Фото: Ова дете е вистински бурек мајстор

Ова десетгодишно дете е вистински мајстор за бурек, тој умее да го врти тестот над својата глава без да направи ниту една дупка.

Новак Стевановиќ ја демонстрираше својата вештина за правење бурек пред посетителите на манифестацијата „Денови на бурекот“  во Ниш,тој во живо докажа дека е најмладиот бурекчија  во Србија.

Малиот Новак за петнаесетина минути успеал да направи четири пити бурек а во меѓувреме изведувал и „акробации“ со тестото.

Брена го молела Душко Тошиќ да не се разведе од Јелена Карлеуша?!

Балканската музичка ѕвезда Лепа Брена е забележана во еден ресторан во Белград во друштво на фудбалерот Душко Тошиќ, сопругот на пејачката Јелена Карлеуша.

Според медиумите Брена на оваа средба наводно се обидувала да го спаси бракот на Душко и Јелена. Таа дури сака да го наговори познатиот фудбалер без разлика на се да не ја напушта Карлеуша.

Наводно, Душко  не се откажал од разводот, но Брена сметала дека сепак тој треба да му даде можност на бракот после сите проблеми што Тошиќ и Карлеуша ги пребродиле. Брена досега наведуваат српските медиуми неколку пати се слушнала , а сега и видела со Душко со цел да го убеди дека разводот не е решение и дека треба да заедно со Јелена да ја победат кризата.

-Брена на само поразговорала со Душко и му објаснила дека без разлика на се низ што поминале со Јелена , секогаш треба да се размислува на долги патеки, и дека токму тоа е она што го одржува нејзиниот брак со Боба.Брена му признала на Тошиќ дека таа  и Боба имале многу несогласувања во бракот, поради тоа што двајцата се успешни и популарни.Но, дека не дозволиле тоа да им го расипе нивниот однос иако имало моменти кога биле многу скарани. Брена дури му раскажале дека имало измислени афери и за нив двајца, само со намера тие да се разведат. Во еден момент дури му напоменала дека би било убаво сите заедно да отпатуваат во Опатија на брод кај Саша Поповиќ, им раскажал на медиумите добро упатен извор .

Брена потоа ги споменала и нивните ќерки Ника и Атина, поради што Душко веднаш се натажил.

На крајот, сопственичката на Гранд му дала совет на Душко да мисли на децата, посебно поради тоа што нивните ќерки наскоро ќе влезат во пубертет, кога родителите им се најпотребни. Му кажала дека Јелена е прекрасна мајка и дека уште еднаш треба добро да размисли дали сака да го напушти семејството.Тошиќ наводно според изворот, со солзи во очите ја слушал Брена и и велел дека за него децата се најважни во животот и дека поради нив е подготвен на се. Кога го завршиле разговорот , Брена ги почекала своите пријатели, а по Душко дошле неговите другари и брзо водно нерасположен го напуштил локалот,  информирал изворот.

Адел се развела, но живее врата до врата со екс сопругот?!

Светската музичка ѕвезда Адел му станала прва сосетка на екс сопругот Сајмон Конеки.

Адел и Сајмон во април годинава се развел , а сега живеат врата до врата во луксузни вили во Лос Анџелес.

31- годишната Адел и нејзиниот поранешен маж Сајмон имаат луксузни вили во Лос Анџелес , кои се наоѓаат една спроти друга . Адел и Сајмон во 2016 година за 7,63 милиони долари ја купија првата вила, а втората е купена годинава во мај за 8,63 милиони долари, пренесе Мирор.

Сега медиумите откриле дека поранешните сопружници живеат еден спроти друг. Информацијата се појавила во јавноста кога Адел и Сајмон соопштиле дека ќе го делат старателството над својот син, Анџело.

Адел и Сајмон инаку врската ја започнале во 2011 година, само една години подоцна станале и родители. Тајно се венчале но, тоа не го потврдувале се до 2017 година. Но, сега само две години подоцна тие се разведуваат.

Ентузијасти сакале да влезат во воената база ,,Област 51“ во Невада, во потрага по докази за вонземјани

Неколку стотици ентузијасти кои верувале во постоење на вонземјани.

Се собрале во Невада по повикот упатен преку Фејсбук да се упадне во таинствената американска воена база во таа сојузна држава,позната како „Област 51“.

Инаку оваа база со години ја следат гласини и разно разни теории на заговор дека во неа американската влада ги чувала доказите за присуство на вонземјани.

притисни ентер