ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев и Костадин Костадинов се најблиски соработници со првоосомничениот во „Рекет“.

Тие го измислија, го штитеа и му даваа  поддршка во рекетарските походи. Илјадници сликања, јавни настапи и почесни титули во криминалната невладина сведочат дека Заев, Костадинов и Тредичи се заедно, до гуша во криминалот.

СДСМ треба да погледне во сопствените редови и ќе види фотографии од цела влада, сите градоначалници и половина СДСМ со осомничените за „Рекет“. И не само фотографии, туку и меморандуми за соработка со Меѓународниот сојуз на Боки Тредичи преку кој очигледно биле перени парите од рекетот.

СДСМ наместо да ја дефокусира јавноста треба да одговори, дали се вистините написите во медиумите дека чантата со рекетот преку ГПС уред е регистрирана во владата.

Каде и кај кого се завршувале милионите од рекетот кој Боки 13 и Зоки Кичеец го вршеле, кој без СЈО и Зоран Заев воопшто и не би бил можен.

Време е за одговори и одговорност. Време е за предвремени парламентарни избори и обнова на Македонија.

Две жртви во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани

Тешка сообраќајна несреќа се случи на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на ТИР зоната во Штип. Според првичните информации во несреќата животите ги загубиле две лица.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова потврди дека на овој експресен пат има тешка сообраќајна несреќа.

Таа за МИА изјави дека во тек е увидот и обезбедувањето на местото на несреќата од страна на полицијата.

Несреќата се случила околу 14.25 часот, помеѓу две патнички возила.

Саем на книга во Скопје: Само преку книгите, најмладите ќе ги насочиме на правилниот пат

Родителите и училиштето се двете најважни работи кои можат да всадат љубов кај децата за книгите, во време кога тие живеат во светот на интернетот и мобилните технологии. 

Само преку книгите, најмладите ќе ги насочиме на правилниот пат и вистинските вредности.

Ова е заедничкиот став на посетителите, издавачите и авторите на 36. издание на Саемот на книга, кој до 24-ти април се одржува во спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје.

А токму најмладите беа едни од најприсутните на саемот. Преку орагнизирани училишни посети, досега над 2.000 ученици ги посетиле овој книжевен настан.

Приказната се чита, е слоганот на овогодинешниот Саем на книга. Организаторите велат дека само на тој начин, децата можат да влезат во светот на книжевноста.

Дека интернет технологијата го одзема вниманието на децата, согласни се дел од авторите и издавачите. Нивната мисија е, додаваат тие, да им ги доближат квалитетните книги на младата популација па и преку електронски форма.

Од популарна присохологија, до македонски и светски познати автори. На Саемот на книга ќе се претстават над 60 издавачи, и ќе има повеќе од 30 промоции на книги, детски работилници, настани и дискусии.

Овој книжевен настан завршува на 24 април, чии врати се затвораат во 20 часот.

Политички профил со кандидатката за претседателка – Гордана Силјановска Давкова

Во централните вести во 18 часот денеска ќе го емитуваме профилот на Гордана Силјановска Давкова.

Во продолжение дел од профилот.

притисни ентер