ФБИ спречи нов масакр во САД – возач на камион сакал да пука во црква (ВИДЕО)

ФБИ во Индијанаполис уапаси возач на камион , кој за неколку дена планирал да изведе масовно убиство во црква во државата Тенеси.

Според обвинението 38- годишниот Томас Метју МекВикер планирал во четврток да изврши масакр во црквата во Мемфис. За неговите намери на полицијата и се јавил пријател на МекВикер , кој рекол дека тој планира масовно убиство и самоубиство.

,,Размислувам за пукање во црква, но се плашам дека тоа ќе влијае на моето семејство ако останам жив“, напиша МекВикер во пораката до пријателот на 9. август.

МекВикер не ја кажал причината за планираниот напад, но му кажал на еден пријател за „змии“ и зли „ентитети“ кои го напаѓале и мачеле.

Мајката на МекВикер им кажала на агентите на ФБИ на 12 август дека тој поседува пиштол Ругер П90, зема лекови за шизофренија и повремено користел кокаин и метамфетамин.

На 14 август, МекВикер и кажал на познаничка по телефон дека ќе „пука“ во црква во Мемфис. Таа рече дека зборувал со неа со лут тон, додавајќи дека има намера да го земе ножот и да му го исече гркланот на свештеникот.

Здружението „Илинден“ од Тирана со медиумска кампања ќе ги охрабрува Македонците да се изјаснуваат за тоа што се

Албанските власти признаваат постоење на македонско малцинство само во Мала Преспа, истакнува претседателот на здружението Илинден-Тирана, Никола Ѓурѓај, кој најавува кампања за зачувување на македонскиот национален идентитет во Албанија.

„И покрај барањата во континуитет, по падот на тоталитарниот режим, се уште на Македонците не им се признава статус на малцинство на целата територија на Албанија. Но,без оглед на тоа, многу меѓу Македонците чувствуваат и страв и не се изјаснуваат она што се.“

Тој обвинува дека десетина илјади Македонци кои живеат во Тирана, Елбасан, Драч, Корча и други градови го губат правото на самоопределување, додавајќи дека дури и оние кои ќе решат да живеат надвор од Преспа го губат тоа право.

Според него, голем дел од нашите сонародници стравуваат да се изјаснат како Македонци, особено оние кои работат во администрацијата или пак добиваат социјална помош.

Според податоците на македонските друштва во Албанија живеат од 120.000 до 150.000 Македонци.

Трипуновски обвини за лошата ситуација во македонското земјоделство

Трајан Димковски се исплаши, па мораше да го повика на помош Љупчо Николовски да го брани. Љупчо и ти и Трајан и Зоран Заев, сите заедно сте виновни за лошата ситуација во македонското земјоделство.

Лозарите имаат реален проблем и тој е креиран од оваа власт. Додека лозарите одат со испукани петици и скинати патики, вие кратите пари наменете за земјоделците, пиете скапи вина и јадете луксузни јадења.

Ти Љупчо заедно со Зоран Заев им ветивте на лозарите сигурен откуп и високи откупни цени. Па нели ти е срам Љупчо што три години ништо не направивте!? Сигурен откуп нема, а цените се ниски, по ниски од што беа.

За тутунарите подобро и да не зборуваме. Што ќе им кажете? Дека вашиот партиски функционер Кире Неделковски украл 300.000 евра од тутунарите? Дека го штитите од институциите да не го процесуираат неговиот криминал!?

Љупчо вие немате ама баш никаков кредибилитет да зборувате за земјоделците, бидејќи не сте ја виделе и почувствувале земјодлеската мака.

Земјоделците се напатени луѓе, кои со што многу труд и пот си го заработуваат лебот. Немојте само да им го земате од уста.

Но Љупчо, бидејќи Трајан те викна тебе да го браниш, а ти сигурно ќе го викнеш Зоран Заев, кажи му на Заев дека земјоделците не ви простуваат. Од тука од земјоделска Струмица јас ви порачувам дека на СДСМ му се гледа крајот.

Цветан Трипуновски – член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Боки 13 во понеделник, Јанева во вторник на распит кај Русковска за ,,Рекет“

Во Македонија до сега освен во случајот со бомбите има и други случаи каде нелегално прибавени материјали се користелие како докази, важен е јавниот интерес велат експертите.

 Ова прашање се отвори  по вчерашната изјава на адвокатката на Катица Јанава која рече дека не може да се поистоветат снимките од „бомбите“ и снимките поврзано со случајот „Рекет “.

Снимките од нелегалното прислушување беа озаконети со Закон за СЈО, а овие докази се третираат како докази кои се прибавени на незаконит начин и како такви треба да бидат издвоени од постапката, рече  Фрчкоска адвокатаката на Јанева. Експертите се децидни   дека судот одлучува што ќе се користи како доказ, а адвокатите треба да внимаваат со своите изјави во јавноста.

Јавноста во Македонија памети неколку случаи каде нелегално прибавнеи снимки се користеле како докази вели Николовска

„Милам дека на адвокатите им е познат случајот со жената што го малтретираше детето “-Маргарита -Цаца Николовска.

Според извори на  Канал 5 во понеделник предвидено е да биде сослушан  првосомничениот за случајот Рекет Бојан Јовановски, а во вторинк во Обвнителството  за организиран криминал  на распит ќе биде изведена поранешната обвинителка Јанева. 

Според непотврдени информации до сега на сослушување во обвините   лството  биле над 85 лица.

притисни ентер