Путин ги одликува пилотот и копилотот за безбедното слетувањето на патничкиот Ербас во поле со пченки (ВИДЕО)

Рускиот претседател Владимир Путин им го додели орденот Херој за храброст  на двајцата пилоти , кои безбедно атерираа патнички авион со 223 патници во поле со пченки.

,,Потпишав декрет за доделување на ордени за членовите на екипажот на авионот што принудно слета во близина на аеродромот Жуковски.” , рече Путин на почетокот на состанокот на Советот за безбедност.

Авионто со 234 патници и членови на екипажот на компанијата ,,Урал Ерлајнс” полета од Москва кон Симферопол на Крим. наеднаш во моторот влетале птици и предизвикале оштетување , по што пилотите морале да слетаат во поле со пченка во близина на московскиот аеродром.

Ниеден од патниците или членовите на екипажот не бил повреден. Пилотот Дамир Јусупов и копилотот Георгиј Мурзин во Русија ги слават како херои , зашто ги спасиле животите на 223 патници.

Пилотот Дамир Јусупов (41) од Сибир , кој успеа да го спушти Ербасот безбедно во поле со пченки не е типиченн пилот. Тој бил одбиен од училиштето за пилоти , по што дипломирал право , па дури потоа се преквалификувал. Копилотот Георгиј Мурзин има само 23 години и добил лиценца за пилот пред само две години.

Принцот Вилијам се врати на јавните должности, откако Кејт објави дека има рак (ВИДЕО)

Принцот од Велс денеска се врати на должноста, правејќи ги своите први јавни ангажмани откако неговата сопруга Кетрин откри дека ѝ бил дијагностициран рак минатиот месец.

Вилијам посети добротворна организација во Сари пред да се очекува да оди во младински центар во западен Лондон.

Принцезата од Велс, која нема службена должност од Божиќ, во видео на 22 март објави дека нејзината дијагноза била „огромен шок“ и дека веќе започнала превентивна хемотерапија. Ракот на Кејт беше откриен со тестови по абдоминална операција во јануари, а откритието следеше по неколкунеделни шпекулации за нејзината локација и бизарни теории на заговор кои кружеа на интернет.

Вилијам денеска ги започна своите должности со посета на Surplus to Supper, организација за прераспределба на храна, каде што се сретна со волонтери и помогна да се наполнат комбиња со храна за да се дистрибуираат до локалните групи. Тој, исто така, разговараше со готвачите за тоа како тие го премостуваат јазот помеѓу отпадот од храна и сиромаштијата со храна додека носат престилка и подготвуваат оброци.

Додека бил во кујната, волонтер му упатил на принцот неколку пораки за оздравување за неговата сопруга и татко, кралот Чарлс III, кој исто така открил во февруари дека се лекува од неодредена форма на рак. Потоа, принцот Вилијам скокна во едно од комбињата и им се придружи на волонтерите додека се возеа до Центарот Ханворт.

Палатата Кенсингтон објави дека неговите посети имале за цел „да го истакнат влијанието на заедницата и животната средина што го имаат организациите во областа преку нивната работа“. „Намалувањето на отпадот од храна има значителен број еколошки придобивки, вклучително и намалување на емисиите на депониите кои придонесуваат за климатските промени“, додаваат од палатата.

Последниот официјален ангажман на принцот беше на 19 март кога го посети англискиот град Шефилд за неговиот проект Homewards за бездомниците. Исто така, тој и неговиот најстар син ги воодушевија фудбалските фанови кога беа видени на натпреварот на Астон Вила во Бирмингем минатата недела.

Арсовска: Да, треба и важно е да пристапиме кон ЕУ. Андоновска:Апсолутната власт е корумпирана.

Носителите на листи во ИЕ 1 Данела Арсовска и Добрила Андоновска, гости во Само Вистина.

Андоновска:

Министерот за надворешни работи се фокусира наместо кон државата кон неговите гласачи. Да тргнете кон Отворен Балкан и да застанете поради лични желби или собирање поени, тоа не е во ред. Прво тргна со услов за влез во Влада да се прифатат уставни измени, па со бирање Претседател на државата во Собрание, а до крај нанкампањата ќе видиме уште колку услови ќе се постават. До сега, големите партии имаа и време и кадри да спроведат реформи, а целат само да ја припојат власта кон себе, ние секојдневно го рушиме системот. Апсолутната власт е апсолутно корумпирана.

Арсовска:

Политичарите носат политики за кои граѓаните немале можност да кажат дали се ЗА или ПРОТИВ, се носат одлуки за нешто за кое не добиле доверба од граѓаните на избори. Нашата цел е ЕУ и местото каде што природно припаѓаме и во дел на економијата и во регулативата целиме натаму. Се занимаваме со споредни работи наместо системски да си ги решиме проблемите. Сите политички елити имале триесет години да го изградат системот, едни станувале, други седнувале на фотелјата. Имаме хармонизирано законодавство, нема имплементација. Да, треба и важно е за нас да пристапиме кон ЕУ поради нашите перспективи.

УЕФА ја казни Барселона поради нацистички поздрави и расизам

УЕФА денеска ја казни Барселона со 25.000 евра (26.600 долари) поради нацистички поздрави и расистички гестови од навивачите за време на натпреварот од Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен минатата недела.

Казната дојде откако беа објавени слики од непримерно однесување на навивачите во Паркот на принцовите на 10 април.

Покрај паричната казна, УЕФА ја суспендираше и забраната за продажба на билети на навивачите на Барселона за едно гостување во Лигата на шампионите следната сезона, ставајќи ја на проба една година.

На Барселона ѝ е наложено да му надомести на ПСЖ за оштетувањето на седиштата и да плати дополнителни казни од 7.000 евра (7.500 долари).

Иако Барселона го доби првиот четвртфинален натпревар во Париз со 3-2, во вторникот беше елиминирана по поразот на домашен терен со 4-1.

ФИФА ќе започне нова антирасистичка иницијатива на својот годишен конгрес следниот месец во Бангкок, Тајланд.

притисни ентер