Скопје може да очекува двојно повеќе жешки денови до 2065 година

На повидок ли се неиздржливо топли лета како последица од глобалното затоплување?

Група на климатски научници и аналитичари во својата анализа „Climate Impact Lab“ алармираат на екстремно високите температури кои му се закануваат на човештвото во следните децении и дека ефектите од климатските промени веќе станува реалност.

Скопје до 2065 година може да очекува просек од 35 жешки денови. Интерактивната мапа која ја објави „Њујорк Тајм“ покажува дека до крајот на столетието во главниот град годишно ќе бидат регистрирани и до 65 топли денови со температура над 32 Целзиусови степени, што е загрижувачки податок доколку се земат предвид просечните температури години наназад.

На графиконот може да се види дека во 1960 година Скопје во просек имал 7 топли денови. Во средината на деведесеттите оваа бројка се искачила на 11, а од 2010-та година наваму просекот ќе расте постојано и драстично. За 45 години од сега, проценките се просекот на топли денови ќе се качи за три пати повеќе од моменталниот кој изнесува 16 топли денови во една календарска година.

Забрзувањето на ефектите од климатските промени целиот свет ги чувствува веќе летово, особено поради фактот што податоците на Програмата за климатски промени на ЕУ го прогласи минатиот месец за најтопол досега. Во јули глобалната температура била за 0,56 степени повисока од претходно поставениот рекорд во јули 2016.

Најтоплото лето досега во земјава било регистрирано во 2007-та а биле измерени рекордни 45,7 степени.

Аналитичките проекции се засноваат под претпоставка дека државите ќе ја намалат емисијата на штетни гасови согласно Договорот за клима од Париз.

Илјадници луѓе се собраа во салата во Лос Анџелес за да му оддадат почит на Коби Брајант

Фановите на Коби  Брајант се собраа во Стејплс центарот.

Простувањето од Коби Брајат, неговата ќерка Џијана и уште седуммината настрадани во падот на хеликоптерот на 26 јануари се одржа денес на 24 февруари во Лос Анџечес.

Во Стејплс центарот не се одржала класична комеморација туку таканаречена „прослава на животот“.

Откако Бијонсе ја отвори церемонијата, свое обраќање имаше и сопругата на починатиот Брајант, Ванеса.

Таа се заблагодари за поддршката која нејзиното семејство ја добива од целиот свет и со емотивен говор се поздрави од Коби и нејзината ќерка Џијана.

„Ве сакаме и ни недостигате, Коби и Џиџи. Почивајте во мир, забавувајте се во рајот додека еден ден не се сретнеме. Ве сакаме и двајцата и засекогаш ќе ни недостасувате, додаде таа.

Ванеса беше во брак со Коби цели 19 години.

Седумте други луѓе кои исто така ги изгубија животите во несреќата на 26 јануари се: кошаркарскиот тренер Џон Алтобели, неговата жена Кери и нивната ќерка Алиса, Пајтон Честер и неговата мајка Сара, Крисина Маусен и пилотот Ара Зобајан.

Фото: Ирина Шајк се појави фатена за рака со непознат маж

На настан од брендот „Furla“ таа пристигна држејќи се за рака со висок маж со црна коса.

Руската манекенка Ирина Шајк, каде и да се појави, предизвикува огромно внимание од фановите и медиумите, но овој имаше е дополнителна причина.

На настан од брендот „Furla“ познатата Русинка пристигна држејќи се за рака со висок маж со црна коса.

Таа неодамна изјави дека ја завршила љубовната врска со актерот Бредли Купер , но не откри дали во нејзиниот живот влегол нов маж,  па постои можност дека момчето коа се појави со Ирина можеби е токму нејзиниот нов избраник.

По прекинот на долгогодишната врска со Бредли, Ирина во целост се посвети на двегодишната ќерка, но тоа не значи дека ја запоставила кариерата. Славната манекенка работи со полна пареа, а последната ревија на која учествуваше беше ревијата на брендот „Missoni“ на актуелната модна недела во Милано.

Карма доаѓа во Европа

Претставници од Карма Аутомотив потврдија дека доаѓаат во Женева на саемот за автомобили.

Карма е стационирана во Калифорнија и сега по прв пат ќе ги изложи своите електрични модели во Европа.

Секако, Карма не доаѓа во Женева за на Европејците да им покаже што поседуваат, туку тоа е план за глобална експанзија на нивната компанија. Тие во овој момент имаат свои центри во 29 места на светот, како Франција, Шветска, Шпанија или Холандија.

Саемот за автомобили во Женева е еден од престижните настани во светот на автомобилизмот и Карма ќе ја искористи шансата да ги покаже своите луксузни модели.

„Карма е единствен автомобилски произведувач кој се работи во сопствена продукција. Имаме луѓе за дизајн, инженеринг, маркетинг, дури и луѓе кои се склопуваат и тоа се во Јужна Калифорнија“, наведуваат од Карма.

Моделот Реверо од Карма поседува 525 коњски сили и во себе има два електромотори.

притисни ентер