Конкурс на британската Влада за доделување Чивнинг стипендии

Британската Влада за учебната 2020/2021 година ќе додели над 1.500 Чивнинг стипендии на глобално ниво, кои претставуваат значајна инвестиција на Велика Британија за развојот на идните генерации на глобални лидери.

Аплицирањето за стипендиите започна на 5 август и ќе трае до 5 ноември оваа година.

Чивнинг стипендиите им се доделуваат на лица кои покажуваат лидерски потенцијал и имаат одлична академска основа за школување на едногодишни магистерски студии на кој било британски универзитет.

Британската амбасадорка во земјава Рејчел Галовеј наведува дека со стипендиите им се нудат можности на амбициозни, професионални и иновативни идни лидери од сите области кои ќе студираат во Велика Британија и ќе бидат отворени кон нови можности што ќе им бидат понудени за време на нивните студии.

– Чивнинг стипендистите се стипендисти кои демонстрираат лидерски квалитети, имаат визија за иднината и во кои области сакаат да работат. Тие се дел од глобалната мрежа на 50.000 стипендисти. Нашите алумни се индивидуи кои се динамични, влијателни и со стекнато искуство кое имате можност и вие да го искусите. Тие можат да ве охрабрат, да ви бидат ментори и да ви дадат совети како и контакти пред вашето заминување на студии во Обединетото Кралство. Кога ќе се вратите дома по вашите студии ќе се чувствувате подготвени да започнете позитивни промени на професионален и приватен план. Во Македонија имаме извонредни Чивнинг стипендисти кои работат во јавни институции, граѓански, бизнис и академски сектор. Доколку се гледате како потенцијални Чивнинг стипендисти ве охрабрувам да аплицирате пред крајниот рок, 5 ноември на Чивнинг страната, истакнува амбасадорката Галовеј.

Според директорот на Чивнинг Секретаријатот, Бен Коутс, овие стипендии им овозможуваат на поединци од целиот свет да студираат на едни од најдобрите универзитети на глобално ниво.

– Чивнинг искуството може да биде неверојатно позитивно, кое ќе придонесе за позитивни промени не само за самите стипендисти, туку и за општествата и земјите од кои тие доаѓаат. Нашите универзитети промовираат критичко размислување, размена на идеи, како и надградување на вашето знаење и контакти. Од кога е започната Чивнинг програмата во 1983 година многумина кои биле дел од неа се вратиле во своите земји и станале лидери во одредени области. Јас лично сум запознал многумина и сум импресиониран од нивната страст и посветеност кон она што го изучуваат и се развиваат во врвни професионалци од различни области. Денес светот се соочува со разновидни предизвици и Чивнинг семејството придонесува кон разменување на идеи и решавање на предизвици на глобално ниво, потенцира Коутс. /МИА

Средба на Пецаков со претставниците на УНЕСКО, О.Охрид посветена на задржување на статусот

 Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков со неговиот тим оствари работна средба со претставниците на реактивната мониторинг-мисија на УНЕСКО што престојува во работна посета на земјава.

Пецаков пред членови на Центарот за светско наследство, на Меѓународниот совет за споменици и локалитети и Меѓународната унија за заштита на природата, како и на Националниот координативен тим од Македонија ја истакнал силната посветеност на Општина Охрид за зачувување на природното наследство во Охридскиот регион.

„Детално ги инфомирав за сите чекори кои како Локална самоуправа ги преземаме и со временските рамки за реализација на истите. Силно сме посветени и не отстапуваме во спроведувањето на веќе пропишаните правила за зачувување на статусот од УНЕСКО“, вели Пецаков.

Мисијата на УНЕСКО во Охрид ќе биде неколку дена, а како што посочи претходно министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, претставниците на Светската организација се тука за да ја утврдат фактичката состојба околу заштитата на Охридскиот регион на терен,со средби со претставници на сите засегнати институции и субјекти. Од мисијата на УНЕСКО ќе произлезат заклучоци според кои државата е треба да постапува во насока на заштита на Охридскиот регион и неговиот статус во УНЕСКО.

МВР: 34 санкции за прекршоци на возила кои вршат јавен превоз на патници

 Во текот на вчерашниот ден во периодот од 08.00 до 12.00 часот спроведена е акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на прекршоци на возила со кои се врши јавен превоз на патници.

При контролата санкционирани се 34 прекршоци, од кои 23 поради неисправен уред за запирање, соопшти МВР.

Упатени на вонреден технички преглед биле 181 автобус и други возила кои вршат јавен превоз на патници. За време на контролата констатирани и законски санкционирани се и 159 други видови на сообраќајни прекршоци.

Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, навремено да се проверува техничката исправност на возилата и навремено да бидат отстранети евентуалните недостатоци.

Јокиќ со нов рекорд во НБА

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ продолжи да ги поместува границите во НБА и постави нов рекорд. 

Играчот на Денвер стана првиот играч во историјата на најсилната лига на светот кој постигнал повеќе од 8.000 поени, 4.000 скока и 3.000 асистенции во период од пет години во ова натпреварување.

Јокиќ рано утрово постигна 22 поени, десет асистенции и девет скока во поразот на неговиот тим од Феникс со резултат 104:97.

Денвер е бранител на шампионскиот трофеј во НБА-лигата.

Со биланс од 51 победа и 22 порази е лидер на табелата во Западната конференција.

притисни ентер