Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл денеска допатуваа во Ница , на југот на Франција заедно со тромесечниот син Арчи Харисон. Кралската двојка неодамна се врати од островот Ибица , каде војвотката од Сасекс го прослави 38. роденден.
Медиумите пишуваат дека само за наем на приватниот авион трошат, трет пат за една недела, трошат 20 000 фунти. Таквите трошоци ги налутија дури и политичарите.
,,Изненадена сум од нивниот потег, особено што тие се борат толку напорно за да ја заштитат животната средина“, коментира пратеничката од Лабуристичката партија, Тереза Пирс.
Реагира и Кен Варф, поранешен шеф на одделот за заштита на покојната принцеза Дајана.
- Ќе бидам искрен - тие се лицемерни! Хари проповеда за катастрофалните ефекти од климатските промени , а постојано лета со приватни авиони, рече Варф.
Сепак, има такви што застанаа во одбрана на кралската двојка.
„Имајќи предвид дека тие се многу популарни и не можат да ги избегнат папараците и обожавателите, има смисла да патуваат со приватен авион, особено сега кога имаат бебе“, се согласија многумина.