Манастирот Свето Преображение очекува над три илјади верници

Високо над Крушево под вршник во манастирот Свето Преобаражение  верници и поддржувачи на Тоше Проески на големо вршат подготовки за големиот христијански празник Свето Преображение. 

Додека едни ги чистат манастирските конаци, во  црквата по  мермерниот иконостас за кои Тоше имаше издвоено над 46 илјади евра и беше направен по негова  желба забрзано се работи на фрескоживописот кој треба да го надополни  внатрешниот амбиент. Борис Николов Маскрачки од Благоевград  преку  реалистички стил е убеден дека  преку  дела што ги создава ќе придонесе  секој што ќе влези во овој божји храм  да  почувствува  духовен  мир. И невообичаеното поврзување на човекот со силата на ова свето место.   

-Беше една жена дојдена на служба тука и ми вели само да не ја направите црквата темна, и таа придонесе така да ова беше направено со темно злато со бакарна боја и сето тоа се избриша и повторно се преработи. Ова никој не го знае. Се преработи само за да има посветла боја има многу такви детали што човек кога ќе влези да почувствува духовно спокојство, особено кога ќе го погледне да го почувствува на душата, вели Борис Николов Маскрачи.

Од семејството Проески од манастирскиот одбор верниците и поддржувачите на Тоше се убедени дека за година целиот  комплекс ќе биде онака како што посакуваат сите. Вратите  изработени од дабово и ореово дрво надополнети со посебни уметнички елементи  од врвни македонски копаничари  и  иконите на иконостасот  веќе се дел од манастирската црква.

Утре и во понеделник  тука во манастирот Свето Преображение  изграден  по иницијатива на Тоше  на темели од црква  од 12 век се очекуваат над 3000 верници. На манастирска вечера и ручек,на заедничка прослава на големиот христијански празник Свето Преображение. Така било со години така ќе биде велат домаќините и оваа година.  

Илјадници луѓе се собраа во салата во Лос Анџелес за да му оддадат почит на Коби Брајант

Фановите на Коби  Брајант се собраа во Стејплс центарот.

Простувањето од Коби Брајат, неговата ќерка Џијана и уште седуммината настрадани во падот на хеликоптерот на 26 јануари се одржа денес на 24 февруари во Лос Анџечес.

Во Стејплс центарот не се одржала класична комеморација туку таканаречена „прослава на животот“.

Откако Бијонсе ја отвори церемонијата, свое обраќање имаше и сопругата на починатиот Брајант, Ванеса.

Таа се заблагодари за поддршката која нејзиното семејство ја добива од целиот свет и со емотивен говор се поздрави од Коби и нејзината ќерка Џијана.

„Ве сакаме и ни недостигате, Коби и Џиџи. Почивајте во мир, забавувајте се во рајот додека еден ден не се сретнеме. Ве сакаме и двајцата и засекогаш ќе ни недостасувате, додаде таа.

Ванеса беше во брак со Коби цели 19 години.

Седумте други луѓе кои исто така ги изгубија животите во несреќата на 26 јануари се: кошаркарскиот тренер Џон Алтобели, неговата жена Кери и нивната ќерка Алиса, Пајтон Честер и неговата мајка Сара, Крисина Маусен и пилотот Ара Зобајан.

Фото: Ирина Шајк се појави фатена за рака со непознат маж

На настан од брендот „Furla“ таа пристигна држејќи се за рака со висок маж со црна коса.

Руската манекенка Ирина Шајк, каде и да се појави, предизвикува огромно внимание од фановите и медиумите, но овој имаше е дополнителна причина.

На настан од брендот „Furla“ познатата Русинка пристигна држејќи се за рака со висок маж со црна коса.

Таа неодамна изјави дека ја завршила љубовната врска со актерот Бредли Купер , но не откри дали во нејзиниот живот влегол нов маж,  па постои можност дека момчето коа се појави со Ирина можеби е токму нејзиниот нов избраник.

По прекинот на долгогодишната врска со Бредли, Ирина во целост се посвети на двегодишната ќерка, но тоа не значи дека ја запоставила кариерата. Славната манекенка работи со полна пареа, а последната ревија на која учествуваше беше ревијата на брендот „Missoni“ на актуелната модна недела во Милано.

Карма доаѓа во Европа

Претставници од Карма Аутомотив потврдија дека доаѓаат во Женева на саемот за автомобили.

Карма е стационирана во Калифорнија и сега по прв пат ќе ги изложи своите електрични модели во Европа.

Секако, Карма не доаѓа во Женева за на Европејците да им покаже што поседуваат, туку тоа е план за глобална експанзија на нивната компанија. Тие во овој момент имаат свои центри во 29 места на светот, како Франција, Шветска, Шпанија или Холандија.

Саемот за автомобили во Женева е еден од престижните настани во светот на автомобилизмот и Карма ќе ја искористи шансата да ги покаже своите луксузни модели.

„Карма е единствен автомобилски произведувач кој се работи во сопствена продукција. Имаме луѓе за дизајн, инженеринг, маркетинг, дури и луѓе кои се склопуваат и тоа се во Јужна Калифорнија“, наведуваат од Карма.

Моделот Реверо од Карма поседува 525 коњски сили и во себе има два електромотори.

притисни ентер