Меган Фокс: Од 300 фотографии на 297 изгледам како труп

Меган Фокс, секс симбол и една од најубавите жени во светот, има проблем како и секоја просечна девојка.

Таа на својот инстаграм објави три селфиња на кои изгледа како бижица, но додека ги направи совршените фотографии, таа се изнамачила.

-Направив 300 фотографии и на 297 изгледам како реанимиран леш од египетски фараон. Успех од 1%, напиша таа шеговито во описот на фотографиите кои ги постави.

Јавно обвинителство: Нема пристигнати пријави за изборни нерегуларности

Рано утринава е пријавен настан кој се случил во 03,20 часот  во ПО Галате каде дошол претседателот на месната заедница од село Дебреше и пријавил кршење на предизборен молк од страна на две лица од село Дебреше. 

До овој момент, од почетокот на гласањето во oсновните јавни обвинителства, како и во Комисијата за следење на изборни нерегуларности и преку електронската адреса izbori@jorm.mk нема пристигнати пријави за изборни нерегуларности поврзани со настани од процесот на гласање, соопштија од Јавното обвинителство на Република Македонија.

Во текот на ноќта и предизборните денови, стои во соопштението, пристигнати се неколку известувања. Во голем дел од пристигнатите известувања не се утврдени елементи на сторени кривични дела за кои гонењето се презема по службена должности и кои се предвидени во Глава 16 од Кривичниот законик. За останатите известувања, се подвлекува, јавните обвинители преземаат дејствија во предистражна постапка за да се утврди постоењето на кривичното дело и сторителот.

– Рано утринава е пријавен настан кој се случил во 03,20 часот во ПО Галате каде дошол претседателот на месната заедница од село Дебреше и пријавил кршење на предизборен молк од страна на две лица од село Дебреше. Лицата со автомобил низ селото растурале пропаганден материјал-флаери на една од коалициите. При што биле забележани и физички нападнати од друго лице. Од настанатите повреди едно од лицата кои делеле пропаганден материјал е пренесен во Ургентен центар -Гостивар. Сите иволвирани во моментот се во ПО Галате. Се работи на расчистување и документирање на случајот, се наведува во соопштението од ЈО на Република Северна Македонија.

За овие настани, како и за сите останати информации и известувања кои евентуално би пристигнале во обвинителствата, се подвлекува во соопштението, надлежните јавни обвинители, како и Комисијата за следење на евентуални изборни нерегуларности, итно и со приоритет во работењето ќе ги преземат сите потребни дејствија за расчистување на настаните.​

По два часа гласање излезноста во Гевгелија над 10 отсто

Во изминатите два часа од отворањето на 37 избирачки места во општина Гевгелија, правото на глас го искористиле 1.926 граѓани или 10,08 отсто, соопшти претедателката на ОИК, Роберта Јанчева.

Избирачкиот процес, информира, се одвива мирно, без никакви забелешки.

До 9 часот во општина Богданци на едно гласачко место излегле 480 граѓани или седум отсто од запишаните. Нешто помала излезност е забележана во општина Валандово каде според претседателот на ОИК излезноста е 5,84 отсто, односно до 9 чаот гласале 579 граѓани на 24 избирачки места.

Излезноста, според евидентираните гласачи, е најголема во општина Дојран каде на гласање излегле околу 13 отсто или 207 граѓани на осум избирачки места.

Јавните паркинзи во Скопје денеска бесплатни

Паркирањето на јавните паркиралишта и јавните површини со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг" денеска е бесплатно.

Како што соопшти претпријатието, нема да се врши наплата зашто е неработен ден.

притисни ентер