Томор Морина пречекан со тапани во родната Ѓаковица

Поранешниот припадник на ОВК, Томор Морина, кој вчера беше ослободен од притвор во Македонија, со тапани беше пречекан во родното Ѓаково, објави приштински „Газета Експрес“.

Весникот пренесува дека Морина по излегувањето од скопскиот затвор во Шутка го пречекале претставници на амбасадата на Косово во Скопје, членови на семејството и пријатели со музика.

 Морина беше ослободен вчера по одлука на Врховниот суд во Скопје, кој потврди дека не се исполнети условите Морина да и биде испорачан на Србија.

 По министерката за правда, Нела Кубуровиќ, со остра реакција синоќа се огласи и министерот за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ, според кого, одлуката ја поткопала суштината на меѓународното право.

- Не може да постои оправдување за тоа некој, кој е осомничен за воени злосторства против човештвото, да биде пуштен на слобода, наместо да одговара за смртта на многу недолжни луѓе, изјави Стефановиќ.

притисни ентер