НСП бара да се донесе колективен договор за вработените во затворите и исплата на законски утврдената плата

НСП денеска обвини дека се кочи донесувањето на Колективниот договор за вработување во затворската полиција и администрација.

Независниот синдикат на полицијата денеска на прес-конференција во Скопје обвини дека се кочи донесувањето на Колективниот договор на вработените во затворската полиција и администрација од страна на, како што велат, „фантом синдикатите" без да посочат за кој синдикат се однесува тоа, а кој велат има многу мал број членови.

-Целата јавност знае кој е тој синдикат затоа што остана со мал број членови по одредени затвори кои сакаат да доминираат во одредени затворски институции и го кочат процесот на брзо донесување на европскиот колективен договор со што ќе се затвори прашањето околу тужбите и околу проблемите кои се јавуваат со години наназад. Без овој договор ќе продолжат тужбите, ќе продолжи испумпувањето на паричниот износ кој по основ на закон им следува на вработените на затворската полиција, а досега ги добивале по пат на тужби, односно на судски пресуди, рече претседателот на НСП, Гоце Делчев Тодев.

Според него, ова е првпат за 29 години на иницијатива на овој синдикат да се носи колективен догововор за вработените во затворската полиција кои се под надлежност на Министерството за правда, а со кој ќе се прецизираат одредбите од Законот за извршување на санкции.

Тој од име на синдикалните организации на девет од 12-те затвори во земјата, изрази задоволство од разбирањето што го искажала министерката за правда Рената Дескоска, која ги вклучила во работните групи во Министерството за колективниот договор. Изрази уверување дека ќе се справат со „фантом синдикатите" на кои рече, ќе им го ускратат правото да прават што сакаат, а со цел да се надминат сите негативности во однос на работата на вработените во затворите.

Горан Ристески од НС на затворската полиција и администрација при НСП, рече дека првпат биле консултурани во однос на измените на Законот за извршување на санкции кој е во сила од 29 мај 2019 година, со кој вработените добија повеќе права во делот на годишниот одмор и поголеми плати. Упати забелешка дека законот не се имплементира од страна на управата во затворите, која одбива тоа да го направи без претходно да биде донесен колективниот договор. Затоа вели, вработените и понатаму посегаат по тужби за да си ги остварат законските права.

– Неимплементацијата на законот, освен тужбени трошоци ќе сноси и последици врз квалитетот на работата на сите вработени во Казнено поправните установи и Воспитно поправни установи. Ние како Синдикат поднесовме три предлог-правилници, последниот беше поднесен пред еден месец, а тоа е правилник за распоредување и унапредување во делот на затворската полиција согласно Законот за вработени во јавниот сектор, кој се уште не е потпишан од Министерството за правда, рече Ристески.

Неговиот колега од синдикалната организација во затворот во Куманово Иво Јордановски појаснува дека разликата во плата што би ја замела вработените ако се исплаќа согласна новиот закон би била зголемна за 4000 до 7000 денари.

– Обврска на директорите е да направат нова систематизација и да исплаќаат според новите правилници за исплата од денот кога излезе Законот во Службен весник. Веќе е втора половина на август, а ние се уште не земаме плата според новиот Закон, вели Јордановски.

Џељаљ Хајдари, претседател на синдикалната организација во затворот Идризово, кој е најголем и брои 250 вработени, истакна дека досега се исплатени втори тужби на повеќе од 200 колеги, а во процес се уште 200 тужби пред надлежните судови. Причината е вели што Идризово како институција не сака да почне со исплата на плати според одредбите од Законот. Бројката на тужби, која се однесува само од вработените во Идризово, главно е за прекувремена работа, ноќна работа, степен на ризик.

Во предлог колективниот договор на НСП меѓу другото, се регулираат прашања за боледувањата и нивната испла, се предвидува вработените во затворската администрација да земаат поголема плата од 15-30 отсто, а се предлага и преземање на вработените во стопанските единици при КПУ и ВПУ во соодветната затворска институција со цел регулирање на нивниот статус согласно Законот за работни односи и обезбедување на сигурност во работниот процес. /МИА

Балетски триптих „Молитви на моето тело“ на фестивалот „Танц фест Скопје“

Ќе настапи Женскиот младински хор при МКЦ под диригентство на Сашо Татарчевски.

