Јанева на распит во Кривичниот суд – Ќе има ли притвор?

По четири часовни претреси, и во Специјалното јавно обвинителство и во нејзиниот дом, специјалната јавна обвинителка од пред 40-тина минути е во Кривичниот суд, кој треба да одлучи дали ќе и одреди притвор на Јанева. Official facebook: https://www.facebook.com/Kanal5Televizija/ Web: http://kanal5.mk/ Copyright: OnAir Media Group

Во сите дебарски училишта оналајн настава

 Општина Дебар не доби согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците во ниту едно училиште, чиј основач е Советот на општината.

-Во трите општински основни училишта и гимазијата, според одлуката на Владата, наставата ќе се изведува онлајн. Ние како општина побаравме настава со физичко присуство на учениците да се овозможи во основното училиште „Пенестија" и гимазијата „ 28 ноември". Планираме седница на Советот на општината од каде ќе доставиме барање одлуката да се преразгледа, изјави за МИА градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука.

Во гимназијата сметат дека ги исполнуваат сите услови за настава со физичко присуство на учениците.

-Оваа одлука е разочарувачка. Најпрво располагаме со објект и простор кои ретко ги има во државава, со посебно внимание ги исполниме сите услови, точка по точка врз основа на барањето на надлежните институции. Соодветната комисија беше на увид и како што кажаа нема никаков проблем, но одлуката е донесена со која воопшто не се согласуваме, изјави за МИА директорот на гимназијата, Рамадан Имери.

Додаде дека со доволен простор за тоа располага и новиот објект на гимназијата во селото Могорче, каде функционираат истурени паралелки.

Фото: Во Албанија уапсена пејачка од Косово

Албанската полиција на граничен премин ја уапсила популарната пејачка од Косово Фјола Морина.

Атрактивната Морина која се прославила со хитот „Кучка“ е приведена под сомнение дека нелегално преку границата сакала да пренесе пиштол. Албанската полиција во нејзината чанта пронашла пиштол, а потоа при претресот на возилото пронајден е уште еден пиштол кој изгледа како запалка.

Сексапилната пејачка е позната и по тоа што обожува на социјалните мрежи да објавува свои провокативни фотографии.

Стефановски:Над 100.000 граѓани живеат со 50 денари на ден,а Заев троши милиони за кондоми

Над 100.000 граѓани го поминуваат денот со 50 денари на ден, а  немаат ниту за леб, а Заев дава неколку милиони денари за набавка на кондоми и лубриканти, рече Стефан Стефановски, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Набавка на 187.000 кондоми и 50.000 лубриканти на државна сметка во време на огромна сиромаштија и страшна пандемија е класично расипништво и расфрлање со нашите пари.

Владата ќе потроши неколку милиони денари за набавка на кондоми и лубриканти, а нема ниту денар за компјутери или брз интернет за децата кои ќе мора наставата да ја следат од дома, а кои дел од нив немаат за компјутери, а дел немаат брз интернет. Но секако тоа не е важно за власта, бидејќи изборите поминаа, а со тоа и потребата да се покаже грижа за народот исто така.

Функционерите во зградата зад мене мислат дека си обезбедиле четири години мандат, со високи плати, големи привилегии и моќ, и со тоа автоматски можат да прават што сакаат.

Имаат пари да одвојат неколку милиони за кондоми и лубриканти, а немаа ниту денар четири години наназад да направат нов студентски град, ниту пак да реновираат или доградат некој од постоечките домови.

Милиони се даваат за кондоми и лубриканти, а дел од учениците како од основните, така и средните училишта немаат учебници, ниту електронски, ниту печатени.

Владата е расипничка и не се грижи за нас учениците, студентите, граѓаните воопшто.

40.000 наши сограѓани останаа без работа поради пандемијата од коронавирусот и неспособноста на власта да ги зачува нивните работни места. Тоа се 40.000 граѓани, односно наши родители, браќа, сестри, познаници.

Во 40.000 семејства мака се мачи како да се помине месецот, а некои деца страдаат за леб, а Зоран Заев нема проблем наместо да им помогне да даде неколку милиони денари за кондоми и лубриканти.

Во Македонија имаме 17 илјади заболени од коронавирусот до сега, во ек на пандемија фалеа маски, ракавици и дезинфициенси, а немаше ниту тестови па се примаа донации, а владата дава милиони за кондоми и лубриканти.

Мафијата троши на кондоми, а народот нема за леб. Ова лудило мора да запре, рече Стефановски.

притисни ентер