Видео: Куче скокна во река за да го спаси своето другарче

Кога ќе се земе во предвид дека водата не е длабока и дека чамецот е блиску до брегот, ова видео и не е толку драматично.

Но кога ќе го видете уплашеното мало кученце како цимоли, сигурно ќе ви падне жал за него. Такво чувство имаше и големото куче и затоа направи ваков храбар потег.

Опозицијата не се откажува од блокада на измените за онлајн собраниски седници

Обвинувајќи дека владејачкото мнозинство и спикерот Џафери без консензус се обидува да го менува деловникот, опозицијата не се повлекува од блокадата на измените кои треба да овозможат он лајн седници на Собранието. 

Според пратениците на ВМРО ДПМНЕ и Левица, со вака предложените измени се минира Жан Моне процесот, а воедно се крши и Уставот.

Амандманите се со цел никогаш процесот да не заврши, додека не се отрезни спикерот да почне да координира а не да супресира, така да ова е поука до него, ќе видиме следните чекори, можно е силеџиски да ги групираат, има некои такви муабети, но сето тоа е спротивно на деловникот. Амандманот треба да се расправа еден по еден и предлагачот има право да го елаборира без ограничување на времето, вели Димитар Апасиев – пратеник од Левица.

-Јас очекував да седнеме и да поразговараме за оваа онлајн идеја која што ја турка владејачкото мнозинство, имајќи во предвид дека собранието е функционално, ние во парламентот имаме минимум 115 пратеници секогаш присутни на седница. Единствената причина поради која што бара ова онлајн собрание е малиот број на пратеници од владејачкото мнозинство, истакна Никола Мицевски – пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачкото мнозинство го осудија ваквото однесување на опозицијата, бидејќи го кочат системот да функционира. Пратеникот на СДСМ Јован Митревски вели дека поднесените амандмани се целосно нелогични .

Опозицијата во собранието продолжува со неодговорно однесување на штета на граѓаните и институциите. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не сакаат функционално собрание и продолжуваат со својата деструктивност да работат директно на штета на граѓаните, изјави пратеникот на СДСМ Јован Митревски.

Опозицијата здружено поднесе над 3000 амандмани, од кои најмногу се на Левица, 1400, ВМРО-ДПМНЕ поднесе 1350, а коалцијата Алијанса и Алтернатива поднесоа 300 амандмани. Пред почне расправата по нив на службите, како што велат од Собранието, ќе им бидат потребни три до четири дена за да ги архивираат и преведат. Во меѓувреме, Џафери најави дека ќе бара заедничко решение со опозицијата за да им се овозможи на пратеници кои се во изолација поради коронавирусот да учествуваат на седниците преку интернет.

Половина од барањата за информации од јавен интерес остануваат неодговорени

И една година по стапувањето на сила на законот за слободен пристап до информации, невладините ценат дека, нема свест кај институциите сами да ги објавуваат информациите со кои располагаат.

Половина од барањата за информирации од државните институции остануваа без одговор. Од скоро 500 барања испаратени од Центарот за граѓански комуникации во првата половина од годинава, на половина од нив институциите од кои се барала некаква информација не ја доставиле во законскиот рок, велат од центарот. И една година по стапувањето на сила на законот за слободен пристап до информации, невладините ценат дека, нема свест кај институциите сами да ги објавуваат информациите со кои располагаат.

Најчести баратели на информации се граѓаните, новинарите и невладините кои до агенцијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите се пожалиле поради “молчење на управата”. Во година на коронакризата најмногу информации се барале од здравството, па оттаму само 200 жалби на адреса на агенцијата пристигнале поради недобиени одговори од здравствените институции.

Падот во транспарентноста на државните институции се правда и со епидемијата. Владиниот национален координатор за одговорно владеење и транспарентност Роберт Поповски за Канал 5 вели:

-Можеби во изминатиот период се случиле дел од забелешките на кои укажуваат невладините но треба да се има предвид и редуцираниот број на вработени поради пандемијата по чие завршување ќе се инсистира на максимална транспарентност. Колку е поголема транспарентноста толку помал ќе биде бројот на барања кои пристигнуваат врз основа на Законот.-Роберт Поповски – Национален координатор за одговорно владеење и транспарентност.

Се очекува дека државните институции и агенции ќе демонстрираат поголема отвореност за давање информации од јавен интерес по обуките на службениците задолжени за навремено давање на информации.

Царовска: Унапредувањето на стручното образование е наш приоритет

Воведовме стипендии за бараните струки. 

Посветено работиме за да се врати достоинството на средните стручни училишта, а учениците да ја сфатат нивната вредност, за да образуваме нови генерации млади луѓе барани на пазарот на труд, рече министерката за образование и наука Мила Царовска по посетата на средното електро-машинско училиште „Коле Нехтенин“ во Штип. Министерката, заедно со в.д. градоначалникот Јане Миланов, со директорот и наставниците на основното училиште „Гоце Делчев“ разговараа за текот на наставата, а се сретнаа и со ректорот на УГД Блажо Боев.

„Стручното образование за МОН и за Владата останува висок приоритет. Со вложување во средното стручно образование создаваме граѓани коишто се работоспособни и директно може да се вклучат на пазарот на труд, но имаат и можност да се вклучат и во високото образование. Овие кабинети кои ги видов тука навистина даваат можност учениците да се стекнат со практични вештини. Интенцијата на МОН во наредниот период е преку тесна врска со компаниите да се обезбеди можност праксата да се изведува во компаниите или што поголем број училишта да се поврзат со компании и да се воспостави системот на дуално образование“, изјави Царовска.

Со тоа, третина од средното образование би се изведувало во реален производствен процес, а директното остручување им дава подобра стартна шанса на сите ученици кои завршуваат стручно образование.

„Оваа година ја променивме политиката за стипендирање и за прв пат се воведоа стипендии за стручните училишта. На денешната владина седница се зголеми бројот на стипендии за електротехничката струка, затоа што имавме повеќе апликации. Од 9 се зголеми на 23 за да може да ги опфатиме сите ученици коишто сакаат да бидат стипендирани, а се од електро струката, којашто е значајна за целата индустрија во нашата земја“, нагласи министерката Царовска.

Од годинава воведени се ученички стипендии за избрани дефицитарни струки: машинска, земјоделско-ветеринарна, текстилно-кожарска, електро-техничка и градежно-геодетска струка.

Министерката Царовска посочи дека посебно внимание се посветува на подобрувањето на условите во училиштата. Во средно училиште „Коле Нехтенин“ завршена е реконструкцијата на кровот, што е целосна инвестиција на Министерството за образование и наука во вкупен износ од 17,5 милиони денари. Во тек се градежни работи за реновирање на спортската сала во состав на училиштето, што се прави со средства од општината, со цел да се обезбедат подобри услови за физичко воспитание и образование на учениците.

И покрај здравствената криза, наставата се спроведува успешно. Теоретскиот дел учениците го следат онлајн, додека практичниот се реализира со физичко присуство, под здравствени протоколи и мерки.

Министерство за образование и наука

притисни ентер