Во тек се консултации за новата италијанска влада- вонредни избори наесен

Италијанскиот претседател Серџо Матарела ги почна преговорите со политичките лидери за решавање на најновата политичка криза во земјата.

Со оставката на премиерот Џузепе Конте , кризата е формализирана , а почна со острите кавги со потпретседателот на владата и лидер на партијата Лига, ултрадесничарот, Матео Салвини.

Матарела ќе се сретне со претседателите на двата дома на италијанскиот Парламент и со лидерите на политичките партии, а сите разговори треба да бидат завршени во четврток.

Претседателот се очекува да побара од еден од лидерите на партиите да формира нова влада.

Ако тоа се покаже непрактично, Метарела би можел да го распушти парламентот и да распише предвремени избори.

Изборите би можеле да се одржат кон крајот на октомври или почетокот на ноември.

Лево-центристичката Демократска партија (ПД) соопшти дека е отворена за разговори за формирање нова влада со популистичкото движење Пет Sвезди (М5С).

Партијата е подготвена да разгледа дали има услови за „влада за промени“, им рече на новинарите лидерот на ПД, Никола Зингарети по денешниот состанок на претседателството на партијата.

М5С беше првично посилен партнер на Лига во владата, но Салвини ја напушти четиринаесетмесечната коалиција.

Владата на М5С и ПД е практично единствениот начин да се спречат нови избори, на кои, според анкетите на јавното мислење, Салвини убедливо би победил.

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел, се откажав од надомест

Овој е само еден од низата примери на неодговорно, нечесно и валкано однесување на политичката сцена од страна на Ковачки, вели Петровска.

Како што ветив транспарентност од почеток до крај на процесот против изнесените лаги, клевети и навреди од страна на Драган Ковачки врз мене сакам да Ве известам дека Основниот граѓански суд во Скопје по сите прикажани докази од моја страна донесе одлука со која се утврдува дека тужениот Драган Ковачки искажал невистини и лаги односно неправедно ме клеветел во јавност со цел ми го наруши угледот и честа во очите на јавноста. Ова го објави предмалку министерката за одбрана Славјанка Петровска на нејзиниот фејбук профил.

- Овој е само еден од низата примери на неодговорно, нечесно и валкано однесување на политичката сцена од страна на Ковачки. Како што кажав и на почетокот во медиумите: "Пари од нечесник не сакам" и Ве известувам дека се откажав од паричниот надомест, напиша Петровска.

На ФБ министерката за одбрана напиша дека секој го прави тоа што најдобро го знае, „тие со лагите, јас со труд и одговорна и чесна работа“.

Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор

Американското Министерство за транспорт денеска и додели 60 милиони долари на сојузната држава Мериленд за помош по уривањето на мостот Френсис Скот Ки откако во него удри товарен брод.

Гувернерот на Мериленд Вес Мур претходно побара средства за помош во „мобилизацијата, операциите и отстранувањето на отпадот“.

Мур додаде дека овие средства ќе ги постават темелите за брзо закрепнување.

Инаку, по уривањето неколку работници паднаа во водите на реката Патапско. Телата на двајца мажи, на возраст од 35 и 26 години, беа пронајдени во средата, на 7,6 метри под вода во реката Патапско.

Жртвите паднале од височина од 50 метри во водата, која била околу -1 Целзиусов степен во моментот на падот, изјави портпаролот на противпожарната служба во Балтимор, Кевин Картрајт.

Несреќата се случи во вторникот откако товарниот брод „Дали“ удри во еден од столбовите на мостот. /МИА

Земјотрес во Грција со јачина од 5,7 степени

Земјотрес со јачина од 5,7 степени, според податоците од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, беше регистрирани кусо по 9 часот во морскиот дел западно од грчкиот полуостров Пелопонез, јави дописничката на МИА од Атина.

Земјотресот беше почувствуван во целиот регион на Пелопонез, особено во западниот дел, но и во Атина.

Засега нема информации за повредени или материјална штета.

Геодинамичкиот институт првично објави дека биле регистрирани два земјотреси од 5,6 и 5,7 степени со неколку секунди разлика, нешто што кусо подоцна го промени во еден земјотрес, а и според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, станува збор за еден земјотрес со јачина од 5,7 степени. /МИА

притисни ентер