Жените на Саудиска Арабија можат да патуваат во странство без дозвола од машки старател

Жените на Саудиска Арабија веќе патуваат во странство без дозвола на машки старател, пренесува Франс прес.

Реформата беше најавена на почетокот на месецот , а заклучно со вчерашниот ден, 20 август, таа официјално стапи на сила.

Саудиската администрација веќе прифаќа апликации од жени со најмалку 21 година за да добијат или обноват пасош за да патуваат надвор од кралството без дозвола за старателство, пишува на Твитот на канцеларијата за пасоши на земјата.

-Ова е уште една мерка што го ослабува системот „машки старател“ во Саудиска Арабија, на која жените мора да се покоруваат, било да е тоа сопруг, татко или роднина.

Одлуката уследи по неколкуте случаи во медиумскиот простор, за жени кои се обидоа да избегаат од своите старатели последниве месеци.

Минатата година Саудиска Арабија им додели на жените право на возење , што се смета за историски потег за правата на жените во земјата.

Промените беа поздравени од поголемиот дел од населението на кралството, иако екстремните конзервативци ги нарекоа „анти-исламски“ мерки.

Податоците на ДИК се нецелосни и непрецизни, се уште нема конечни резултати

Според проекцијата на ДИК објавена рано утрината, коалицијата на СДСМ можеме освоила два мандата повеќе од ВМРО-ДПМНЕ.

Во албанскиот блок ДУИ има три пратеника повеќе од Алијансата и Алтернатива.

Овие бројки, кои делумно се разликуваат од оние на партиите, од аналитичкиот центар ги пренесува Александар Видиновски.

Во видеото погледнете го целиот извештај.

Колку долго опстојуваат антителата кај заболените од ковид-19?

Засега се уште се истражува колку долго траат антителата.

Луѓето со потешки симптоми на Ковид 19 по излекувањето покажале дека имаат поголема концентрација на антитела, објаснува докторот Александар Петличковски од Институтот за имунологија по направените истражувања на луѓе кои го прележале вирусот. Засега се уште се истражува колку долго траат антителата.

Според досегашното искуство нема повторување на вирусот во иста сезона, досегашните примери каде две медицински сестри при донирање на плазма имаа повторно позитивен тест, Петличковски вели дека според досегашните истражувања ковидот може да се добие во една сезона.

Антителата и нивниот рок стана тема на истражување во сите земји. Во соседна Србија во Институтот за примена на нуклеарна физика во дел од истражувањата покажале антитела и оние без симптоми.

„Успеавме да детектираме многу случаи да идентификуваме поединци кои биле асимптоматски случаи кои го пренесувале вирусот и имале многу високи вредности и ИГМ, а подоцна и ИГГ антитела. Така да асимптоматски случаи многу често најмногу вредности на концентрација на антитела најмногу развиваат асимптоматски случаи и случаи со тешка клиничка слика. Ова исклучиво се наши сознанија, литературата зборува за тоа дека асимптоматските случаи развиваат послаби симптоми и можеби воопшто не развиваат антитела, меѓутоа ова истражување е направено со приемна наши тестови“ објаснува Марија Гњатовић од Институтот за примена на нуклеарна физика.

Науката од претходните искуства со САРС вирусот 1 пред шест години антителата тогаш траеле една година.

И по 18 часа од крајот на гласањето, нема првични конечни резултати

И по 18 часа од затворањето на гласачките кутии, се уште нема првични конечни резултати од вчерашните парламентарни избори.

Што се случи со „семоќниот“ софтвер на ДИК?

Интернет страницата на ДИК се уште е во колапс, а последните податоци беа објавени во три часот наутро со проекција на мандатите.

Пред Државната изборна комисија е Јана Јосифоска.

Има ли некаква најава за прес-конференција на ДИК?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

притисни ентер