Кинијакис и Андре победници на првиот ЛЕН Куп на отворени води во Охридското Езеро

Харалампос Атанаикос Кинијакис од Грција во машка и Анжелика Андре од Португалија во женска конкуренција се победниците на првиот ЛЕН Куп на отворени води на десет километри, во Охридското Езеро.

Кинијакис кружната патека долга десет километри ја исплива за време од 1:47:04:05 часа, пред второпласираниот Даниел Шекељи од Унгарија (1:47:08:03) и Јувал Сафра од Израел кој како трет ја заврши трката со време 1:47:09:01 часа.

Во женска конкуренција најдобра на десетте километри беше Анжелика Андре од Португалија која патеката ја исплива за 1:55:46:86 часа, пред второпласираната Џиневра Тедеучи од Италија (1:55:47:07) и Ангела Мауер од Германија која целната линија ја мина како трета за време од 1:57:20 часа.

Трката во Охрид е четврта од серијата пет што се пливаат во рамки на квалификациите за олимписката дисциплина пливање на десет километри, заедно со оние во Израел, Франција, Шпанија и Данска.

Согласно пропозициите на ЛЕН, најдобрите тројца пливачи на денешната трка ќе делат награден фонд од 10.000 евра, односно за парични награди од по 2500, 1.500 и 1.000 евра за тројцата најдобри во двете категории. Инаку, шестемина најдобропласирани натпреварувачи, по тројца во машка и во женска конкуренција на петте трки во рамки на ЛЕН купот, обезбедуваат учество во претквалификациската трка за учество на наредните Олимписки игри. 

Во Амстердам е убиен поранешниот фудбалер на холандски и белгиски прволигаши

Фудбалерот Келвин Мајнард (32) е убиен во Амстердам , потврди холандката полиција.

Холандскиот десен бек по потеккло од Суринам играше во дресовите на холандски Волендам и на белгискиот Ројал Атверп, бил убиен кога некој пукал во него додека бил во својот автомобил. Осомничените , според полицијата , побегнале на црн скутер. Откако ги слушнале истрелите , пожарникарите од блиската станица се обиделе да му помогнат , но безуспешно.

Холанѓанецот уште играше и за Олхансенс, Кескемет, Емен, Бартон Албион и СВ Спакенбург, додека изминатите две години беше член на клубот Квик Бојс од пониската лига.

Федерер откри зошто му се восхитува на Ѓоковиќ

Рожер Федерер пред продолжетокот на тениската сезона , даде интервју за службената страница на АТП , во кое говори како е да се игра со Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.

Федерер беше член на Тимот на  Европа со Надал за време на Лавер Купот во 2017 година, додека една година подоцна настапи заедно Ѓоковиќ. Тој го опиша времето поминато на истиот тим со двата најголеми ривали како „емотивно“.

"За мене, тоа беше емотивна недела додека играв заедно со Надал и Ѓоковиќ. Кога ќе ја поминете неделата со Рафа, го гледате неговиот интензитет и се прашувате како тој ја наоѓа рамнотежата. Ако не функционираше, ќе беше лудо. Кога ќе заврши со тренинзите, тој е опуштен, што ме изненади." рече Федерер.

Оваа година тој нема да може да игра како соиграч на Новак Ѓоковиќ со парот.

"Ѓоковиќ е опуштен. Ние сме слични во тоа. За да бидете успешни мора да бидете опуштени. Играме многу натпревари, од 50 до 100. Не е како во боксот кога имате до два натпревари годишно. Треба да се опуштиме пет минути пред натпреварот", истакна Рожер.

Швајцарецот откри во што го изненадува српскиот тенисер.

„Она што ме изненади кај Ѓоковиќ е отвореноста што ја има кога сака да победи на натпревар. Тој изгледа како да мисли:„ Ќе играм на овој начин и затоа ќе бидам успешен. “Исто така, ми се допаѓа неговиот процес на избор на што и кога јаде. „Сè мора да биде по план. Затоа му се восхитувам“, рече Федерер за Ѓоковиќ.

Вчера излезе од затвор , а денеска потпиша за руски Зенит

Фудбалерот Александар Кокорин вчера излезе од затвор , а веќе денеска 28- годишникот потпиша договор за Зенит од Сант Петерсбург за до крајот на сезоната.

Кокорин и неговиот колега од репрезентацијата на Русија, Павел Мамајев беа уапсени во мај годинава поради напад врз раководител во руското Министерство за трговија , како и неговиот возач , кои ги претепале во октомври минатата година.

Мамајев беше осуден ан 17 месеци затвор , а Кокорин на 18, но по успешната жалба , биле помилувани завчера. Во времето на инцидентот , Кокорин играл за Зенит , а Мамајев за Краснодар .

Нивниот адвокат Јури Падалко претходно најави дека и двајцата ќе излезат предвреме од затвор и ќе ја почнат фудбалската сезона , без оглед на казните.

притисни ентер