Традиционално летно искачување до Титов Врв

По 11-пат претстојникот викенд ќе се одржи традиционалното летно искачување на Титов врв во заедничка организација на Планинарските клубови Тетекс и Јелак од Тетово. Организаторите очекуваат голема посетеност на планинари од цела Македонија.

Акцијата е планирана како дводневна, така што во сабота, доколку има заинтересирани, ќе има организирано ноќевање на Попова Шапка. В недела, во шест часот е планирано тргнувањето со организиран превоз од пред Центарот за култура во Тетово, додека во седум часот од пред платото на хотелот Попова Шапка ќе се тргне кон Титов Врв.

– Искачувањето ќе се одвива исклучиво по Вакуфската патека за што двата клуба обезбедуваат водичи и техничка поддршка за време на акцијата. Сите останати кои што нема да се придржуваат кон инструкциите на водичите и поставената патека ќе се сметаат дека не се учесници на настанот и за нив двата клуба не превземаат никаква одговорност, вели Снежана Новаковска од ПК Тетекс

Патеката е со должина од околу 12 километри за што се потребни околу четири часа за искачување.

– Патеката е со средна тежина, а имајќи предвид променливата временска прогноза, се препорачува сите учесници да имаат заштита од сонце, ветер и дождливо време. Вода има само на половина пат на местото наречено Казани со што се препорачува секој по сопствена проценка и потреба да си ја планира количината на вода што ќе ја носи со себе. Минималната количина на вода се препорачува да не биде под еден литар, вели Борис Стојановски од ПК Јелак.

Сите заинтереирани планинари пожелно е да го пријават своето учество кај организаторите, односно планинарските клубови Тетекс и Јелак, заради успешно организирање на настанот./МИА

Програмерите и вработените во воздухопловниот транспорт со највисоки плати

ДЗС соопшти дека просечната бруто плата во земјава за февруари изнесува 58.967 денари, додека пак нето платата за истиот месец е 39.276 денари.

Програмерските плати повторно на врвот. Просечните примања на информатичарите во земјава изнесуваат 93.852 денари, објави Државниот завод за статистика, а највисоката просечна бруто плата исплатена во овој сектор изнесувала над 2300 евра (142410 денари)

После програмерите, следуваат вработените во Воздухопловен транспорт со просечна нето плата од над 1100 евра и Телекомуникации со 65.134 денари.

Нешто под илјада евра нето плата добиваат работниците во фармацевтската индустрија и вработените во стручните, научни и технички дејности.

ДЗС соопшти дека просечната бруто плата во земјава за февруари изнесува 58.967 денари, додека пак нето платата за истиот месец е 39.276 денари.

Од друга страна пак, вработените во заштитните и истражните дејности земаат најниски просечни плати кои изнесуваат 22.702 денари.

Гледано по сектори, најниска просечна плата е во објекти за сместување и сервисни дејности со храна, со 27.617 денари. А, под општиот месечен просек се платите во снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината – 30.953 денари, па во земјоделство, шумарство и рибарство – 31.362 денари, каде што најнизок, од 24.815 денари е во рибарство и аквакултура.- Државен завод за статистика

Трошоците за живот и натаму растат. Минималната синдикална кошница за првпат ја надмина и психолошката граница од 60 илјади денари со скок од 1.200 денари во однос на март.

Без инциденти и нерегуларности се одвива изборниот процес во Тетово, излезноста до 13 часот 21

Излезноста до 13 часот 21 %.

Најстариот гласач е 111-годишен жител на Тетово, каде изборниот процес се одвива мирно и без нарушувања.

Сандра Спасовска е во Тетово, целосниот извештај погледнете го во видеото.

Во Охрид приведено лице кое го фотографирало гласачкото ливче

Полицијата во Охрид денеска во 12:15 часот го привела лицето А.И.(48) од Охрид, затоа што го фотографирал гласачкото ливче на Избирачкото место 1271 во Охрид.

Како што соопштија од СВР Охрид, по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

притисни ентер