Дневен хороскоп за 21. август 2019 година

Дневен хороскоп за среда, 21. август 2019 година. 

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Ќе се поврзете со необични личности или такви кои не се од вашата средина. така ќе го збогатите својот емоционален свет.

Кариера

Ќе успеете да ја стабилизирате финансиската подлога за развој на работите. Поради тоа ќе ви порасне самодовербата.

Здравје и совет

Не споредувајте се со другите.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Ќе знаете да сочуствувате , но при тоа ќе имате непријатно чувство.Имате доверба само во она што ви лежи на срце.

Кариера

Ќе ја подобрите соработката со другите преку подобра комуникација , но се уште нема да прифаќате се што шефовите ви предлагаат.

Здравје и совет

Најдете златна средина.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Ќе се ослободите од блокадите во комуницирањето и ќе успеете да го изразите она што го чувствувате. Тоа ќе биде чекор напред.

Кариера

Некои во работата ќе воведуваат нови или млади соработници. При тоа ќе бидат поотворени и попријатни од обично.

Здравје и совет

Покажете ја својата ведра страна.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ќе откривате се подлабока поврзаност со личноста што ја сакате , а во исто време добро ќе се забавувате.

Кариера

Некои ваши колеги денеска ќе покажат мрзливост или ќе бараат полуксузни услови за работа. Бргу ќе им одговорите.

Здравје и совет

Вие знате како да постапите со секого.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ве очекува зачестено излегување меѓу луѓе. За оние кои уште се сами , тоа ќе биде добра шанса за нови познанаства.

Кариера

Од она што сте го презеле , нешто веќе се га ќе се покаже како успешно, а за остатокот ќе треба да помине уште некои проверки.

Здравје и совет

Бидете тактични.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Оние кои се во стабилни врски , денеска ќе имаат потреба за да останат дома во прегратка на саканата личност.

Кариера

Креативните дејности што се однесуваат на помали задачи , денеска ќе ви донесат големо задоволство.

Здравје и совет

Игнорирајте ја нервозата.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Додека вие се забавувате и уживате како никогаш, некој од вашите пријатели страда и сака да ви се довери.

Кариера

И натаму сте во фаза да ги ,,прескокнувате” задачите , зашто многу повеќе ве привлекува вашето хоби и уредувањето на домот.

Здравје и совет

Бидете професионални.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Каде и да тргнете , малку е веројатно дека денеска ќе постигнете емоционално исполнување. Задоволете се со она што го имате.

Кариера

Имате изгледи за напредување , што ќе остави трага на подолг период. Искористете ги понудените опции.

Здравје и совет

Емотивни фрустрации.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Држете се само до она што знаете дека е проверено и стабилно. Се друго може да се смени во дел од секундата.

Кариера

Не се занимавајте со она за што интуитивно чувствувате дека нема да ви донесе корист. Одработете го само она што морате.

Здравје и совет

Едноставно издржете.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ќе дојде до мало подобрување во личните односи , но се уште не е такво за да можете да се опуштите.

Кариера

Не сте сигурни што треба да направите , па веројатно ќе побарате помош од личност која е постручна од вас.

Здравје и совет

Носете заклучоци во тишина.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Денеска ќе увидите дека на една личност премногу и требате. Некако ќе најдете време меѓу љубовта и пријателството.

Кариера

Ништо што моментално се случува на вашето работно место , не ви се чини доволно интересно за да го преокупира вашето внимание.

Здравје и совет

Помагајте им на другите.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ќе бидете растргнати меѓу љубовните желби , семејните должности и можности за сопствено задоволство.

Кариера

Оние кои кон работата имаат професионален пристап , ќе работат одлично . Другите постојано ќе наоѓаат приговори поради сопствените фрустрации.

Здравје и совет

Подобро е да верувате.

Во Србија e регистрирана западнонилска треска кај комарци

Западнонилска треска е регистрирана кај комарци во Белград.Вирусот е регистриран кај комарци во неколку општини и неколку градови во Србија, рекол доктор Иван Алексиќ од Заводот за биоциди на Србија, пренесува „РТС”.

