Камионите дел од свадбите во Делчево, град со над 500 професионални возачи

Во Делчево во летниот период се почести се несекојдневните свадбени поворки, составени во најголем дел од возачи на камиони.

Кои како дел од обичаите за „одење по невестата", ги користат своите возила со тоа што внесуваат допполнителна атракција меѓу граѓаните и случајните минувачи.

Ваквата состојба се подразбира, ако се знае дека во Делчево има над 500 професионални возачи на камиони, кои својот леб го вадат во западноевропските земји.

Како што велат дел од возачите, подобро да работат два месеца за 5000 евра, отколку за скромни примања во родниот град.

– Поради ниските примања, не само делчевци, туку и возачи од соседните градови ја преплавија Европа. Можноста да се заработи солидна плата е најчесто причината поради која голем број, особено млади во последен период се решаваат да полагаат за шофери, а потоа и да си ја средат документацијата за професионално да се занимаат со возење, велат возачи од Делчево.

Оваа појава влече свои корени и од минатото. Има многу возачи кои се дел од поранешната фирма АТШ (Авто Транспорт и Шпедиција), фирма со чии возила своевремено се извезуваше секаков вид стока од екс-југословенскиот пазар. Возачите од тоа време се пензионираа, но љубовта кон оваа професија ја продолжија нивните деца.

– Татко ми возеше камион и како мал ми останала желбата еден ден и јас да возам товарно возило. Не велам дека е лесно, да си одделен од семејството два месеца и секојдневно да се соочуваш со секакви предизвици, ни малку не е лесно, но борбата за подостоинствен живот е е пресудна, така што ќе продолжиме да го работиме она што најмногу го сакаме, додаваат популарните „шофери".

Неретко возачите од делчевскиот регион, наоѓаат сигурна работа во странство, поради што со семејствата целосно емигрираат надвор од државата. Ако седнете на кафе муабет во Делчево, еден од најчестите муабети кој може да го слушнете е како професионално да се стане возач на камион. Возачите најчесто возат со бугарски пасоши што им гарантира и сигурна работа било каде во светот./МИА.

Митрески од Струга: Младите не смеат да бидат жртви на политичари без став и без визија

„Во Струга ги реновиравме буквално сите училишта и спортски сали и изградивме три нови сали. Го реконструиравме затворениот пливачки базен, тројно ја покачивме минималната плата. “

Ги дуплиравме странските инвестиции. Ги зголемивме пензиите за над 50%, ги покачивме платите во сите сектори. Но, тоа не е доволно. Поминавме и поминуваме сериозни економски последици од КОВИД кризата, но и од војната во Украина. Затоа ни е потребна ЕУ. За побрзо да ги донесеме европските стандарди дома“, порача Јован Митрески, носител на ИЕ 5 на СДСМ и Коалицијата за европска Македонија на вечерашниот собир во Струга.

Тој нагласи дека платите и пензиите ќе растат побрзо, инфраструктурно побрзо ќе се развиваме, туристичка сезона ќе има преку целата година, полесно ќе се развива езерскиот, планинскиот и руралниот туризам, само со поддршка на ЕУ.

Митрески додаде дека е лесно со шпекулаци да будиш најдлабоки чувства кај секој Македонец за мајчиниот македонски јазик, да зборуваш за македонскиот јазик како бугарски дијалект, а притоа да не гласаш за Договорот со ФРОНТЕКС, прв договор потпишан на македонски јазик со сите земји членки на ЕУ вклучувајќи ја и Бугарија.

„Лесно е само декларативно да велиш дека си за ЕУ, а да правиш се за да не станеш дел од ЕУ. Лесно е, ама не е чесно на граѓаните да им ја крадеш иднината за мали, ситни, бедни политички поени и борба за власт. Не вреди борбата за власт ако се загрози иднината на државата. Државата мора да оди напред. Не смееме да дозволиме младите да бидат жртва на политичари без став, без визија кои освен за својата фотелја и желба за власт не мислат на ништо друго“, нагласи Митрески и додаде дека изборот е или интеграција или изолација.

Тој ги повика стружани да се обединат и да не дозволат да се вратат оние кои ја доведоа Македонија до бездна и од неа направија заробена држава.

„Да застанеме сите обединето и сложно зад планот за европска Македонија. Да застанаме сите обединето и сложно зад бројот 1.Заедно и сложно да постигнеме уште една победа за европска Македонија“,се наведува во партиското соопштение.

Одбива да плати казна за сообраќаен прекршок, зашто била напишана на македонски јазик (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се споделува видео на коешто се гледа како двајца македонски полицајци се обидуваат да излезат на крај со човек кој одбива да зборува македонски и постојано инсистира комуникацијата да се одвива на албански јазик, објави ТВ Стар.

„Тој не сака да ја прими казната за направен сообраќаен прекршок, затоа што таа била напишана само на македонски јазик.

Според објавите на Икс, најверојатно станува збор за активист на политичка партија,кој со својот мобилен телефон ја снима целата ситуација.

– Ти си македонски државјанин, мора да знаеш македонски јазик, не си странски државјанин – на културен начин и со смирен тон му вели еден од полицајците и му ја подава казната.

Најголем дел од корисниците на социјалните мрежи упатуваат поддршка до полицајците, кои, според нив, професионално си ја завршиле својата работа“, објави телевизијата.

Скокнал од опасна карпа во море, но згрешил во проценката (Вознемирувачко видео)

На социјалните мрежи кружи застрашувачка снимка од несреќата во Тенерифе кога е повреден 40-годишен турист, најверојатно Британец.

Решил да скокне од високите карпи во море, но погрешно проценил и се забил во острите карпи. По ударот паднал во вода.

По несреќата, очевидци скокнале во водата за да му помогнат на човекот, а спасувачите биле повикани на местото на настанот.

Инцидентот се случил во понеделникот, околу 14 часот, во близина на пештерата Чарко Ел Танкон на северот на Тенерифе.

На ова место животот го загубија неколку туристи, а пристапот инаку е забранет, пренесува Експрес.

Како што е познато, лекарите констатирале сериозни повреди на долните екстремитети, а моменталната состојба на мажот не е позната.

притисни ентер