Во Кина уапсен работник на британскиот конзулат во Хонгконг

Работник на британскиот конзулат во Хонгконг е уапсен во кинескиот град Шенжен, соопшти министерството за надворешни работи на Кина.

Во соопштението Министерството наведува дека Британецот ги прекршил законите, но не е прецизирано за што се работи, пренесува „Ројтерс“.

Британското Министерство за надворешни работи соопшти дека е длабоко загрижено заради наводите дека еден вработен во британскиот конзулат во Хонгконг исчезнал откако отишол на работна посета во Кина.

Од Министерството наведуваат дека побарале информации од Хонгконг и провинцијата Гуангонг во врска со вработениот кој како што пренесува AP, е приведен додека преминувал граница од кинескиот град Шенжен во Хонгконг.

Локалните медиуми јавуваат дека се работи за Симон Менкит, кој е задолжен за трговија и инвестиции. Тој присуствувал на некој настан во Шенжен на 8-ми август.

Се наведува дека не се вратил во Хонконг иако планирал со воз да се врати уште истиот ден.

Солзавец и водени топови на протестите меѓу граѓаните и полицијата против нов прифатен центар за мигранти (ВИДЕО)

Полицијата  употреби солзавец и водени топови за да ги растера грчките островјани кои се обидоа да го блокираат пристапот до градилиштата за нови центри за прием на мигранти.

Жителите на островите Лезбос и Хиос стравуваат дека новите центри за прием на мигранти, кои ќе ги заменат привремените кампови за бегалци, ќе ги направат островите трајно пренатрупани.

Властите, меѓутоа, велат дека новите затворени центри, ќе значат подобар јавен ред и безбедност и ќе ги намалат ризиците за јавното здравје, особено поради  ширењето на коронавирусот ширум светот.

Локалните власти предупредуваат дека отворените простори, како бегалските кампови, се временска бомба за појава на инфекции , вклучително и зараза од коронавирус од големи размери.

ВМРО-ДПМНЕ денеска на марш за правда

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска организира протестен марш од Oбвинителството до Врховниот суд.

Од партијата велат дека на овој начин сакаат да упатат порака за почитување на правдата, како и дека ќе се спротивстават на кршењето на Уставот и законите.

Протестот го следи Тамара Стојкова...

Турција уништува град стар 12 илјади години со изградба на брана

Секој ден стотици луѓе гледаат од бреговите на Тигар во југоисточна Турција, како пред нивните очи исчезнува древниот , 12000 години стар град Хасанкеиф , поради изградбата на брана.

Поради изградбата на гигантската брана Илису со височина од 135 метри, 80 километри од градот населен со милениуми, Хасанкејф , кој заедно со околните области ќе биде поплавен.

Поради проектот Југоисточна Анадолија од страна на владата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за економското закрепнување во најнеразвиениот дел од земјата, ќе бидат раселени 80.000 луѓе од 199 села и една неизбришлива урбана населба што ги поврзува модерните времиња, средниот век и  антиката ќе исчезнат под незапирливата моќ на водата.

Површината на езерото треба да биде на 60 метри над денешното средно ниво на Тигар, што значи дека ќе бидат поплавени 80 проценти од Хасанкејф и околните населби, вклучувајќи 300 историски места што сè уште не се истражени.

Соседниот Ирак има сериозни забелешки на проектот, плашејќи се дека изградбата на браната може да го загрози снабдувањето со вода од Тигар.

Некои аналитичари заклучуваат дека Ердоган планира да го користи системот на браната Еуфрат и Тигар за да го контролира снабдувањето со вода не само во Ирак, туку и во Сирија, како средство за политички притисок.

Ирачките активисти предупредуваат дека оваа брана ќе го намали протокот на Тигар во Ирак за 40 проценти, дека квалитетот на водата ќе се влоши, ќе стане посолена  и  следствено, несоодветна за пиење и наводнување во Ирак.

Во областа каде што се гради браната, населението главно го сочинуваат Курди со само малку Асирци. До осумдесеттите години на минатиот век, традиционалните пештери покрај реката биле населени со Асирци и Арапски Христијани, но тие потоа емигрирале главно во Германија, Франција и Швајцарија, заради војната на турската влада против Курдистанската работничка партија (ПКК).

Изградбата на браната започна во 2006 година и Германија, Австрија и Швајцарија беа подготвени да учествуваат во проектот, но сите три земји ја повлекоа својата финансиска поддршка во јуни 2009 година.

Браната Илису ќе произведува 1200 мегавати електрична енергија и ќе биде четвртата по големина брана во Турција по однос на производството на енергија.

притисни ентер