Стоилковски: Изгледа постои личен мотив кај Костадинов за така отворено да лаже за случајот „Рекет"

Мотивот на Заев за заштита на криминалот од „Рекет“ го знаеме. Сомнежите се дека тој и неговите структури се силно вплеткани во оваа криминална - октопод мрежа која што тој сака да ја заштити.

Но постои и дополнителен мотив, по се изгледа личен мотив кај портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов за да така отворено лаже и да манипулира за овој случај. Освен можен финансиски бенефит во прашање е морален хазард. Затоа прашуваме:

 Дали има, и доколку има нека одговори какви се фотографии, материјали и тонски записи постојат од портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов во еден од телефоните на осомничените во случајот „Рекет“?

 Зошто Костадин Костадинов е толку исплашен од неговиот довчерашен најдобар пријател Бојан Јовановски?

          Дали е точно дека има инкриминирачки материјали на Костадинов снимени во странство?

          Дали на овие материјали освен овие двајца се вклучени и други лица, политичари со потекло од една странска земја?

          Дали е точно дека Костадинов е и чест посетител на скапите, развратни забави организирани од еден од осомничените во „Рекет“, пред неколку месеци во два големи града во една соседна држава?

          Дали Костадинов на овие луксузни забави трошел и народни пари?

          Ако ова е точно тогаш нека одговори Костадинов што точно правел на тие забави со Бојан Јовановски?

          Ако стравот на Заев е дознавањето на адресата каде е однесен куферот со пари, дали стравот на Костадин Костадинов е дознавањето за инкриминирачките материјали со неморална содржина најдени во телефонот на еден од осомничените за случајот „Рекет“?

          Дали стравот кај Костадинов е дознавањето за неговиот неморален карактер?

          Дали СДСМ е партија која што е претворена во дувло на развратот во изминативе неколку години?

          Дали Костадинов го дели истиот став како и Зоран Заев за Бојан Јовановски кажан при неговата изјава?

           

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Германската влада од вечерва расправа за програмата за заштита на климата ,,тешка" 40 милијарди евра

Таканаречениот климатски кабинет на канцеларката Ангела Меркел од доцна вечерва почна со седницата , на која до викендов треба да се донесат стратегиските цели на владата за заштита на климата.

„Знам дека пакетот мерки за заштита на климата ќе чини многу, но ќе ве чини уште повеќе ако не сториме ништо“, рече Ангела Меркел за време на дебатата во Бундестагот за одбрана на пакетот за заштита на климата што чини околу 40 милијарди евра  до 2030 година.

„Програмата за заштита на климата до 2030 година“ вклучува, меѓу другото, квоти за електрични автомобили за автомобилската индустрија, како и план за поставување на над еден милион нови станици за полнење на електрични автомобили.

Во секторот транспорт, предвидени се и субвенции за еколошки транспорт со железница. Ова треба да го направи железничкиот транспорт поевтин, со истовремено зголемување на бројот на домашните летови.

Пакетот вклучува и посебна форма за оданочување на возилата и недвижностите според количината на произведен јаглерод диоксид.

Демократите и социјалдемократите сè уште расправаат за формите на оданочување. Додека Социјалдемократската партија на Германија (СПД) предлага фиксен данок што постепено ќе се зголемува, ЦДУ / ЦСУ предлага систем за плаќање надомест за количината на произведен јаглерод диоксид, слично на шемата за трговија со емисии на ЕУ (ЕТС).

Се очекува енергетскиот сектор да ги намали емисиите со намалување на употребата на фосилни горива како што е јагленот и субвенционирање на обновливи извори, како што се ветерници.

Аналитичарите проценуваат дека коалициската влада на Ангела Меркел е под притисок поради зголемената важност што граѓаните ја придаваат во борбата против климатските промени, што е прикажано со зголемената популарност на Зелената партија.

Германската канцеларка ќе присуствува на Самитот на ООН за климата во понеделник во Њујорк.

Горбачов : Светот е пред опасна закана

Последниот советски претседател , Михаил Горбачов предупреди дека светот е пред опасна закана и дека сегашните воени активности личат на вистинска војна.

Михаил Горбачов наскоро ќе објави нова книга, неговиот политички тестамент , во кој авторот на политиката на ,,Гласност” и ,,Перестројка” ќе ја разоткрие својата визија за XXI. век, наведува  издавачот.

,,Иднината на глобалниот свет”, дело на поранешниот лидер кој сега има 88 години, ќе биде објавена во Германија на 23. септември и на 2. октомври во Франција.

„Светската политика е на исклучително опасен раб. Тековните воени активности наликуваат на вистинска војна“, предупреди Горбачов во делови од книгата што ја откри неговиот издавач.

Добитникот на Нобеловата награда за мир рече дека „заштитата на мирот е клучна за надминување на глобалните прашања како што се животната средина, меѓународниот тероризам, миграцијата и сите други предизвици што се во фокусот на вниманието на државите и меѓународните организации“.

Неговата книга ќе биде објавена пред 30-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид на 9. ноември, кога Михаил Гобачев беше на чело со СССР.

Палмер го побара од Косово да ги укине царините кон Србија

Специјалниот претставник на американскиот државен секретар за Западен балкан , Метју Палемр , им порача на косовските власти да ги укинат царините на српските производи.

Метју Палмер изјави дека следната косовска влада по изборите на 6. октомври мора да биде подготвена за да ги суспендира царинските давачки на стоката од Србија , што е главна пречка за продолжување на дијалото меѓу Белград и Приштина. САД се надеваат дека на укинувањето на давачките , Србија би одговорила со своја иницијатива , рече Палмер , сугерирајќи дека може да вклучат и „потенцијално суспендирање на кампањата за признавање на Косово“ и дека „врз основа на овие основи, двете страни би можеле да се вратат на преговарачката маса  во позитивна атмосфера и со цел кон постигнување договор “.

„Прва работа е да се почекаат изборите на 6-ти октомври на Косово, проследено со процесот на формирање влада“, рече Палмер за ВОА по посетата на регионот, каде што се состана одделно со претставници на Белград и Приштина.

САД „ќе ги разјаснат своите очекувања“ за следната косовска влада да биде „влада подготвена за дијалог, подготвена да ги суспендира тарифите што го попречуваат продолжувањето на процесот на дијалог, влада подготвена да собере преговарачки тим со силни овластувања“ и „подготвена да се вклучи во преговори со Србија со сериозна намера да се постигне договор за нормализирање на односите “.

„Соединетите држави ќе бидат со нив во секоја фаза од процесот, но Косово мора да ја преземе контролата врз својата судбина“, рече Палмер.

Кабинетот на српскиот претседател Александар Вучиќ соопшти дека Вучиќ имал телефонски разговори со Палмер и дека Србија ќе продолжи да се залага „да се постигне вистинско и одржливо компромисно решение за прашањето за Косово иМетохија, да ги заштити интересите на Србите на Косово и да ги заштити националните интереси“.

притисни ентер