско преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава за средношколци преку нивните кориснички сметки на Schools.mk.

Во јунскиот уписен рок има две електронски пријавувања – првото ќе биде од 20 јуни до 25 јуни, кога ќе се доставува и потребната документација до училиштата. Конечната ранг-листа од првото пријавување ќе биде на 26 јуни.

Второто електронско пријавување ќе биде на 1 и 2 јули 2024 кога воедно ќе се доставуваат и документите до училиштата, а конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места секое училиште ќе ја објави на 3 јули 2024.

Во августовскиот уписен рок пријавувањето ќе се врши на 21 август 2024.

Во Конкурсот се содржани условите и критериумите за запишување, насоки за спроведување на конкурсот, роковите за запишување со детали за полагање на квалификациските тестирања и за објавување на резултатите.

Новинар на „Тајмс“: Алонсо не е на потесниот список на замени на Клоп

Продолжуваат шпекулациите околу иднината на тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо. Шпанскиот стручњак најмногу се поврзува со Баерн Минхен и Ливерпул, а конечната одлука на тренерот кој брка тројна круна со „аспирините“ се уште не е позната.

Сагата помеѓу Ливерпул и Чаби Алонсо доби вистински пресврт бидејќи познатиот новинар Пол Џојс, кој е близок до „црвените“ и работи за „Тајмс“, објави дека шпанскиот тренер нема да се најде на потесниот список на замени на Јирген Клоп.

Тоа е многу остар пресврт од првичните гласини кои го поврзуваа Алонсо конкретно со тимот, но според сите сметки тој изгледа малку веројатно да застане на чело на Ливерпул, а сега се очекува Шпанецот да остане во Баер Леверкузен./МИА

притисни ентер