Делумно ставен под контрола пожарот меѓу селата Буковиќ, Радовиќ и Ласкарци

Шумскиот пожар кој избувна претпладнето околу 10 часот на непристапен терен над скопското селото Буковиќ, меѓу селата Буковиќ, Радовиќ и Ласкарци делумно е ставен под контрола.

Со гаснење ќе се продолжи утре изутрина, пожарот е ставен под контрола, на терен ќе останат екипи и нема шанси оганот да се доближи до селата.

Избирачките места отворени навреме, гласањето без никакви проблеми

Изборниот ден почна во 7 часот изутрината, со отворање на 3390 избирачките места, а гласачите од 90 избирачки места, бидејќи се со помалку од 10, своето право на глас го остваруваат во најблиското избирачко место. Гласањето завршува во 21 часот.

Избирачките места изутринава се навреме отворени, гласањето досега се одива во најдобар ред и без никакви проблеми, информираат за МИА од Државната изборна комисија.

Изборниот ден почна во 7 часот изутрината, со отворање на 3390 избирачките места, а гласачите од 90 избирачки места, бидејќи се со помалку од 10, своето право на глас го остваруваат во најблиското избирачко место. Гласањето завршува во 21 часот.

Право на глас имаат 1.814.613 гласачи во шест изборни единици. Се гласа за 15 партии и коалиции со 1578 кандидати. Гласањето е тајно со заокружување на редниот број пред подносителот на листата.

Десеттите парламентарни избори во земјава, петти предвремени, се одржуваат под посебни услови поради пандемијата со Ковид-19. Сите вклучени во процесот задолжително мора да ги почитуваат препораките и мерките за заштита носење маска, држење дистанца и дезинфекција на рацете при влез и излез од гласачкото место.

Членовите на ДИК на вчерашната седница уште еднаш повторија дека гласањето е безбедно по здравјето на граѓаните и ги повикаа масовно да излезат и во една достоинствена атмосфера да гласаат за избор на пратеници.

Австрија забранува слетување на авиони од 18 држави, меѓу нив и од Македонија

Со цел да го запре ширењето на пандемијата од коронавирусот Австрија го проширува списокот на држави за кои важи забраната за слетување на авиони на австриските аеродроми.

Забраната ќе важи за сите држави од Западен Балкан.

Со новата уредба Министерството за здравство на Австрија ја прошири листат од 8 на 18 земји.

Од четврток на австриските аеродроми ќе биде забрането слетување на авиони од сите држави од Западен Балкан, Бугарија, Романија, Молдавија, Египет. Досега забрането беше слетување на авиони кои доаѓаат од Белорусија, Кина, Велика Британија, Иран, Португалија, Русија, Украина, и Шведска.

До крајот на јули ќе бидат укинати сите летови од Скопје, Белград, Подгорица, Сараево, Софија, Тирана, Букурешт, Тирана и Варна.

Навреме и со заштитни мерки почна гласањето во Прилеп

 Точно навреме во 7 часот се отворени избирачките места во Прилеп каде денеска своето право на глас може да го остварат 64 004 граѓани. 

Гласањето почна непречено и без проблеми со спроведување и почитување на мерките за заштита, информираат од општинската изборна комисија.

Од 142 ќе се гласа на 130 избирачки места, 12 се соединети зашто имаат под десет регистрирани гласачи. 13 избирачки места се дислоцирани за задоволување на просторните услови за безбедно гласање.

Веднаш по отворањето на избирачките места, граѓаните пристигнаа за да го остварат своето право на глас. Така беше изутрината и на петте избирачки места во прилепското основно училиште „Кире Главрилоски". Според Нада Коцеска, заменик претседател на избирачкото место 1417 едно од најголемите, каде се запишани 911 избирачи, има одзив при самото отворање.

– Точно навреме е отворено ова избирачко место. Гласачите доаѓаат и за половина час веќе гласаа 25 граѓани. Се одржува дистанца, има дезинфекција, сите носат маски и се запазуваат сите протоколи за заштита, рече Коцеска.

Во 7 часот почна гласањето во општина Кривогаштани каде се запишани 4802-јца гласачи на 13 избирачки места, во општина Долнени своето право на глас може да го остварат 11 686 избирачи на 40 гласачки места. Во Крушево се запишани 7 920 гласачи кои денеска до 21 часот може да гласаат на 22 избирачки места.

притисни ентер