Голем интерес за Купи куќа – купи стан, изготвен и нов прирачник

Министерството за финансии изготви прирачник за проектот „Купи куќа, купи стан", што е поставен на веб-страницата на Министерството.

За неполни три месеци откако стапија во сила новите услови, интересот кај граѓаните е голем, соопшти денеска Министерството за финансии.

– Намалените каматни стапки, новиот модел Купи стан за млади, како и дополнителната едногодишна субвенција на месечната рата за секое новородено или посвоено дете, е причината за големиот интерес, стои во соопштението.

Согласно новите услови, каматната стапка за моделот „субвенција на рата" за првите три години изнесува 2,9 проценти, а за третата и за четвртата година 3,9 проценти. Намалена е и каматната стапка за моделот „субвенција на учество" и таа сега изнесува четири проценти за цело времетраење од исплатата на кредитот зголемена за шестмесечен еурибор.

За младите до и со наполнети 35 години, потсетуваат, е воведен нов модел „Купи стан за млади". Притоа, корисниците што ќе го одберат моделот „субвенција на рата", од државата ќе добијат субвенции во висина од 70 проценти од ратата во првите пет години од отплатата на станбениот кредит.

– Така на пример, за кредит од 50.000 евра вкупниот износ на субвенцијата изнесува 11.900 евра. Оние, пак, што ќе го одберат моделот за помош при отплата на учеството, од државата ќе добијат субвенција во висина од 70 проценти од учеството за станот. За кредит од 50 илјади евра, државата ќе субвенционира 8.750 евра. Дополнително, корисниците на субвенциониран станбен кредит, за секое новородено или посвоено дете ќе добијат дополнителна едногодишна субвенција на месечната рата во висина од 30 проценти, појаснува Министерството.

Новина има и кај моделот „Купи куќа за возраст над 35 години". Сега оние што ќе аплицираат за овој модел ќе добијат поголема субвенција. Лицата над 35 години ќе добијат субвенции од 80 отсто од месечната рата во првите пет години за изградба или купување нова куќа, или 80 проценти од учеството при купување или изградба на куќа.

Во Кавадарци до 9 часот гласале 8,76 отсто, а во Демир Капија 10,25 отсто од избирачите

 Во Кавадарци до 9 часот гласале 8,76 отсто, а во Демир Капија 10,25 отсто од избирачите, информираа претседателите на општинските изборни комисии, Зоран Костов и Стојна Топчиева.

Тие нагласија дека засега гласањето на парламентарните избори се одвива без проблеми.

Во општина Маврово и Ростуше почна гласањето, отворени сите избирачки места

Според информациите на ОИК Маврово и Ростуше, утрово сите избирачки места се отворени и изборниот процес започнал навреме.

Во општината која од овие избори припаѓа на петтата изборна единица право на глас имаат 9.996 граѓани.

Тие правото на глас можат да го искористат на 39 избирачки места.

МОСТ: Избирачките места се отворени и гласањето се одвива безбедно, согласно здравствените протоколи

Граѓанската асоцијација МОСТ го следи денешното гласање со 900 набљудувачи. 

Според информациите од набљудувачите и регионалните координатори, сите гласачки места на кои Граѓанската Асоцијација МОСТ има распоредено свои набљудувачи се отворени навреме и досега не се забележани неправилности во спроведувањето на постапката на гласање.

Како што беше потенцирано на првата денешна прес-конференција на МОСТ, гласањето се одвива безбедно, согласно здраствените протоколи.

Во текот на денот, истакнуваат од МОСТ, на бесплатната телефонска линија 080 080 080 граѓаните може да пријавуваат евентуални нерегуларности или да дадат информации поврзани со изборниот процес.

Граѓанската асоцијација МОСТ го следи денешното гласање со 900 набљудувачи. На 696 гласачки места, избрани според случаен и репрезентативен примерок, распоредени се исто толку набљудувачи, со што се покриени 20 проценти од вкупниот број на гласачки места на територијата на целата држава, како и 20 проценти од гласачките места во рамките на секоја изборна единица.

– Набљудувачите на МОСТ се статични, и ќе го следат процесот на гласање во текот на целиот ден. Покрај тоа, МОСТ има распоредено и 55 мобилни тимови, составени од по двајца набљудувачи, кои ќе служат за логистичка поддршка на статичните набљудувачи и повремено ќе ги набљудуваат местата на кои МОСТ нема распоредено статични набљудувачи. Дополнително, 80 набљудувачи ќе ја набљудуваат работата на општинските изборни комисии, а ќе се набљудува и работата на Државната изборна комисија, информираа од МОСТ на прес-конференцијата.

Граѓанската асоцијација МОСТ го спроведува проектот согласно Декларацијата за универзални принципи за непартиско набљудување на изборите од страна на граѓански организации, како и останатите меѓународно признати стандарди за домашно набљудување на изборите.

Потенцираат дека набљудувач на МОСТ е единствено оној граѓанин кој носи жолта маичка на која на предната лева страна стои логото на МОСТ и е испишано "Monitoring 2020", поседува акредитација од ДИК и овластување од МОСТ исклучиво за овие избори.

притисни ентер