Ексклузивно: Приведена Катица Јанева!

Бројни полициски сили пред малку влегоа во домот на специјалната обвинителка Катица Јанева во населбата Козле во Скопје.

Блокирана е и улицата каде се наоѓа домот на обвинителката. Канал 5 е на терен, повеќе информации набрзо. Полицијата ја приведе Катица Јајнева.

Од таму со големо полициско обезбедување е однесена во просториите на Специјалното јавно обвинителство.

Потоа специјалната обвинителка се очекува да биде однесена во Кривичниот Суд во Скопје.

Акцијата на МВР помина мирно и Јанева не пружаше отпор.

Приведувањето на обвинителката доаѓа само еден ден по нејзиното сведочење во Обвинителството, кое за во 14 Часот најави вонредна прес конференција.

По налог на на обвининителството за организиран криминални корупција денеска е приведено лицето К.Ј, потврдија од МВР за Канал 5.

Видео: Слоница избега од циркус и се прошета низ град во САД

Слоница избега од циркус во Бјут, Монтана,САД, при што ја пробила оградата и 10 минути се движела низ улиците на градот.

На видеоснимките од безбедносните камери и од очевидци, се гледа како слоницата Виола со доста голема брзина се движи по градот, додека циркускиот тренер оди и трча по неа и се обидува да ја смири и скроти. Дополнителен проблем бил звуците од возилата во близина што го исплашиле големото животно.

Откако малку се смирила, Виола продолжила кон блискиот тревник, каде што нејзините сопственици ја пресретнале со приколка каде што имало уште еден, помал слон - за да ја намамат. Виола потоа мирно влегла во приколката.

Истата вечер, според планираното, слоницата имала точка во циркусот.

Групите за заштита на животните, по повод овие настани, ги критикуваа сопствениците на слоницата, тврдејќи дека „очигледно принудено да настапува во циркусот“, животното сакало да избега од натамошно тормозење. /МИА

Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’

Втора година по ред специјализираниот портал за вработување-vrabotuvanje.com ја организира манифестацијата ,,Работодавач на годината’’, на која ги прогласува најдобрите работодавачи и најдобрите практитки имплементирани во полето на човечките ресурси.

Флекс Кредит оваа година доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.

Оваа награда е уште една потврда дека луѓето, вработените ни се секогаш на прво место! Изминатата година имавме голема експанзија и го збогативме тимот за нови 110 вработени со крајна цел: да понудиме добра и квалитетна услуга за нашите клиенти.

Нашите вработени може да се пофалат дека работат во компанија со многу настани, бенефиции, дружења, како и можности за кариерен раст и развој.

Работобарателите пак, не препознаваат по активностите кои ги креиравме кон нашите вработени, како и по можностите за кариерен развој,

2023 година ја започнавме со нашата стратегија за ,,Employer Branding’’ во која го синтетизиравме искуството, идеите и желбите и ги претворивме во реализација, со цел креирање на визија на ,,Работодавач кој претставува прв избор при вработување’’.

Креиравме долгорочна стратегија со точни и прецизни насоки каде сакаме да стигнеме, да привлечеме вработени кои ќе го делат успехот со нас и кои ќе овозможат оддржливост на долг рок, додека истовремено уживаат во секој момент во работењето во Флекс Кредит.

Оваа награда ни е прва и многу значајна и истата ја посветуваме на сите кои веруваа во нас, на нашите колеги, на нашите претпоставени и на нашите семејства - изјави Лилјана Бојковска - Менаџер за човечки ресурси во Флекс Кредит.

Петровска од Тетово: На 8 мај избираме да продолжиме по вистинскиот пат

Минималната пензија 20.000, а просечната 30.000 денари, на 8 мај избираме да продолжиме по вистинскиот пат.

Огромна чест, но и голема одговорност е да се биде носител на листата на Коалицијата за европска иднина, предводена од СДСМ и на оваа листа ќе видите имиња на 20 личности, со име и презиме, различни по етничка и верска припадност, различни по возраст, жени и мажи, но личности со интегритет, чесни и одговорни и најважното лојални на државата и европските вредности околу кои сме обединети, порача денеска на прес-конференција носителката на листата за пратеници во изборната единица шест, Славјанка Петровска.

Таа порача дека СДСМ и Коалицијата се подготвени професионално, одговорно и посветено да ги исполнат сите ветувања кои во форма на мерки и политики се напишани во Програмата за европска иднина.

„Подготвени сме и нема да се откажеме се додека Македонија не стане дел од Европската унија и се додека не обезбедиме минимална плата од 600 евра, а просечна плата од 1.100 евра. Платите ќе продолжат да растат, ќе растат и пензиите. Минималната пензија ќе изнесува 20.000, а просечната пензија 30.000 денари“, посочи Петровска.

Петровска додаде дека е време да се исправат грешките што се направени во изминатите седум години а кои се однесуваат на погрешна кадровска политика, слаби резултати во овозможувањето на правдата и воочени слабости во системски процеси и побара поддршка од граѓаните на 8 мај.

„Изминатите 7 години на власт, СДСМ и Коалицијата донесоа државнички одлуки кои на државата и овозможија придвижување напред и место на иста маса со најмоќните држави дел од воено политичкиот сојуз НАТО. И време е, без одлагање, без лажен патриотизам да ја донесеме одлуката државата да продолжи по вистинскиот пат и да не се врати назад во некои неизвесни времиња. Во изминатиот период покажавме дека нудиме и носиме решенија, а не изговори. Затоа денеска и јас и сите кои сме на листите за пратеници можеме да излеземе пред граѓаните, да ги погледнеме во очи и со чист образ да им порачаме дека нема да се откажеме од иднината. Ќе продолжиме да работиме за граѓаните, за државата. Нема откажување од иднината, на 8 мај избираме да продолжиме по вистинскиот пат“, изјави Петровска на денешната прес-конференција во Тетово.

притисни ентер