Пожари и натаму ја пустошат Грција

Грчките власти продолжуваат да се борат со бројни пожари, a  и натаму, најлоша е ситуацијата на островот Евиа, пренесуваат медиумите.

Во природен резерват на вториот по големина грчки остров, пожарот пустоши трет ден и е распален од силниот ветер.

Изгорена е површина од 28 квадратни километри. Чадот стигна до главниот град Атина, а стотици луѓе беа евакуирани.

 250 пожарникари, 75 возила, 9 хеликоптери и 7 авиони се борат со огнениот елемент.

 Во операцијата  се вклучени освен   пожарникари, заедно и  војската и волонтерите, помогнати од авиони и хеликоптери.

 Премиерот Мицотакис им честиташе и нареди итна проценка на штетата за да се утврди обесштетување на жртвите.

притисни ентер