Кичевката Емини потпиша Договор со германскиот женски фудбалски клуб „Бохум"

Седумнаесетгодишната фудбалерка Леутриме Емини од Кичево, која со родителите живее во Германија, потпиша Договор со германскиот женски фудбалски клуб „Бохум", каде ја почна фудбалската кариера.

За неа се заинтересирале и од косовскиот национален тим односно челниците на ФФК, поканата била прифатена и таа веќе има неколку настапи за Косово за тимот У-19. Емини вели дека не била контактирана од челниците на нашиот национален тим за настап за соодветната селекција на ФФМ.

– Со задоволство ја прифатив понудата за да настапам за најновата членка на ФИФА и УЕФА, селекцијата на Косово, вели Емини, која е првата кичевчанка која настапува за член на Бундес лигата за јуниори на Германија во женски фудбал. /МИА

Канал 5 во Старо Нагоричане

И денеска како и секоја изборна година екипата на Канал 5 ја пренесува атмосферата од изборниот ден во Македонија.

Во Старо Нагоричане, кумановско е Мирјана Мирчевска –Јовановиќ. Како тече гласањето во кумановско.

Целиот извештај погледнете го во видеото.

Во Велес до 9 часот излезноста 8,52 отсто

 Од вкупно 45.989 граѓани со право на глас во Велес до 9 часот на гласање излегле 8,52 отсто од гласачите. 

Гласањето се одвива на 84 избирачки места во општина Велес.

Како што информира за МИА, Лили Велковска, претседател на Општинската изборна комисија гласањето досега се одвива во мирна атмосфера и без проблеми.

Санкционирани 104 лица за неносење лична заштита на лице во изминатото деноноќие

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 104 прекршоци, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.

притисни ентер