Тој навел дека тоа се главно гробишта и шумски комплекси и на неколку места во урбани средини.

Во Белград комарците биле регистрирани во Бањичка шума, околу гробиштата, во крајбрежјето на Дунав, во Котеж, Обреновац, Баново Брдо.

Шабани: ДИК во стандардна процедура ги проверува податоците за резултатите од изборите од ОИК

Државната изборна комисија (ДИК) се очекува во попладневните часови да одржи седница на која треба да бидат соопштени конечните неофицијални резултати од изборите.

Во Комисијата сега се прави контрола на податоците што синоќа ги испратиле општинските изборни комисии, што е стандардна и вообичаена постапка по секои избори, изјави за МИА портпаролот на Комисијата Адмир Шабани.

-Пристигнати се сите податоци и материјали од ОИК. Сега се прави стандардната процедура односно контрола на податоците внесени во софтверот на ДИК со податоците од записниците број 16 и број 21, што ги содржат бројките од гласањето во избирачките места. Откако ќе заврши контролата, ДИК во попладневните часови ќе има седница кога ќе бидат соопштени конечните неофицијални резултати од изборите изјави Шабани.

По соопштување на овие податоци почнуваат да течат роковите за приговори од политичките партии.

ДИК, иако најавуваше дека резултатите од гласањето ќе бидат соопштени многу бргу, не можеше да го нарави тоа бидејќи имаше проблем со веб-страната за објавување. Веб-страната на ДИК и сега не функционира, а тоа според Шабани е поради тоа што на сајтот на Комисијата се работи и се проверува моментот на напад.

-Се детектира проблемот затоа што се претпоставува дека е напад од надвор, изјави портпаролот на ДИК.

Претходно денеска претседателот на ДИК Оливер Деркоски изјави дека нападот е пријавен во Министерството за внатрешни работи лично до министерот и оти очекуваат припадници на полицијата да дојдат во Комисијата. Како што кажа Деркоски, станува збор за хакерски напад од надвор и оти случајот ќе се испитува.

Деркоски во изјава за Телма исто така рече дека не се точни и остро ги демантира информациите што излегоа во јавноста дека една недела пред изборите е склучен договорот за веб-страната на ДИК.

-Тоа може да го проверите на сајтот на Бирото за јавни набавки, како одеше тендерската писитаока и како се заврши таа постапка. На два пати беше распишуван тендер и исто така сакам да потенцирам дека сегашната набавка ја симна цената за набавка на ваква софтверска апликација од постојните четири и пол милони денари кои ги плаќала ДИК во изминатите десет изборни циклуси, за скоро милион денари, рече Деркоски./МИА

Мицоски си доби казна бидејќи го потценува народот

Наместо да шири небулози, нека си ги решава проблемите во белиот дворец.

Христијан Мицкоски е изгубен во сопствените заблуди, па заборавил и да бори. После 16 часа од поразот, ни срам ни перде, излезе да каже дека победил со два до три пратеници во минус, за да му се смее цела јавност.

Денеска Христијан Мицкоски повторно го потцени народот. Тој е поразен политичар кој го потценува народот, Македонците, Албанците и другите.

Ваков очаен политичар што смета дека албанскиот глас вреди помалку од гласот на другите може да оди најмногу во опозиција, а најдобро е да оди надвор од политика. Мицкоски денес го потцени гласот на граѓанинот, а со тоа ги потцени и сите во неговата коалиција во која има претставници и од други етнички заедници.

Вчера на фер, слободни, демократски избори народот јасно му го покажа патот. Што понастрана од власта. Наместо да се плетка во сопствените небулози, нека си мисли како ќе си го решава проблемот што му се отвора на столчето во белата палата.

Државата, граѓаните, продолжуваат напред по исправниот, вистинскиот пат. Уште подобро и уште повеќе. СДСМ победи, ВМРО-ДПМНЕ изгуби.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

притисни ентер