Во Националната опера и балет вечер од 20 часот ќе биде изведен балетскиот триптих „Молитви на моето тело“ во рамки на 20. Иинтернационалниот фестивал „Танц фест Скопје 2024“, кој е инспириран од циклусот поезија со истоимен наслов од поетот Ацо Шопов.

-Поезијата на Шопов ќе биде „прочитана“ со јазикот на танцот создаден од тројца македонски кореографи на музика на тројца македонски композитори и останатите уметници. Во формат на триптих, балетската претстава „Молитви на моето тело“ претставува 90-минутно креативно „сплотување“ на тим од тринаесет уметници, сценски пренесено од првенците, солистите и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет, соопшти Националната опера и балет.

Идејата за проектот и за костимите е на Александар Ношпал, драматург е Соња Здравкова-Џепароска, кореографи се Ивана Коцевска, Адријана Данчевска и Саша Евтимова, музиката е на Дарија Андовска, Александар Гроздановски и Александар Пејовски.

Ќе настапи Женскиот младински хор при МКЦ под диригентство на Сашо Татарчевски, сценограф е Михајло Стојановски, визуелен уметник - Флоријан Чанга од Албанија, камера и видеомонтажа на филм - Доријан Миловановиќ и мултимедија и графички дизајн - Лазе Трипков.

Пјонгјанг извршил симулација на нуклеарен контранапад

Северна Кореја денеска соопшти дека извела симулација на нуклеарен контранапад „во која учествувалe супер-големи ракетни артилериски лансери“.

Државната новинска агенција КЦНА јави дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун го надгледувал вчерашното лансирање, првата демонстрација на новиот систем за управување и контрола на нуклеарното оружје на Пјонгјанг наречен „Haekbangashoe“ или „нуклеарен активирач“.

Според Генералштабот на Јужна Кореја, Северна Кореја во понеделникот истрелала неколку сомнителни балистички ракети кон отворено море.

На Северна Кореја и е забрането со резолуции на ОН да лансира, па дури и да тестира балистички ракети од кој било дострел.

Наводните ракети со краток дострел по лансирањето полетале околу 300 километри на исток од областа околу главниот град Пјонгјанг и паднале во морето.

Во зависност од дизајнот, балистичките ракети можат да бидат опремени и со нуклеарна боева глава. И покрај меѓународните санкции, Северна Кореја продолжува да тестира ракети со нуклеарни способности и други системи за оружје. Пјонгјанг во петокот соопшти дека неодамна тестирал боева глава за стратешка крстосувачка ракета и противвоздушни проектили. /МИА

Израел го критикуваше конечниот извештај за обвинувањата против УНРВА

 Израел го критикуваше извештајот за Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА), главниот обезбедувач на хуманитарни услуги во Газа, пренесе ДПА.

Експертите задолжени за истрага на неутралноста на ОН во однос на наводите дека вработени во ОН биле вмешани во нападите врз Израел на 7 октомври препорачаа заострување на заштитните мерки во „осум критични области“.

Во исто време, во нивниот извештај се вели и дека Израел досега не доставил докази дека одредени вработени биле членови на терористички организации.

Извештајот „ја игнорира сериозноста на проблемот“, напиша портпаролот на израелското Министерство за надворешни работи Орен Марморштајн на X.

- Проблемот со УНРВА-Газа не е во неколку лоши јаболка; тоа е гнило и отровно дрво чии корени се Хамас, напиша тој.

- Хамас толку длабоко се инфилтрира во УНРВА што веќе не е можно да се одреди каде завршува УНРВА, а каде почнува Хамас, напиша Марморштајн.

- Вака не изгледа вистински и темелен преглед. Вака изгледа обид да се избегне проблемот и да не се решава директно, нагласи тој и додаде дека „УНРВА беше дел од проблемот, а не дел од решението“.

- Постојат и други решенија. УНРВА не може да биде дел од решението во Газа ниту сега, ниту во иднина, изјави портпаролот на израелското МНР. /МИА

притисни ентер