Се поставуваат информативни табли за културно-историски споменици во Струмица

Во рамките на проектот креиравме две туристички патеки

Во тек е поставување на 11 информативни табли со историски податоци, датирање и фотографија на локалитетите кои се дел од двете нови креирани туристички патеки од страна на Здружението за култура и развој на креативни индустрии „Транзен" од Струмица, кое од почетокот на годината го реализира проектот „Струмица како културно-историска туристичка дестинација".

Таблите се поставуаат на локалитетите „Свети 40 Севастиски Маченици и Римска Терма" во Бања Банско во село Банско, „Свети 15 Тивериополски Маченици" во Струмица, „Орта Џамија" во Струмица, „Мачук" во Струмица, „Света Богородица Елеуса" во село Вељуса, Комплекс Водочки Цркви „Свети Леонтиј" во село Водоча, „Цареви Кули" во Струмица, „Турска Кула" во Струмица, и локалитетот „Средновековна црква во Струмица".

-Во рамките на проектот креиравме две туристички патеки и тоа: „На патот кон духовната традиција-1000 години Струмичка епископија" со одбележување на средновековни цркви и археолошки сакрални објекти од средниот век на територијата на општина Струмица, и „Седум илјади години цивилизација од праисториска населба до средновековно утврдување", каде е проследен развојот на човечката цивилизација. До археолошките локалитети од двете понудени туристички патеки во следниот месец ќе бидат направени пристапни патеки до локалитетите и маркери, информира Јасмина Пијанманова од Здружението „Транзен".

Додаде дека во рамките на проектот е подготвен и испечатен туристички водич на англиски јазик, каде преку развиените туристички патеки го презентираат културно-историското наследство на потенцијалните туристи во општина Струмица. Во тек е изработката и на интернет апликација, која во себе ќе ги инкорпорира различните настани, развиени туристички патеки направени од стручни лица, туристички атракции, активни занаетчии и галерии на уметници, културни манифестации и фестивали, активности и места за разгледување во градот и околината од една страна и збогатување на туристичката понуда на општина Струмица, искористувајќи го богатото културно-историско наследство.

Проектот се спроведува во рамките на регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (RELOAD), финансирана од Европската Унија, а спроведувана од програмата за развој на обединетите нации (УНДП) и се имплементира во соработка со НУ „Завод за заштита на спомениците на култура и Музеј-Струмица".

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер