Помпео се заканува со санкции поради иранскиот танкер!!

САД ќе преземат се што можат за да не дозволат иранскиот танкер да успее да и достави нафта на Сирија во Средоземното море, и на тој начин да се прекршат американските санкции, изјави државниот секретар на САД Мајк Помпео.

Помпео ја предупреди официјална Атина да не му помага на иранскиот танкер и се закани со санкции доколку тоа се случи, пренесе Ројтерс.

Официјална Грција соопшти дека не добила никакво барање од танкерот за пристанување во едно од нивните пристаништа.

-Јасно им дадовме до знаење дека ако допуштат иранскиот танкер да влезе во пристаниште ризикуваат САД да им воведе санкции, изјавил Помпео.

Американскиот државен секретар воедно истакнал дека САД ќе сторат се за го спречат заминувањето на иранскиот танкер во Сирија.

ОБСЕ/ОДИХР: Предвремените парламентарни избори во Македонија генерално добро спроведени

Предвремените парламентарни избори во Македонија беа добро организирани и покрај пандемијата, но правната сигурност остава простор за загриженост. 

Денот на гласање помина мирно и покрај одредени технички предизвици поврзани со известувањето за резултатите, се наведува во прелиминарната оценка за изборите на меѓународниот набљудувачки тим на ОБСЕ/ОДИХР.

Во прелиминарниот извештај се наведува дека изборите беа генерално добро спроведени и кандидатите можеа слободно да водат изборна кампања, но правната сигурност беше поткопана поради значајни промени на законската рамка и последователните владини уредби со законска сила.

-Ова се многу предизвикувачки времиња за одржување избори и ги препознаваме напорите на властите да се прилагодат на новите околности. Сепак, постојат неразјаснети прашања околу Изборниот законик, и процеси кои често доведуваа до политички договори во последен миг. Властите треба да посветат сериозно внимание на овие прашања пред одржување на следите избори, рече шефот на ОДИХР специјалната мисија за проценка на изборите Лаима Андрикиене.

На новинарско прашање таа појасни дека прифатлива временска рамка за вакви промени во изборната легислатива би била најмалку една година пред одржување на изборите.

-Изборната администација ја заврши својата работа во рамки на законските рокови и покрај компликациите предизвикани од суспендирањето на изборниот процес. Денот на гласање помина мирно и покрај одредени технички предизвици поврзани со известувањето за резултатите. Сепак, долгогодишните структурни прашања поврзани со составувањето на избирачкиот список останаа неадресирани, посочи таа.

Како што подвлече, законската рамка беше суштински изменета непосредно пред распишување на изборите, што, истакна, е спротивно на меѓунаодните добри практики. Додаде дека континуираните неконзистентности и двосмислени формулации ја поткопуваат правната сигурност и се уште им е потребна суштинска ревизија.

На прашањето да го искоментира вчерашниот пад на системот на Државната изборна комисија (ДИК), Андрикиене рече дека тоа е многу важно прашање, тие ги следат настаните, свесни за техничките потешкотии и ќе продолжат да ја следат ситуацијата.

Во однос на медиумската покриеност, шефот на Мисијата истакна дека кандидатите имаа можност вистински да се натпреваруваат и да ги пренесат пораките иако кампањата се карактеризираше со негативна реторика на сметка на суштински дискусии за политики.

-На медумското извесување за изборите генерално му недостасуваше критичка анализа на платформите, а правилата за политичко рекламирање ги фаворизираа трите најголеми политички партии, истакна таа.

Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР ќе остане да го следи развојот на настаните по денот на изборите по однос на поплаките и жалбите од страна на политиките партии и ќе остане во земјава согласно мандатот што истекува на 23 јули.

Мисијата ги следеше сите аспекти на изборниот процес. Основниот тим на ОДИХР го сочинуваа девет члена од девет земји-учеснички во ОБСЕ, а на денот на изборите имаа акредитирано 26 набљудувачи, во кои спаѓаат меѓународните експерти и националниот персонал за поддршка.

Конечен извештај со заклучоци и потенцијални препораки, како што најави и во предизборното интервју за МИА, шефицата на Мисијата, Андрикиене, ќе биде објавен околу осум недели по денот на изборите./МИА

Од утре повторно отворен Малиот затворен пазар во Нова Населба во Велес

Малиот затворен пазар во Нова Населба, со кој стопанисува ЈКП „Дервен", утре ќе биде отворен, по четири месеци пауза, поради состојбата со Ковид-19. 

Оваа одлука минатиот петок ја донесе посебна комисија на Општинскиот штаб за заштита и спасување.

Директорот на ЈКП „Дервен" Тони Јовиќ информира дека пазарот во изминатата недела е темелно исчистен и дезинфициран, а во него ќе се почитуваат сите препораки од Владата за безбедно продавање и пазарење. Тој денеска направил увид на Малиот пазар и дал зелено светло истиот утре да биде пуштен за пазарување со зеленчук и овошје за граѓаните.

Граѓаните кои живеат во новиот дел од градот, во изминативе четири месеци, беа принудени да пазаруваат на Големиот градски пазар, оддалечен два три километри.

Инаку ЈКП „Дервен" кое стопанисува со двата Градски пазари еднаш неделно врши темелно перење и дезинфицирање на Главниот зелен Градски пазар. а кој работи непрекинато за цело време на епидемијата со Ковид-19, а согласно препораките за безбедно продавање и купување./МИА

Спасовски: Владата ќе функционира додека не се формира новата влада

Додека не се формира новата Влада, актуелната Влада ќе функционира и ќе работи со несмален интензитет во интерес на граѓаните, изјави попладнево на прес-конференција премиерот Оливер Спасовски.

Очекува дека наскоро ќе бидат објавени конечните резултати од изборите и ќе започне процесот на конституирање на институциите.

– Мислам дека сите политички субјекти да бидат многу повеќе одговорни од претходно бидејќи имаме држава која сега е во здравствена и сериозна економска криза. Затоа ни се потребни институциите, да имаме функционално Собрание и Влада која ќе има полн легитимитет за да продолжи со справување на целата оваа состојба. Исто така имаме и период во којшто треба да преговорите за членство со Европската унија. Сето ова бара да бидеме навистина сериозни во делувањето и носењето на одлуките, порача Спасовски.

Појасни дека по прогласувањето на конечните резултати, по сила на закон, престануваат функциите на сите технички министри и дополнителни заменици – минитри кои биле избрани согласно Законот на Влада.

– Така што никој нема потреба да поднесува оставка бидејќи со објавувањето на конечните резултати нивниот мандат прекинува, истакна Спасовски. /МИА

притисни ентер