Извршена реконструкција на шест премини под улицата „Шуто Оризари"

Екипи на ЈП „Водовод и Канализација“- Скопје, во текот на изминатата ноќ работеле на шест локации истовремено.

ЈП „Водовод и канализација" – Скопје соопшти дека нивни екипи во текот на изминатата ноќ, од 22 часот до 5 часот изутрината работеле на шест локации истовремено од крстосницата на булеварите „Словенија" со „Македонско-косовска бригада" до Шуто Оризари и на улиците „Брсјача буна" и „Бутелски венец".

– На овие локации е извршена реконструкција на шест премини под улицата „Шуто Оризари" со три приклучни цевки. Оваа интервенција ќе овозможи подобар притисок во овој дел на градот Скопје, информираат од ЈП „Водовод и канализација"- Скопје./МИА

притисни ентер